Број 3430  петок, 12 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Банките играат на сигурно

Соња Маџоска

„Ако не сте банкари, глупи сте“, вака пишуваа неодамна странските медиуми откако Дојче банк објави дека одвоила доволно пари за да им исплати по 285.352 евра на секој од 16.194 вработени во корпоративните и инвестициони банки.

Можеби овие суми не важат за нашите банки, но, сепак, е добро познато дека банкарите се меѓу најплатените во земјава и тие се во многу подобра кондиција од фирмите.

Ако го слушате бизнисот, тие ќе ви речат дека домашниот банкарски систем е конзервативен и за нив важи девизата „без ��олем ризик до сигурна добивка“. Ова особено е поттикнато од фактот што годинава заштитен знак за банкарското работење е што тие не се впуштаат во големи ризици, но затоа соборуваат рекорди, купувајќи записи. Замислете кај ќе ни беше економијата ако половината милијарда евра што стојат замрзнати во записи во централната банка се пуштат во стопанството.

Но, за ова вината треба да се бара и кај банките и кај фирмите.

Ако ги слушате, пак, банкарите, тие ќе ви кажат дека годинава кризата особено со чувствува кај фирмите, економијата стагнира, па затоа кредити има, ама само за компаниите што добро работат. Тие се правдаат дека не може фирмите да добиваат повеќе кредити од тоа што има моментно, бидејќи во тој случај компаниите би биле повеќе кредитирани од она што го дозволуваат нивните биланси.

Банкарите постојано потенцираат дека фирмите не нудат издржани проекти, се плашат да влезат во нови инвестиции, а заеми се бараат само за преживување, па дури и за исплата на плати. И додека банкарите ја префрлаат вината кај стопанството, бизнисот, особено малиот, прв пат годинава влезе во отворена војна со нив.

Минатата недела претседателот на Сојузот на стопански комори, Златко Калеников, ги обвини дека се лихвари и дека работат во спрега само со големите компании, кои наедно се и членови во нивните управни одбори. Банкарите мудро молчат за овие обвинувања. Се огласи само гувернерот Петар Гошев, кој беше повикан да демантира дека централната банка не е дел од таа спрега. Тој порача дека спрегата треба да се бара на друго место. Стопанствениците отворено побараа од гувернерот да ги ограничи аукциите на благајнички записи, бидејќи така банките наместо да ги чуваат парите на сигурно, ќе ги пласираат како кредити. И власта и експертите годинава јавно вршеа притисок да се направат промени во монетарната политика, но гувернерот не се дава, суверено не прифаќа некој да му се меша во неговиот двор.

Можноста банките неограничено да инвестираат на сигурно во благајнички записи добро им дојде годинава. Последната аукција во средата ги надмина сите очекувања. Неверојатни, близу 180 милиони евра собра Народна банка на Македонија од банките за само еден ден, што претставува, всушност, своевиден рекорд во последните осум години, односно од денот на воведувањето на овој монетарен инструмент.

Ова покажува дека банките како никогаш досега вријат од пари, а и' веруваат најмногу на централната банка. Банкарите не ги премислува ниту ниската камата, која по неколкукратно намалување годинава е сведена на четири и пол проценти. Згора на се', годинава банките мака мачат и да си ги наплатат ратите. Секој десетти кредит е нефункционален.

Банките личат и на агенции за недвижен имот, па продаваат подвижен, недвижен имот, па и цели фабрики и хотели на лицитација. Според банкарите, не само фирмите, туку и граѓаните се потешко ги враќаат станбените, потрошувачките и автомобилските кредити, а особено тешко се покриваат минусните салда на картичките. Ако е за утеха, не ги критикуваме ниту банките ниту, пак, фирмите, но за да тргне економијата напред, очигледно е дојдено време и едните и другите да преземат похрабри чекори.


#
Статијата е прочитана 901 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 12.11.2010 13:03:40
Ako ovie pari se pustat vo stopanstvoto, gazdite vednas ke si kupat dzipovi, koli i drugi luksuzi. Potoa ke baraat drzavata da im gi vrati kreditite. Bankite se veke stranski, i pari tuku taka veke ne davaat, pogotovo ne na dokazani propaliteti koj izigravaat biznismeni pod drzavna protekcija. Inaku krediti ima, samo nema ponudi za razvoj i rabotenje.
Од: Marko
Датум: 12.11.2010 13:46:25
И банките се водат од бизнис интереси и добивка. Не треба тие да се грижат за подобрување на бизнис климата на свој грб. Секој добар бизнисмен (и банкар) ќе ги вложи парите каде што му е најсигурно, наместо кај некој кој нема да има од каде да му ги врати. Зошто бизнис заедницата ги критикува само благајничките записи и бара нивно ограничување ? Зошто Калеников не го натера Ставревски да престане да издава државни записи (ем се задолчува постојано, ем ги зема парите од банките кои можеби ќе завршат кај стопанствениците). Или не знае или не смее.

Најди! во Утрински
Насловна
Фронт против Европа
Каде се Дарко, Дане, Мирсада и Митат?
Тиквешански
Прст кон Маневски
Каменица тагува за младиот рударски инженер
Светот ќе се соочи со недостиг од ��околада
Родена сум со дефект
Деби на Трпчески во Карнеги Хол
Инспектор тепал притвореник со клоци
Тапијата на Насредин оџа
Розовите заминаа - Алфа си останува Алфа
Трговија со човечки органи во Косово
Операција Кетман
Мајчинството сосема ме омекна
Црвен тепих за граѓаните во Владата
Стил
Криза






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry