Број 3430  петок, 12 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Инспектор тепал притвореник со клоци

Битолчанец ќе бара одговорност за полицаецот што се однесувал брутално кон неговиот син

БИТОЛА - „Полициски инспектор го тепал мојот син со клоци по слабина во предистражна постапка“, се пожали вчера на полициска бруталност битолчанецот Томче Дамевски, татко на 21-годишниот Николче. Поради тоа, Дамевски ќе бара одговорност од полицаецот за кого најави кривична пријава.

Од СВР - Битола возвраќаат дека станува збор за наркозависник под метадонска терапија, кој прв физички го нападнал инспекторот. Досието на момчето е богато со кривични пријави за кражби, велат од битолската полиција, која против Дамевски поднесе уште една пријава, за напад на службено лице.

Николче Дамевски бил приведен во понеделникот, под сомнение дека учествувал во кражба. Според сознанија на таткото, ноќта по приведувањето, полициски инспектор брутално го натепал Николче, при што му нанел видливи повреди по телото. Таткото инсистирал да го види својот син, но тоа барање било одбиено. Затоа повикал лекари од Итната медицинска помош од Битола. Томче Дамевски тврди дека целиот случај е влезен во записник.

„Син ми го приведоа под сомнение дека крадел. Се јавија од полиција да му однесам храна, а тој се пожали дека инспекторот Венцо го тепал. Отидов кај водичите и им кажав, а тие ветија дека нема никој да го допре. Ама не било така. Наредниот ден го сретнав инспекторот и побарав да го видам детето, а тој и тогаш нечовечки се однесуваше кон мене. Ми рече дека ќе го видам синот кога тој ќе сакал“, вели Дамевски.

Таткото веќе три дена не го видел својот син. Загрижен, побарал лекари да ја констатираат здравствена состојба на Николче.

„Дека нешто не е во ред со Николче, ми потврди Ромка, која се нашла во иста ситуација и која од истиот инспектор била тепана со пендрек по грб. Таа кажа дека мојот син е повреден. Затоа инсистирав да дојде Брза помош. На излегување од полиција, лекарката рече дека ногата на Николче е преврзана и дека му оставиле лекови“, раскажува Дамевски.

Адвокатот, кој му го одредил судот по службена должност, го евидентирал случајот. Според битолската полиција, Николче бил познат криминалец. Од својата петнаесетта година добил дури девет кривични пријави за тешки кражби. И последниот пат бил приведен под сомнение за четири кражби. Кај него и кај негов другар полицијата нашла пари, златен накит, делови од оружје и муниција.

„Во моментот на приведувањето Николче физички нападнал еден од полициските службеници што разговарале со него. За да се доведе во состојба на послушност, врз него се применети мерки на присилба. Постоела процена дека во тој момент мерките се неопходни и законски оправдани“, изјави Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР - Битола.

Сепак, Стрезовски рече дека внатрешната контрола на МВР ќе ја испита оправданоста од употреба на средства за присилба против момчето. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1668 пати.

Испрати коментар

Од: Boshko
Датум: 12.11.2010 13:28:14
Ova e samo pochetokot na vladeenjeto na bokseri i siledzii vo vlasta.Znachi i Mk.dojde do 1800 godini a ne vo 2010.Rezil ne viden.
Од: mene
Датум: 12.11.2010 14:04:05
e taka e kaj nas policijata moze da pravi sto saka ,a slobodnite gragani si krkaat za sitni greski,a tokmu vo MVR se najgolemite nikakveci i lopovi
Од: Pance-Helsinki
Датум: 12.11.2010 14:19:29
Bez razlika deka deckoto imal kriminalno minato, ne smee da bide fizicki maltretiran od policijata. Ziveam vo Finska ama sum bil nasekade vo svetot i za vakov slucaj sledi vednas suspenzija na policaecot. Taka treba da se postapi i sega vo sprotivno, ke se slucuvaat i ponatamu vakvi raboti.
Од: cigan od germanija
Датум: 12.11.2010 14:39:38
so da kazam toa ne pos toi u germanija stramota za policujata , za toa ke vlezeme vo eu sveti nikad. pozdrav do moite cigani
Од: bitolcanec
Датум: 12.11.2010 14:42:45
abe bato ti zivej kaj sakas i setaj kaj sakas ama ako ti vlezi doma i da ti gi ukradi najvrednite raboti za koi so pot si gi pecalel i predmet koj ti bil drag spomen nema da razmisluvas taka... ...nego tepanje mu e malce treba dozivotno da se zatvori... cela bitola ja ukrade i pak go pustaja... i so saka da ne go tepat... a tatko mu uste da kazva e na lice mesto gi imaat fakano zaedno kaj so kradat... kako ne mu e strav da se pojavi na tv i pred policija ... a za stram veke se znae deka nemat... kolku familii dosega placele po ona sto im go ukradile koi tolku vreme go pecalele i kakvi stresovi se toa doma da odis i nekoj da ti ja ima prevrteno cela kuka.... ne e za zalenje tuku nikogas netreba da go pustat i da go delkaat redovno sekoj den... oti 100 pati e faten i tepan i pisten i redovno kradi...
Од: Prilep
Датум: 12.11.2010 16:29:41
Se slozuvam so komentarot na Bitolcanec... na kogo mu vlegle doma aramii dobro si znae sto mu se slucilo... ubavo mu pravat, treba site da gi tepaat, jas gi ohrabruvam policajcite koi gi maltretiraat kradcite, bidejki na ostetenite, ograbenite sekako nema da im gi vratat ni predmetite koi im se ukradeni, niti pa stresot koj go pominale... A roditelot, trebalo da si misli na deteto i da go vospita vo covek, a ne aramija koj ke gi maltretira drugite grajgani...
Од: Svastar
Датум: 12.11.2010 19:06:21
Znaci i toa docekavme, da dokazan kriminalec koj uste od 15 godina krade i veke imal 9 (DEVET) krivicni prijavi, e sozaluvan, a policijata KRIVEC i negativec. E ova go name ni u Beogradu.
Од: magnolija
Датум: 12.11.2010 22:54:12
Do Boshko, Pance-Helsinki i cigan od Germania: Da vi dade Gospod takov sin da imate doma!
Од: Od Aristid
Датум: 13.11.2010 00:23:47
KUcka koja jade mas, treba da jade i stap.da ne bi odela povtorno po mas
Од: bt
Датум: 13.11.2010 05:32:54
Ko ne go vospital tatko mu ,sega e red na Policijata da go podsredi.taka i mu treba!!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Фронт против Европа
Каде се Дарко, Дане, Мирсада и Митат?
Тиквешански
Прст кон Маневски
Каменица тагува за младиот рударски инженер
Светот ќе се соочи со недостиг од чоколада
Родена сум со дефект
Банките играат на сигурно
Деби на Трпчески во Карнеги Хол
Тапијата на Насредин оџа
Розовите заминаа - Алфа си останува Алфа
Трговија со човечки органи во Косово
Операција Кетман
Мајчинството сосема ме омекна
Црвен тепих за граѓаните во Владата
Стил
Криза






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry