Под услов и кудењето да се смета како реклама, макар таа била и лоша, целиот кабинет на премиерот Никола Груевски има многу причини да му биде љубоморен на најстариот меѓу нив. Mинистерот за правда, Михајло Маневски, е единствениот член на извршната власт, кој со име и презиме „заслужи“ да се најде во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.
Европа не штедеше зборови кога е во прашање судството, но и нашиот агилен ресорен министер. Генералната оцена за третата власт е дека постои ограничен напредок во оваа област. Се критикуваат неконзистентната судска практика, ефектите од борбата против корупцијата, тоа што обвинителите се отсечени од Интернет, судиските разрешувања без јасни критериуми, големиот број предмети... Но, има ли појасна порака кога ќе се каже дека „улогата на министерот за правда во Судскиот совет отвора сериозна загриженост за мешање на извршната власт во судската“. Тоа не е ништо друго освен директно вперување прст во оној што се смета дека е закана за независноста и самостојноста на судството.
И не е ниту страшно ниту чудно тоа што Маневски си ги толкува работите како што му одговараат. Глув е за изнесените критики, а на забелешките одговара онака како што му одговара. И продолжува да ја бомбардира јавноста со бројки за реновираните судници и затвори, за бројот на донесени закони, за информатичката технологија во судството.
Нема човек во Македонија кој не сака да го дознае одговорот на наједноставното прашање. Со што Маневски го задолжи Никола Груевски за да го смета за „незаменлив“? Дури и тогаш кога сите му велат дека најголема реформа во судството е „реформирањето на министерот“, кој излезе дека е човек за сите времиња и системи.
Jas voopsto ne go sakam ovaj m"metuzalemski" reformator na sudstvoto, no za volja na vistinata. za toa sto Ministerot e clen na sudskiot sovet treba da ja prasate poranesnata ministerka Mladenovska , bidejci toa bese ne4jzin predlog.
Од: VB
Датум: 12.11.2010 13:47:28
Маневски е критикуван за влијанијата во судскиот совет иако предложи судски совет БЕЗ членување на министер (што опозицијата НЕ го прифати)???
Од: Mite
Датум: 12.11.2010 14:27:43
pa nemoze Vlasta da odgovara za Sudstvoto i duzina slakanici sto se dobivaat od Strazbur. Problemot na Nezavisnoto i nikomu odgovorno sudstvo go ima i vo Hrvatska, samo sto tamu barem mediumite smeat da komentirat presudi, pa ima barem javna osuda za korupcijata i nestrucnosta... no sekako, pravosudstvoto ke bide golem problem; na celiot zapaden balkan
Од: Ицо Најдовски Перин
Датум: 12.11.2010 15:36:19
За способноста на Михајло Маневски е најзаслужно Титовото образование. Човекот е способен и опстојува во сите времиња, пионерско, титова младина, титов студент, титов правниик и сега искусен Министер во плуралистичко општество!!??