Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Кошаркарите тргнаа со пораз

Македонија изгуби од домаќинот Словенија со 83:71 на стартот од турнирот во Птуј

Роберт Димитриевски

Серијата контролни натпревари во пресрет на Европското првенство во Литванија најдобрите македонски кошаркари ја отворија со пораз од домаќинот Словенија од 83:71 на „Примус куп“ во Птуј. Синоќа избраниците на селекторот Марин Докузовски требаше да ги одмерат силите и со Полска, но, без оглед на резултатот, турнирот го освоија Словенците, кои на стартот ги совладаа Полјаците со 69:54.

Без Бо Лестер Мекејлеб и Тодор Гечевски, Македонија беше рамноправен противник во првото полувреме со составот на Божидар Маљковиќ, засилен со Ерзаем Лорбек и со Матјаж Смодиш, кои не играа про��ив Полска. „Змајчеки“ на големиот одмор заминаа со минимално водство од 40:39, иако ја добија првата четвртина со уверливи 26:16. За резултатскиот приклучок на црвено-жолтите најзаслужен беше разиграниот капитен Перо Антиќ, кој во првите 20 минути прокнижи 18 од своите 24 поени на средбата, со само едно промашување од петте удари за тројка и со шест од вкупно седумте скока на мечот. Антиќ го предводеше одличниот удар за три поена на своите соиграчи во тој период од играта, заокружен на 8/14, а Македонија го заврши натпреварот со педесетпроцентен ефект во овој сегмент од играта (13/26).

Македонските кошаркари добро го почнаа и второто полувреме, кога со тројката на Ѓорѓи Чековски поведоа со 42:40. Но, Словенците во продолжението најдоа решение за Антиќ, како и под обрачите, што го потврдува соодност на скокови 28:21 за нив, а тоа неминовно се одрази и на резултатот. Третата четвртина ја добија со 24:18, за во последната да се размавне Лорбек со десет од вкупно 20 поени на натпреварот, па при крајот на мечот разликата достигна максимални 78:64. До крајот Македонците успеаја само да го ублажат поразот.

Покрај Антиќ, во македонскиот тим двоцифрен придонес имаше само повратникот Владо Илиевски, кој застана на 13 коша. Во победничката селекција, пак, на Лорбек по ефикасноста му се придружија Смодиш и Јака Лакович со по 13 поени.

Македонската репрезентација денеска од Птуј продолжува за Бормио, каде што ќе остане до сабота. Утре и задутре само ќе се тренира, а в петок и в сабота е вториот турнир во подготвителниот период, на кој ќе учествуваат и Бугарија, Канада и домаќинот Италија. В недела експедицијата се враќа во Скопје.

Словенија - Македонија 83:71



По четвртини: 26:16, 14:23, 24:18, 19:14. Сала: „Кидричево“ во Птуј. Гледачи: 2.500. Судии: Колар, Креич и Пур, сите од Словенија.

Словенија: Лапорник, Лакович 13, Смодиш 13, Удрих 2, Нахбар 2, Г. Драгиќ 3, Јагоник 9, Бегиќ 2, Лорбек 20, Ожболт 7, З. Драгиќ 5, Слокар 7. Селектор: Божидар Маљковиќ.

Македонија: Мираковски 3, Илиевски 13, Соколов 3, Стефанов 3, В. Стојановски 3, Д. Стојановски 3, Костоски, Гоцевски, Антиќ 24, Николовски 3, Чековски 8, Самарџиски 8. Селектор: Марин Докузовски.


#
Статијата е прочитана 450 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Првиот Суперкуп за Шкендија
Уругвај рекордер на Копа Америка
Еванс докажа дека возраста не е пречка
Стоунер пред Лоренсо во Лагуна Сека
Во Хелсиншки комитет ќе се расчистува во септември
И со повреда, Исинбаева на Мундијалот
Анчелоти добил отказ поради Торес
Јакимовски четврти судија во Истанбул
Фиш ја одбрани титулата во Атланта
Слаба оценка за судијата Вилмес
Тетекс пред згаснување
Формирана комисија за делегирање судии
Бин Хамам
Бунгуров контролор во Чешка

"""