Број 3430  петок, 12 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Деби на Трпчески во Карнеги Хол

(12.11.2010г.09:59ч.) Македонскиот пијанист Симон Трпчески ќе биде првиот Македонец кој како солист ќе настапи на големата сцена на една од најпрестижните светски концертни сцени – Карнеги Хол во Њујорк. Заедно со Балтиморскиот симфониски оркестар и неговиот шеф-диригент, водечката светска жена зад пултот Марин Олсоп, утревечер ќе го изведат Концертот за пијано и оркестар бр. 3 на Прокофјев.
- Карнеги Хол како институција, како историја и како убавина на сала заедно со сите карактерни црти што му ги овозможува на еден уметник е дефинитивно престиж и голема мотивација. Можноста да нас��апи во неа е чест за еден уметник кој мора да ги исполни критериумите за концертирање во големата сала на Карнеги. Така, ова е еднакво на сон. Веројатно еден од многуте соништа за кои докрај не сум ни свесен дека сум ги отсонувал. Како дете, како студент нормално е потајно да си помислиш: дали некогаш воопшто ќе имам можност да појдам таму да ја видам, а не пак да свирим во неа; какво би било чувството... Сега кога доаѓам до еден таков момент сигурно дека чувството е убаво... Се надевам дека ќе оставам добар впечаток за повторно да се вратам во истата сала, изјави Симон Трпчески за Македонското радио пред најновиот концертен предизвик, подвлекувајќи ја можноста и на овој начин, како минатогодишен лауреат на наградата „13 Ноември“, да им го честита празникот на своите сограѓани.
Како своевидна предигра кон настапот во Њујорк, есенската серија концерти на Трпчески донесе вообичаено амбициозна динамика: по настапите низ Бразил, Ирска и Кина, следуваше повторно настап со Холандскиот радио-филхармониски оркестар во Утрехт со концерт директно пренесуван на радио и интернет и уште четири концерти со Брабантс оркестарот, потоа серија рецитали што стартуваше во Велика Британија и Италија, а и оркестарски настап во Бордо, Франција, на што се надоврзаа и двата концерта на матичната сцена на Балтиморскиот симфониски оркестар и диригентката Олсоп (11. и 12. ноември).
На рециталот во Милано во рамките на престижните „Музички вечери“ својата италијанска премиера ја доживеа и делото „Песни и шепоти“ од Панде Шахов, а вистинско надополнување на таа „македонска вечер“ беше и присуството на еден од најпознатите Македонци во светот, фудбалерот Горан Пандев. (МИА)



#
Статијата е прочитана 358 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Фронт против Европа
Каде се Дарко, Дане, Мирсада и Митат?
Тиквешански
Прст кон Маневски
Каменица тагува за младиот рударски инженер
Светот ќе се соочи со недостиг од чоколада
Родена сум со дефект
Банките играат на сигурно
Инспектор тепал притвореник со клоци
Тапијата на Насредин оџа
Розовите заминаа - Алфа си останува Алфа
Трговија со човечки органи во Косово
Операција Кетман
Мајчинството сосема ме омекна
Црвен тепих за граѓаните во Владата
Стил
Криза






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry