Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Еванс докажа дека возраста не е пречка

Најстариот победник на Тур де Франс по 1923 година вели дека добрите луѓе верувале во него

Кога 14-годишниот Кејдел Еванс во 1991 година ја објави својата амбиција да го освои Тур де Франс, многумина околу него помислија дека тоа ќе се претвори во уште еден неостварен сон. Арно ама, во неделата Еванс докажа дека годините не се пречка за остварување на таквата цел, станувајќи првиот Австралиец што го освоил Тур и најстар победник по 1923 година.

„Поминаа 20 години откога прв пат го гледав Тур де Франс на телевизија и реков дека сакам да го освојам. Многу луѓе не поверуваа во тоа“, рече Еванс додека колегите од тимот БМЦ рејсинг му честитаа по влегувањето на целта во Париз. „Н��, некои многу добри луѓе веруваа во мене, од мојот прв тренер до тие што ме префрлија на друмот“.

Почетоците со трките со БМХ беа само далечно сеќавање во неделата додека ја предводеше парадата по целата должина на Шанзелизе и неговата патека до славата го симболизира растот на друмскиот велосипедизам „таму долу“, како што ја викаат Австралија. Велосипедскиот талент роден во Кетрин рано беше вклучен во програмата за планински велосипедизам на Австралискиот институт за спорт, предводена од главниот тренер Демјан Гранди. Денес 34-годишникот стана еден од најдобрите планински велосипедисти во светот, два пати освојувајќи го Светското првенство, а неговите искачувачки способности се покажаа корисни на годинашниот Тур.

Во 2001 година италијанскиот тренер Алдо Саси, раководител на тренинг-центарот на Мапеи, го убеди Австралиецот да се вклучи во многу повносните европски друмски трки, потег што го направија многу од неговите сонародници во тоа време.

„Алдо Саси отсекогаш веруваше во мене, повеќе и од мене самиот“, вели емотивниот Еванс за менторот што почина од тумор на мозокот минатата година, откако го префрли Австралиецот меѓу друмските професионалци. „Еднаш ми рече: ’Се надевам дека ќе освоиш голема трка и се надевам дека тоа ќе биде Тур де Франс, која е најпрестижна. Ако успееш, ќе станеш најкомплетниот велосипедист од твојата генерација‘‘‘, додава лидерот на тимот на БМЦ, кој во 2009 година стана светски шампион во Мендризио, неколку километри од домот на Саси.

Светската титула беше пресвртна точка во кариерата на Еванс, кој секогаш бил сметан за возач со огромен потенцијал, но премногу конзервативен и кому му недостигаат агресија и инспирација.

„За мене лично ништо не се смени по таа трка во Медризио“, рече тој.

Но, облекувањето на маичката во боите на виножитото го сменија начинот на кој неговите ривали гледаа на него и неговата самодоверба порасна по повеќе фрустрирачки искуства на големите трки. Тој прв пат експлодира на меѓународната сцена на Џиро ди Италија 2002, кога несвесно се промовира во лидер на тимот на Мапеи и ја носеше розовата маичка како водечки во трката еден ден, пред да заврши на 14. место.

„Требаше време за транзиција од планински велосипедизам во друмски возач. Мојата кариера беше во застој две години“, се потсетува Еванс, чии сезони 2003 и 2004 беа обележани со падови и со повреди.

И покрај тоа што заврши четврти на Тур де Франс 2006, почувствува дека не добива доволно поддршка од неговиот тогашен тим, белгиски Лото, кои беа премногу „фокусирани на Роби Мекјуен“, негов сонародник што оствари неколку етапни победи на Тур во групните спринтови. Пробивот се случи во 2007 година, кога заврши втор, 23 секунди зад Алберто Контадор. Следната година беше голем фаворит, но падот му ги уништи шансите. Иако ја носеше жолтата маичка пет дена, заврши со пораз од Шпанецот Карлос Састре, опишувајќи го тоа како: „Најтешкиот Тур де Франс што сум го возел воопшто“.

Среќата повторно го заобиколи Еванс во 2010 година, кога падна на патот накај скијачкиот центар Морзин со жолтата маичка на грбот, при што го скрши лакотот. Годинава, конечно, може да каже: „Среќата ме помилува“.

Во многу попријатно опкружување откако му се приклучи на тимот БМЦ по освојувањето на светската круна во 2009 година, Еванс не препушти ништо на случајот овој пат, собирајќи го најдобриот можен тим околу себе и подредувајќи ја целата своја сезона на единствената цел - да се освои Тур де Франс.

Австралија долго се гордееше со своите одлични резултати во олимписките спортови, во крикетот, во тенисот и во голфот, а Еванс конечно и' ги донесе на нацијата почестите во спортот што ја заобиколуваа. Континентот-држава имал свои учесници на Тур уште во 1914 година, но тие му припаѓаат на едно херојско време, како Хуберт Оперман, кој заврши 18. во 1931 година и стана велосипедска легенда и успешен политичар. Прв пат Австралиец ја облече жолтата маичка дури пред 30 години, кога Фил Андресон смело го предизвика Бернар Ино, преземајќи го водството од него. Еванс тогаш имаше само четири години.

Профил на Еванс

- Роден е на 14 февруари 1977 г. во Кетрин, Северни Територии

- Кариерата ја почнал на 14 години, учествувал на СП 1994 за јуниори во планински велосипедизам

- Освоил шест медали (нема злато) како јуниор и под 23 години во планински велосипедизам крос кантри и светски титули на друмски хронометар поединечно од 1995 до 1999 година

- Седми во планински велосипедизам крос кантри на ОИ 1996 во Атланта и на ОИ 2000 во Сиднеј

- Светски првак во планински велосипедизам крос кантри во 1998 и 1999 година

- Во 2002 година стана прв Австралиец што водел во вкупниот поредок на Џиро ди Италија

- Осми севкупно на Тур де Франс 2002, четврти во 2006, втор во 2007 и во 2008 година

- Со триумфот на СП 2009 во друмски велосипедизам стана првиот Австралиец со златен медал на елитна друмска трка по Џек Хубин по 1950 година, тогаш како аматер

- Прв Австралиец и велосипедист од јужната хемисфера што го освоил Тур де Франс


#
Статијата е прочитана 392 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Првиот Суперкуп за Шкендија
Кошаркарите тргнаа со пораз
Уругвај рекордер на Копа Америка
Стоунер пред Лоренсо во Лагуна Сека
Во Хелсиншки комитет ќе се расчистува во септември
И со повреда, Исинбаева на Мундијалот
Анчелоти добил отказ поради Торес
Јакимовски четврти судија во Истанбул
Фиш ја одбрани титулата во Атланта
Слаба оценка за судијата Вилмес
Тетекс пред згаснување
Формирана комисија за делегирање судии
Бин Хамам
Бунгуров контролор во Чешка

"""