Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Уругвај рекордер на Копа Америка

Со победата над Парагвај од 3:0, Уругвајците ја освоија 15. титула и ја поминаа Аргентина на вечната листа

Уругвај е нов шампион на Јужна Америка. До рекордната 15 континентална титула Уругвајците стигнаа по триумфот во финалето над Парагвај со 3:0 во 43 издание на Копа Америка. Двоен стрелец на „Монументал“ во Буенос Аирес беше Диего Форлан, еднаш погоди Луис Суарез.

Смешен е овој Парагвај, па неговите фудбалери никого не победија, а играат во финале, беа најчестите коментари во пресрет на завршниот меч на највозрасното континентално фудбалско натпреварување на планетата.

„Интересно е како луѓето го прескокнуваат оној дел дека не загубивме ниту еден меч“ се бранеа Парагв��јците кои до финалето дојдоа по петте нерешени исходи и двата пласмана во наредна фаза по подобро изведување пенали.

Но, Уругвај не им даде ниту трошка надеж. Трипати ја тресеше нивната мрежа за растажување на сите навивачи во црвено-бели дресови вклучувајќи ја и популарната Лариса Рикелме.

„Сега на сите им покажавме дека сме најсилна екипа во Јужна Америка. Многумина се сомневаа дека четвртото место на мундијалот беше случајност,а сега повторно ја видоа нашата моќ и сила“, рече Луис Суарез.

Заедно со Форлан и компанија жестоко тргнаа на противничкиот гол. Парагвај во првите 10 минути не го мина центарот на игралиштето, во 12. веќе стоеше на семафорот: Уругвај - Парагвај 1:0. Саурез со финта се ослободи од чуварот и фантастично поентира со лева крај немоќниот парагвајски голман.

Парагвај влезе во натпреварот со податок кој воопшто не му беше во прилог. Цели 64 години не знае за победа над Уругвај на Копа Америка. Дека традицијата нема да се менува најави Форлан во 42 минута за водство на Уругвајците со 2:0. Во продолжението мало будење на парагвајските репрезентативци. Валдез ја растресе пречката, се заканија и останатите во неколку наврати, но повеќе од тоа не можеа. Можеа единствено да примат уште еден гол што и се случи. Диего Форлан ја круниса извонредната претстава на својата екипа со погодок во 90 минута за конечни 3:0 и за прескокнување на Аргентина на листата трофеи на Копа Америка.


#
Статијата е прочитана 394 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Првиот Суперкуп за Шкендија
Кошаркарите тргнаа со пораз
Еванс докажа дека возраста не е пречка
Стоунер пред Лоренсо во Лагуна Сека
Во Хелсиншки комитет ќе се расчистува во септември
И со повреда, Исинбаева на Мундијалот
Анчелоти добил отказ поради Торес
Јакимовски четврти судија во Истанбул
Фиш ја одбрани титулата во Атланта
Слаба оценка за судијата Вилмес
Тетекс пред згаснување
Формирана комисија за делегирање судии
Бин Хамам
Бунгуров контролор во Чешка

"""