Трговија со човечки органи во Косово
(12.11.2010г.-10:02ч.) Најмалку седум лица ќе одговараат за соучество во меѓународна мрежа за трговија со човечки органи во Косово. Обвинителството на Мисијата на Европската унија во Приштина, наведе дека „организирана криминална група внесувала луѓе во Косово“, каде потоа им биле отстранувани човечки органи за трансплатација на други лица. Според истрагата, во 2008 година, во Косово биле донесени 20 странски државјани, откако им биле дадени лажни ветувања за усплата на големи парични надоместоци.
|