Број 3430  петок, 12 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Розовите заминаа - Алфа си останува Алфа

„Пинк не можеше да ја прифати понудата и да ги исполни условите што се бараа“, изјави првиот човек на телевизијата, Младен Дамев

Светлана Унковска


Само еден ден пред да стартува најавениот нов програмски концепт на ТВ Алфа и нејзиното преземање од српската ТВ Пинк, двајцата сопственици Штерјо Наков и Жељко Митровиќ го растурија договорот за купопродажба на оваа скопска телевизија. Кога се' беше извесно дека од денеска треба да почне емитување на новата програмска шема и дека Митровиќ ќе биде стопроцентен сопственик на телевизијата на Наков, завчера доцна вечерта во јавноста проструија информациите дека од договорот нема ништо, бидејќи двајцата сопственици не се договориле околу парите.

Неофицијално дознаваме дека програмското раководство на ТВ Алфа завчеравечер било свикано на состанок со директорите и веднаш по завршувањето на средбата околу 20 часот, низ телевизијата се пренела информацијата дека Наков и Митровиќ го поништиле меѓусебниот договор.

Вработените го прифатиле ваквиот епилог со голема радост и одушевување и, како што коментираат некои од нив, им паднал камен од срце, бидејќи Алфа си останува Алфа. Информациите меѓу нив биле дека од Пинк планирале целата програма да тече од Србија, а тука само да се титлува, поради што многу од нив се плашеле дека ќе останат без работа.

Сопственикот Наков вчера не коментираше за причините зошто не се реализира договорот. Тој само не' упати за „се' што сакаме да дознаеме, да го прашаме генералниот директор на Алфа, Младен Дамев“.

„Договор меѓу Алфа и Пинк не беше постигнат. Она што можам да кажам е дека се работеше на преговори. Очигледно Пинк не можеше да ја прифати понудата и да ги исполни условите што се бараа и секој си продолжува со својот пат“, ни изјави првиот човек на телевизијата, Дамев. Тој ги отфрли како неосновани шпекулациите што се пренесоа во јавноста дека причина за растурање на договорот се влијанија на одредени опозициони партии. А шпекулациите беа дека, наводно, „високи партиски личности на СДСМ, преку одредени притисоци, го убедиле Наков да се откаже од продажбата на телевизијата“. Вчера и од оваа партија ги отфрлија ваквите информации како неосновани.

„Самиот факт што прв пат од вас ја слушаме оваа информација покажува дека не сме имале никаква врска ниту со претходната одлука за продавање ниту, пак, со оваа одлука. Посебно поради тоа што се работи за бизнис-релации и одлуки на приватни компании“, велат од СДСМ. Ваквите шпекулации ги отфрли и директорот на Алфа. „Не станува збор дека која било политичка партија вршела притисок врз нас да не ја продаваме телевизијата. Тука се во прашање бизнис-интереси, и единствено за што не се договоривме се парите. Митровиќ не беше подготвен да ги исполни обврските, а со тоа и понудата што му беше дадена“, вели Дамев.

Сепак, газдата на Пинк, кој се' уште е во земјава, не се откажува од планот да купи телевизија во земјава. Вчера тој бил и во Советот за радиодифузија, каде што со претседателот Зоран Стефановски разговарал дека има сериозни намери да купи телевизија во Македонија.

„Разговараме со Митровиќ за можноста за инвестирање во некоја од овдешните телевизии, бидејќи неговите намери се многу сериозни. Тој не' информира за тоа што се случило со Алфа, но моментно е во преговори со други телевизии“, ни изјави Стефановски, кој не сакаше да открие за која телевизија станува збор. Сепак, дознаваме дека Пинк има намера да ги продолжи преговорите за купување на телевизијата К-15. И самиот Митровиќ во интервју за српски медиум пред повеќе од еден месец откри дека сака да ја купи К-15. Преговорите биле одложени поради тоа што во меѓувреме се отворила можноста за купување на Алфа како пореномирана телевизија, за што ��итровиќ покажал големо интересирање и затоа ги замрзнал разговорите со К-15.


#
Статијата е прочитана 3080 пати.

Испрати коментар

Од: AK
Датум: 12.11.2010 12:14:05
Fala bogu!!!:)
Од: ivana
Датум: 12.11.2010 12:21:47
Ada ja kupi MRTV i da ni go resi gorliviot problem na graganite da plakaat pretplata ke mu bidat blagodarni i ke go gledaat togas site PInk i grandsou.
Од: trajan
Датум: 12.11.2010 12:33:43
ova e super vest. Navistina ne sakam Alfa da stane Pink, samo poradi programata na Alfa(najdobar sport, objektivni vesti, Olivera). Inaku nemam nisto protiv Pink, zasto da ne , neka vleze na nashiot pazar, samo ne Alfa, ete moze Sitel na primer, :))))taka taa tv nikogash ne ja gledam.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 12.11.2010 12:34:15
Super - Alfa si ostanuva Alfa !!! :) Edinstvenata urbana televizija vo zemjava.....
Од: boris
Датум: 12.11.2010 12:36:43
Можеби на Алфа ТВ немаше да и' се промени програмскиот концепт од како ќе беше купена од Пинк групацијата, но сепак, мило ми е што остана наша и ја обожавам поради дигнитетот,културата и сериозноста што ја има како медиум!
Од: Пинк
Датум: 12.11.2010 13:06:09
Добро би било „ Пинк“ да го купи „Сител“.На тој начин би се исполниле две цели: „Пинк“ ќе влезе во Македонија,а Латас и Ивона Талевска ќе бидат уредници на „Пинк“!
Од: ja
Датум: 12.11.2010 13:19:20
Bravo Sterjo Alfa e najdobrata televizija so najdobra programa,sport,najobjektivni vesti.
Од: Stojna
Датум: 12.11.2010 14:17:09
Ma toj Mitrivic neka kupuva vo Srbija,ovde ne ni treba srpska televizija, nitu pak drzavata treba toa da go dozvoli. Dosta ni se Sitel i kanal 5, na koi programata kako da im e pravena vo Srbija. Ne udavija so srpski filmpovi, emisii i nasi emisii so srpski zvezdi sto ne znaeme dali sme vo Srbija ili Makedonija. Plus srpski turbofolkeri sekoj den drzat koncerti vo Makedonija. Pa bi ja prasala ministerkata za kultura, vaka li se stiti nasiot makedonski identitet? Zalno! Pa uste Pink ni treba.Pa koj saka neka si gleda, ima satelitski kanali.Ovde navistina treba da proraboti otporot kon kulturnata asimilacijata koja sekojdnevno ni se nametnuva.
Од: citatelka
Датум: 12.11.2010 14:46:26
Добри се коментариве, навистина ми е мило што ја сметаме АЛФА за квалитетна програма. Малку ми пречи што новинарите упорно го нарекуваат Наков за газда, а не би било лошо да испитаат дека всушност се работи за фирми кои стојат позади сопственичкиот пакет а не овој човек сам. Ама и на новинарите тоа очигледно не им е доволно сензационалистички.
Од: забеган.
Датум: 12.11.2010 16:08:48
А да ја купи СИТЕЛ тоа би му било најпаметно.
Од: нормален
Датум: 12.11.2010 17:17:46
Пофалби за коментарот на Ивана.
Од: vernik
Датум: 12.11.2010 17:41:44
se soglasuvam so eden komentar NAJDOBRO e da ja kupi MRTV ke ne spasi od pastirot i od davacki_globi preku UJP.
Од: Citatelka od SK
Датум: 12.11.2010 18:43:18
Одлична вест... АЛФА ТВ, Ви посакувам и понатаму да бидете најурбаната телевизија во Македонија.

Најди! во Утрински
Насловна
Фронт против Европа
Каде се Дарко, Дане, Мирсада и Митат?
Тиквешански
Прст кон Маневски
Каменица тагува за младиот рударски инженер
Светот ќе се соочи со недостиг од чоколада
Родена сум со дефект
Банките играат на сигурно
Деби на Трпчески во Карнеги Хол
Инспектор тепал притвореник со клоци
Тапијата на Насредин оџа
Трговија со човечки органи во Косово
Операција Кетман
Мајчинството сосема ме омекна
Црвен тепих за граѓаните во Владата
Стил
Криза






Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry
Hungarian government considers voting rights for expats