Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Анчелоти добил отказ поради Торес

Легендата на Челзи, Французинот Марсел Десаи, смета дека поранешниот тренер на „сините“ Карло Анчелоти доби отказ само затоа што не успеа да го вклопи Фернандо Торес во тимот.

„Бев изненаден кога Анчелоти доби отказ по онаква сезона во Челзи. Имаа добра сезона, поготово на домашен терен, ако се земе во предвид дека Манчестер Јунајтед имаше фантастична. Мислам дека Италијанецот е отпуштен бидејќи не успеа да го „наплати“ Торес“, вели Десаи.

Фернандо Торес беше доведен од Ливерпул за севкупни 82 милиона долари, но таа иста сезона Анчелоти не успеа да донесе ниту еден трофеј на „Стемфорд бриџ“.

„Анчелоти не ја загуби работата поради неуспех на тимот туку поради тоа што не состави тим во кој ќе се вклопи Торес. Верувајте ми дека играчите се разочарани ��о неговиот отказ. Ја освои Лигата на шампиони, италијанската лига и беше добар играч во Италија. Неверојатно е колку лесно се решија од него“, коментира Французинот.

И покрај се, Десаи смета дека Челзи направи добар потег со назначувањето на португалскиот стручњак, Андре Вилјаш-Боаш за нов менаџер на екипата.

„Млад е. Ќе биде добар во ангажманот на фудбалери, во креирањето на тактика и извлекувањето на најдоброто од секој поединец. Тоа е она што го правеше во Порто и што ќе го работи во Челзи. Но, сепак, ќе мора уште да заработи почит од играчите бидејќи е многу млад. Нема премногу освоено и ќе треба да покаже дека е способен да води вака голем клуб“, заврши Десаи.


#
Статијата е прочитана 1158 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Првиот Суперкуп за Шкендија
Кошаркарите тргнаа со пораз
Уругвај рекордер на Копа Америка
Еванс докажа дека возраста не е пречка
Стоунер пред Лоренсо во Лагуна Сека
Во Хелсиншки комитет ќе се расчистува во септември
И со повреда, Исинбаева на Мундијалот
Јакимовски четврти судија во Истанбул
Фиш ја одбрани титулата во Атланта
Слаба оценка за судијата Вилмес
Тетекс пред згаснување
Формирана комисија за делегирање судии
Бин Хамам
Бунгуров контролор во Чешка

"""