Зошто власта по секоја цена сака да се скара со Брисел?
Слободанка Јовановска
Листата на непријатели на Македонија почна опасно да се проширува, па по извештајот на ЕУ, на неа се најдоа не само евроамбасадорот Ерван Фуере, туку и Европската комисија. Деновиве писмо до ВМРО-ДПМНЕ испратил и известувачот Зоран Талер, барајќи да престанат да му отвораат фронт, поточно да праќаат СМС-пораки во Словенија со кои го клеветат дека застанал зад грчките интереси во спорот.
На „Фејсбук“, кој стана главен медиум за клеветење, портпаролот на Владата, Мартин Мартиновски, вчера ширеше навреди и потсмев за амбасадорот на ЕУ и покрај предупредувањето од претседателот на Унијата, Херман Ван Ромпуј, дадено во Скопје да престанат да го малтретираат Фуере и сличната реакција од Комисијата. Прашањето што се наметнува е зошто власта по секоја цена сака да се скара со Брисел еден месец пред одлуката на Европскиот совет за препораката, па ги одвраќа од Македонија токму оние кои останаа последни што се обидуваат да помогнат и амбасадорот Фуере, кој и онака веќе е на списокот за заминување од земјата.
Според извори од Брисел, и европратеникот Едуард Кукан при последната средба со делегација од Македонија барал властите да престанат со притисоците врз парламентарците и функционерите на ЕУ, бидејќи тоа однесување е катастрофално за интересите на Македонија.
Освен Бернард Поселт и Чарлс Танок, кои имаат блиски односи и интереси со ВМРО-ДПМНЕ, сите други кои се препознаваа како промакедонски настроени парламентарци кренале или се на пат да кренат раце, исфрустрирани од притисоците што ги трпат од Македонија.
Зошто, и покрај сето ова, ЕК ни даде препорака за преговори? Според оцени во Брисел, ЕК знае дека, дала препорака или не, спорот нема да биде решен годинава, а вака не се става во ситуација да објаснува зошто повлекува оценка што еднаш веќе ја напишала во документ. Некои оцени одат и подалеку, во смисла дека интересите на оваа Влада и на неколку земји-членки кои не сакаат проширување се поклопуваат, бидејќи и на едните и на другите им одговара одолжувањето на процесот.
Тие ги отфрлаат како фраза најавите од еврокомесарот Штефан Филе дека, ако треба, тој и претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, ќе се вклучат и ќе помогнат околу преговорите за името. Според овие извори, Филе тврдел дека преговарачкиот процес во ОН е доволен и дека најдобро може да се реши со билатерални контакти, став што ги збунува сите, бидејќи освен во македонскиот, нема спор на Балканот во кој на некој начин не е вмешана ЕУ во моментов. Така е во спорот внатре во БиХ околу спорот за статусот на Косово и во тој меѓу Словенија и Хрватска. Изјавата на Филе дека, сепак, би помогнал се сфаќа како обид да се даде некаква фиктивна надеж на тие што притискаат Брисел да се вклучи во оваа драма со Македонија. Пречка да се вклучи ЕУ во спорот, според овие оцени, е и премиерот Груевски, кој сметал дека исходот од тоа би бил премногу неизвесен, односно не и' гарантира победа на Македонија.
Случајно или не, известувачот Зоран Талер вчера испрати писмо до медиумите во кое вели дека „е дојдено времето да се размисли за некаква арбитража за да се реши спорот за името“. Според него, во сечиј интерес е Македонија „да стане економски просперитетна земја, која целосно ќе ги почитува слободата, човековите права, демократијата и владеењето на правото“.
Притоа, тој му се обраќа и на Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ, кој само неколку дена претходно му изразил „длабока благодарност за неговите напори за евроинтеграцијата на Македонија“. Пред само два дена, сите од власта тврдеа дека извештајот е објективен, а кога се соочија со забелешките, продолжија да „пукаат“ по Фуере и по ЕК за неименување на јазикот, практика што им беше позната на сите од пред четири години. Минатата година тоа беше и официјализирано во упатството на ЕУ за користење имиња на држави и придавки и, иако го објави тоа „Утрински весник“, никој од власта не излезе да реагира, а не, пак, нешто да смени. (С.Ј.)
Pretsedatel Ivanov treba da znae deka ne se raboti samo za krshenje na chovekovite prava! Se raboti pred se za krshenje na INHERENTNITE prava na edna drzhava, ponatamu krshenje na osnovnite prava na drzhavata chlenka vo OON, a pred se pravoto na pravnata ednakvost vo chlenstvoto i principot na nediskriminacija!! Pochituvan Pretsedatel Ivanov trebashe da prasha da li evropskiot diplomat znae za ultra vires akti pri piriemot na RM vo OON (Rez. na SB 817 i na Rez. GS 47/225, vo koj se vklucheni nelegalnite dopolnitelni uslovi.)!
Од: tihi
Датум: 12.11.2010 12:40:56
Istite tie sto ni ukazuvale uste od 2006 deka ne se upotrebuva zborot makedonski vo izvestaite na E.U.Istite tie tolku vreme i ne ubeduvaat deka se rabotelo samo za imeto na drzavata.I sto treba jas da razberam od seto toa i do kakov zaklucok da dojdam.Osven "lud j... zbunjenog.
Од: filozof
Датум: 12.11.2010 12:44:04
Makedoski vozduh disheshe,makedonsko mleko pieshe,na makedonska pocva izrasna,no sepak ja mrazis Makedonija,lele mome Slobodanka do koga vaka!!
Од: македонец
Датум: 12.11.2010 13:01:48
Абе едно нешто не ми е јасно.... до кога ќе се улизуваме ние на странски политичари, и до кога ќе мислиме дека тие се најубавите, најискрените и најпаметните луѓе? И до кога ќе мислиме дека во политиката постојат пријатели, а не корист и определени интереси?????? А, ќе ми каже некој?!?!?!??!
Од: јасен
Датум: 12.11.2010 13:02:28
На Европа и е тотално јасно дека оваа влада не сака членство на Македонија во ЕУ од јасни причини - со тоа локалните лопови и феудалци ке ги изгубат привилегиите кои ги стекнале на нечесен начин.
Од друга страна во ЕУ се упорни, пред се во интерес на граѓаните, едноставно им е жал за граѓаните во оваа земја кои живеат во мрак. Се ќе се расчисти еден ден и некои ќе мораат дебело да одговараат.
Од: apologet
Датум: 12.11.2010 13:04:05
za site postaveni prasanja obratete se za odgovor na kreatorite na javnoto mislenje na vlasta: latas,mirka...
ipak ne mozeme da ja sfatime omrazata i zlobata koja pretendira vlasta da ja instalira kako drzavna politika.
Од: Boshko
Датум: 12.11.2010 13:10:17
Vinovnik ne barajte kaj Evro pratenicite, tuku vo ON
Од: Marko
Датум: 12.11.2010 13:14:07
Ова веќе е видено и последиците се знаат (во 2001 на Георгиевски сите кои го критикуваат му беа сите непријатели, и во МК и надвор од неа). Се надевам нема и сега да бидат исти последиците.
Можен одговор на прашањето во под-насловот е дека ако сме скарани со сите, ќе живееме во изолација, а во изолација полесно се владее. Изолацијата носи филувани информации и полувистини со кои лесно се замајува домашната јавност. Колку поголема изолација, толку помалку критики однадвор.
Од: mihajlo
Датум: 12.11.2010 13:38:46
Ne znam zasto tolku trevozenje i frustracii po odnos na nekoj si izvestaj od nekoja si zaednica na narodi.Pa vi se molam i nie na ova parce zemja so cca dva miliona stanovnici sme zbirstina na narodi smetajci od 2001 godina so promena na Ustavot i porazot na makedonceto vo vojnata so albanceto.I sega stanal nasiot Ivanov-Precednikotde,i go povikal onoj so brada ama bez kosa,koj bil GOLEM prijatel na Makedonija( idna Ilirija),da go kara zasro nasiot jazik se narekuval vo nivniot izvestaj kako drzaven jazik.Pa ti se molam Pretsednice,vo ustavot stoi deka vo Makedonija ima dva drzavni jazici )(makedinski i albanski) a oni pisale samo eden.Zatoa mi e cudno zasto albancive ne se bunat,bidejci koj tvrdi deka samo makedonskiot e drzaven.Tokmu taka ,albancite se svesni deka drzavniot jazik koj se spomenuva e albanskiot amakedonskiot e na etnosot koj se narekuva makedonski etnos( spored ustavot de).E makedonce do kade stasa i Ti posle pak baraj ja Evropa.Mozes da ja baras ama vo TVOE ime no ni
Од: ЈАСНО Е КАКО ДЕН
Датум: 12.11.2010 14:03:53
Затоа што јас како човек дел од народот сакам да и кажам на Европа да не ја подржува Грција т.е да има толкава солидарност да не не признава како народ тоа се гледа што неможеле да ја натераат Грција да прикочи малку или Бугарија да не го признава ОМО Пирин . Значи јас како народ сум згрозен од Европа значи е нормално мојата народна влада да го почитува својот народ. Така е и за јазикот. Да престанат да играат со малите народи.
Од: martin
Датум: 12.11.2010 14:34:01
pa normalno e dpmen kako partija sto vo svoja osnova go ima srbokomunizmot i jugonostalgijata da bide protiv vlez vo evropa nato i protiv demokratiziranje na makedonija pa tie od dpmne se za vlez na makedonija vo srboslavija i za taa cel se spremni da ja rasparcat nasata makedonija i zaradi toa se vrsi antikvizacija na makedonija
Од: Паце
Датум: 12.11.2010 17:19:00
Можеби за водење на држава не се кадарни (тоа го видовме) ама за карање - мора да им се додели златен медал на преродбенициве!
Од: Трпе
Датум: 12.11.2010 17:42:06
Ако треба и корење ке јадеме и животот ке го дадеме ,мора да опстои на власт ДрпниПрисвојМатиНатовариЕмигрирај.Ако треба и војна на светот ке му отвориме,зарем не сме чеда на Алерксандар Големиот.Самите сме виновни што дозволивме деца да не водат во провалија.Децата се задоволни и со едно слабо двојче,важно е да не не кара мама за единици.Мора мама да не ни забрани убав ноќен живот.Резерватот во кој живееме ни е супер.Уште очите да ни ги извадат,само на еден од сто по едно око да му остават,пак ке бидеме задоволни нели сме си патриоти.И Хитлер сакал цел свет да биде негов но знаеме што му направи на сопствениот народ.Убаина нема што.Мали сме ама касаме како оси.Бравоооооо
Од: јас
Датум: 12.11.2010 17:49:54
Портокалови коментаторчина, платени со наши пари!! СВАТЕТЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕ Е УНИШТУВАНА ОД НАДВОР!! Доволно е што го имаме овчарот и неговата погубна политика..Тој и неговите компањони ќе си ги спакуваат торбите и куферите ( ако пред тоа некој не им ги спакува за Идризово ) и ќе ја скубнат ..Сите вие ќе останите со прстот в уста исто како што останавте со „вашиот војвода„ 2002та.Воопшто не ми е гајле за вас , ами за останатаите кутри македонци , кои ни криви ни должни го добија цунамито „груевски “ .Овчарот виде дека ја изгуби битката со ЕУ , па сега на секој начин се труди да и ’ створи на Македонија ШТО ПОГОЛЕМИ НЕПРИЈАТЕЛИ , така да и оние кои ќе дојдат после него , ДА НЕ МОЖАТ ДА ЈА ОПРАВАТ РАБОТАТА!!!
Од: nacional-patriot
Датум: 13.11.2010 04:14:17
Procitaj go vnimatelno ramkovniot dogovor Mihajlo.Samo Makedoncite imaat status narod,a zaednicite imaat status del od narod,a toa ne e status narod,tuku delovi od tie sevkupni narodi vo svetot.Sluzben jazik na celata teritorija na Makedonija e samo makedonskiot i nikoj drug jazik ne e izednacen so makedonskiot vo Makedonija.
Од: Од Мене до Вас
Датум: 13.11.2010 08:46:28
Можете да се вреѓате и понатака, но вистината е една. Македонците, предавници се за промена на име и идентитет по секоја цена. Другиве пак како волови застанаа пред границата со ЕУ и не се мрдаат од идејата да ја срушат границата со сила и без памет. Ни едната страна - предавниците ни воловите не сакаат да работат и соработуваат со земјите надвор од ЕУ и да оставруваат трговска размена. Само работа и капитал ствараат стабилна држава - без продавање нација и молење на колена. Но вашите умови се ограничени да сватат дека треба да се работи. Одсекогаш сте биле со тенденција на сите да им продавате памет како тие треба да се однесуваат и што да прават со нивниот капитал.
Од: makedonka
Датум: 13.11.2010 09:50:27
Nas Evropa ni objavi psiholoska vojna.Znaat site deka ako nekoj vi opcue majka mnogu boli,a kamoli da ja siluvaat.