Број 3430  петок, 12 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Мислења

Операција Кетман

Јосиф Ќурчиев

Кетман не е име на човек, туку мошне софистициран принцип за манипулација. Кој го користи, тој лаже

БЕЗ РАКАВИЦИ

Не знам колкумина од вас се' уште се сеќаваат на една сцена од филмот „Титаник“ кога тогаш најлуксузниот патнички брод неумоливо бргу тоне по сударот со санта мраз. Имено, додека траат хаосот и паниката меѓу патниците, бродскиот оркестар и натаму продолжува да свири, небаре ништо не се случува. Како се' да е во најдобар ред и нормално. Оваа сцена ме потсети на политичарите на сите меридијани и напоредници на оваа наша планета. И тие, како и оркестарот, и во најлошите моменти за државите што ги водат, но и за нивните политики, си ја свират својата музика и не' убедуваат нас, можеби и себеси, дека се' е под контрола, оти нема проблеми, дека тие се оние единствените што можат да не' извлечат од, најблаго речено, „студената вода“ во која тонеме. Дури и за најочигледните вистини во миг смислуваат сопствени „партитури“ што ги свират во навидум спокојно темпо. Ова Чеслав Милош би го нарекол кетманизам, што во превод не значи ништо друго, туку лага. Кој користи Кетман, тој лаже!

Кетман не е личност, ниту е откритие на современиот свет, туку е процес „пронајден“ во Централна Азија можеби пред векови, а неговата посебна „улога“ е во тоа да не ја соопштува сопствената вистина, туку да крие што мисли додека не го изманипулира соговорникот за тој да му поверува, а потоа да го доминира. Всушност, есејот на Чеслав Милош „Заробениот ум“ се однесува на адаптибилната психологија на личностите – под посебна лупа ги става интелектуалците - во годините на сталинизмот како Нова вера: „Кетман го исполнува со гордост оној што го применува. Благодарение на тоа тој постигнува состојба на трајна предност врз оној што го измамил, па макар измамениот да бил министер или моќен крал; човекот врз кој се применува Кетман, пред се', е беден слепец, лишен од пристапот кон вистинскиот пат без тоа да може дури и да го претпостави...“.

Како се постигнува трајна (или барем релативно долга) предност со помош на кетманизмот во политиката? На пример: на последните избори за конгресот во САД, демократската партија на претседателот Барак Обама доживеа пораз - земјотрес што, најверојатно, ќе му ги врзе рацете за неговите реформски замисли. Но, тој изјави дека тоа е „сигнал од народот“ до Белата куќа за незадоволството од владеењето во овие речиси две години, „да продолжи уште попосветено и понапорно да работи врз почнатите проекти“.

Слична порака добивме и од соседна Грција. Премиерот Јоргос Папандреу најави дека во случај на пораз на локалните избори ќе распише ново изјаснување за составот на парламентот. Се случи победа, иако тесна, во полза на неговиот ПАСОК, па тој веднаш побрза да соопшти дека „мнозинството“ ја прифатило строгоста на мерките на неговата влада, и така од предвремени избори нема ништо. Толкувањето, се разбира, е класичен Кетман, зашто тој јасно виде и пред тоа, преку жестоките штрајкови, дека не е прифатено она што го вели. Но, проблемот е во прашањето дали јавноста ја знае вистинската состојба во која се наоѓа државата, колку пари се во прашање, кој крадел и ги монтирал позитивните финансиски резултати и зошто ќе треба во наредните повеќе години да се леат „солзи и крв“.

Третиот пример е колку од меѓународна природа, толку и од домашна. Станува збор за последниот извештај на Евро��ската комисија за напредокот на Македонија во насока на приближување и евентуално, во некоја неодредена иднина, нејзино зачленување во Унијата.

Дома ќе имаме (не сум во можност да ги почекам сите реакции, зашто текстов мора да биде испратен порано) различни, односно најмалку две толкувања на неговата содр��ина. Се разбира (тоа се' уште можев да го видам и да го слушнам), власта ќе го смета за успех тоа што во извештајот е задржана препораката за почеток на преговорите за членство, како и констатираните позитивности, а критиките што се многу јасни, се примени како „укажувања“ за тоа кон што треба да бидат насочени „напорите на власта“. И притоа не соопштувам ништо ново. Легитимно право е на владејачката структура да гледа низ розови очила за да соопшти дека се потврдува оти е на вистинскиот пат. Ама повторно се поставува прашањето дали не е кетманизам ако на јавноста не и' се соопштуваат сите факти на кои има право, а со нив располага само таа, власта, за жал.

Од друга страна, опозицијата своето внимание, претпоставувам, ќе го насочи кон посочените слабости, изнесувајќи оцени што ќе бидат негативни стрели во правец на зградата на Цека. Дека таа укажувала што не чини, но оти немало слух, оти тоа го правела во полза на државата, а не за стекнување политички поени и дека Владата е таа што е виновна за сигурното повторно недобивање датум за почеток на преговорите. И тоа е легитимно право на опозицијата, иако очекувам и таа да настапи со сопствен кетманизам ако не ги спомне и позитивните аспекти на извештајот на Европската комисија.

Во секој случај, јавноста ќе остане пасивен набљудувач, упатен само на изјавите на обете страни.

„Во 1923 година во Варшава се појави чудна книга“, пишува Чеслав Милош во есејот „Заробениот ум“. „Беше тоа роман во два дела под наслов ’Незаситеност’. Авторот на романот, Станислав Виткјевич, филозоф, сликар и писател... Дејството на романот се одвива во Европа, поточно во Полска, во некое идно, неопределено идно време, кое еднакво добро може да се определи и како сегашно... Претставената средина е состав од музичари, сликари, филозофи, аристократи и воени личности со високи чинови. Целата книга не е ништо друго, туку студија на распад...Се' се случува во моментот кога се зборувало дека западната цивилизација е загрозена и тоа во земјата што била изложена на првиот удар на војската од Исток: а таа војска била монголско-кинеска... Јунаците на Виткјевич се несреќни, зашто немаат никаква верба, ниту гледаат смисла во своите активности. И тогаш во градовите се појавуваат голем број трговци што во тајност продаваат апчиња што се викаат Мурти-Бинг. Тој бил монголски филозоф, кој успеал да произведе средство што ’погледот на свет‘ го пренесува по органски пат. Тој Мурти-Бингов ’поглед на свет‘, кој, всушност, ја претставувал моќта на монголско-кинеската војска, бил содржан во апчиња во некаква кондензирана форма. Човекот што ќе ги употреби Мурти-Бинговите апчиња стекнува ведрина и среќа. Проблемите со кои дотогаш се соочувал одеднаш му се чинат привидни и недостојни за загриженост. Кон луѓето што се занимаваат со такви проблеми, корисникот би гледал со потсмев...“.

Ми се чини дека денес и овде мнозинството како да испило барем едно Мурти-Бингово апче. Зашто, иако бродот тоне, тоа и во претсмртен грч му аплаудира на „оркестарот“ што и натаму кетмански ја исполнува „Одата на радоста“.

(Авторот е новинар)


#
Статијата е прочитана 857 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Фронт против Европа
Каде се Дарко, Дане, Мирсада и Митат?
Тиквешански
Прст кон Маневски
Каменица тагува за младиот рударски инженер
Светот ќе се соочи со недостиг од чоколада
Родена сум со дефект
Банките играат на сигурно
Деби на Трпчески во Карнеги Хол
Инспектор тепал притвореник со клоци
Тапијата на Насредин оџа
Розовите заминаа - Алфа си останува Алфа
Трговија со човечки органи во Косово
Мајчинството сосема ме омекна
Црвен тепих за граѓаните во Владата
Стил
Криза






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry