Број 3430  петок, 12 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Јелена Карлеуша

Родена сум со дефект

Јелена Карлеуша, една од најпопуларните и најконтроверзни српски пејачки, ја отвори душата пред македонските новинари на вчерашната прес-конференција во Скопје што се одржа по повод нејзиниот концерт „All about Diva“, закажан за 20 ноември во салата „Борис Трајковски“.

„Во Скопје ќе ги дадам и душата и срцето, да се исплати и последниот денар даден за влезница. Сто отсто сум сигурна дека ќе ја воодушевам македонската публика“, порача самоуверено Карлеуша, која на пресот се појави во бело мини-фустанче и големи очила. Расположена за разговор, призна дека е родена со дефект - вистината да излегува неконтролирано од неа. „Луѓето на естрадата малку се плашат. За разлика од нив, јас секогаш го кажувам тоа што го мислам. Најшокантно е што ја зборувам вистината“.

Карлеуша проговори и за вечната ривалка - Цеца. Рече дека е невозможно да сними дует со неа и дека двете се наполно спротивни. „Ние сме црно и бело, јас секако сум белата“. За сопругот, фудбалерот на „Црвена ѕвезда“, Душко Тошиќ, објасни дека е седум години помлад од неа и дека е предност да се има млад маж. „Навреме ја фатив таа глина и ја обликував. Да имаше 30 години, ќе биде предоцна“. Јелена призна дека македонските пејачи се многу подобри од српските, но и дека се малку подзаспани... Контроверзната пејачка се смири на прашање врзано за Тоше Проески со кого призна дека биле многу блиски, а се запознале во Грција. „Се' уште не сум била на неговото вечно почивалиште. Ќе бидам искрена - не сакам гробишта и не сакам да одам таму. Јас луѓето ги држам во срцето“.

Скопскиот концерт на Карлеуша е во организација на „Јованов рекордс“ и „Топ-мјузик продукција“. (К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 2625 пати.

Испрати коментар

Од: nikola
Датум: 12.11.2010 12:36:27
do koga ke ne voodusevuvaat licnosti od drugu drzavi? Sto tolku, se kreva olkava fama, ne mi e jasno ? I nie si imam uste podobri i podobri ? Zosto go populazizirame nekoi koi ne ni se nikoj i nisto ??? Vnimavate malku, MNOGU SRBIZMI IMAME VO MAKEDONSKIOT JAZIK, JA GAZIME VERBATA NA MISIRKOV, ZA MAKEDONSKIOT NAROD I NACIJA ! Iskreno Nikola
Од: franc
Датум: 12.11.2010 13:05:22
aaaalllloooooooo nikola ne mesaj muzika i politika, do kade ti odi pisuvanjeto, pisuvas za misirkov i jelena karleusa, hahahahaha.........ako ti se ne slusa karleusa, ne ja slusaj, odi slusaj ja na primer mitra, persa, ubavka, mirka sto se dirka, imas navistina pregolem izbor....neli?
Од: k2
Датум: 12.11.2010 13:24:57
Koja e ovaa zena i sto mi e gajle sto misli
Од: sladj
Датум: 12.11.2010 16:09:57
@k2, ocigledno tebe, stom si procital i ostavil komentar. relaksirajte se be narode, na koj ne mu se slusa, neka ne odi i ne slusa..imate Majski Operski Veceri..recitali, denovi na knigata..pa odete..ima za sekoj po nesto. Relax, petok e!
Од: Djoko
Датум: 12.11.2010 21:24:05
So takvi "patrioti" kako Nikola daleko ke stigne Makedonija.Zatvorete se vo Makedonija i sami ziveete.Tesko na nasiot narad so takvi luge,no da se nadevame deka eden den i oni ke sfatat deka nemozat sami.
Од: Rade
Датум: 13.11.2010 04:18:58
Koj Nikola si ti be nepismen eden sto pisuvas gluposti ili sakas da mislime deka si golem patriot .Zarem ne znaes kolku nasi peaci pa i od site drugi kulturno prosvetni granki odat na sekade po svetot iako site ne go znaat Makedonskior jazik pa gi posetuvaat nivnite nastapi.Toa se vika KULTURA NIKOLA da znaes i poveke da ne treses gluposti

Најди! во Утрински
Насловна
Фронт против Европа
Каде се Дарко, Дане, Мирсада и Митат?
Тиквешански
Прст кон Маневски
Каменица тагува за младиот рударски инженер
Светот ќе се соочи со недостиг од чоколада
Банките играат на сигурно
Деби на Трпчески во Карнеги Хол
Инспектор тепал притвореник со клоци
Тапијата на Насредин оџа
Розовите заминаа - Алфа си останува Алфа
Трговија со човечки органи во Косово
Операција Кетман
Мајчинството сосема ме омекна
Црвен тепих за граѓаните во Владата
Стил
Криза






Hungarian government considers voting rights for expats
Freedom of expression threatened in Macedonia
Putin leaves Bulgaria with a gas deal and a new puppy