Стоунер пред Лоренсо во Лагуна Сека
Австралиецот Кејси Стоунер протатна покрај светскиот шампион во Мото ГП, Хорхе Лоренсо, во 27. круг од вкупно 32, освојувајќи ја Големата награда на САД и зголемувајќи си го водството во вкупниот поредок. Возачот на Хонда, кој ја почна трката веднаш зад членот на Јахама во првата стартен ред, победи со предност 5,634 секунди во однос на Шпанецот, кој славеше во Лагуна Сека минатата година.
Стоунер им мавташе на фановите откако ја помина целната линија, продолжувајќи ја својата низа пласмани на подиумот сезонава на осум. Ова е негова петта победа во деветте трки од годинашниот шампионат.
Шпанецот Дани Педроса од Хонда, победник тука во 2009 година и освојувач на Германското гран-при минатата седмица, го освои третото место. Американецот Бен Спајс, пак, им даде на домашните навивачи нешто за славење со освојувањето на четвртата позиција. |