Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

И со повреда, Исинбаева на Мундијалот

Олимписката шампионка и светска рекордерка во скок со стап Елена Исинбаева ќе учествува на Светското првенство во август и покрај повредата на раката од минатата седмица, потврди претседателот на Атлетската федерација на Русија, Валентин Балахничов. Исинбаева, која им се врати на натпреварите по пауза од 11 месеци, беше принудена да се повлече од митингот во Луцерн во четвртокот, откако го повреди зглобот на раката. Својот следен настап 29-годишната Русинка ќе го има в петок на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм.

Балахничов вели дека Исинбаева има нешто за докажување во Даегу, Јужна Кореја, откако не успеа да прескокне ниту една височина на СП 2009 во Берлин, а не освои медал ниту на мундијалот во сала минатата година во Доха.


#
Статијата е прочитана 295 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Првиот Суперкуп за Шкендија
Кошаркарите тргнаа со пораз
Уругвај рекордер на Копа Америка
Еванс докажа дека возраста не е пречка
Стоунер пред Лоренсо во Лагуна Сека
Во Хелсиншки комитет ќе се расчистува во септември
Анчелоти добил отказ поради Торес
Јакимовски четврти судија во Истанбул
Фиш ја одбрани титулата во Атланта
Слаба оценка за судијата Вилмес
Тетекс пред згаснување
Формирана комисија за делегирање судии
Бин Хамам
Бунгуров контролор во Чешка

"""