Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Првиот Суперкуп за Шкендија

Првакот на Македонија подобар од освојувачот на Купот, Металург,со 2:1

Сашко Ѓ. Димовски

Првиот Суперкуп трофеј во македонскиот фудбал заврши во витрините на Шкендија. Тетовци го поразија Металург со 2:1 во пресметката на актуелниот шампион и освојувачот на националниот куп како увертира на новата сезона во домашното првенство што тргнува во сабота. Неби Мустафи од пенал во 5 минута и Ерсен Сали со евро-голот со ножички во 84 минута беа автори на триумфот на црвено-црните од под Шара, Љубомир Стевановиќ само го ублажи поразот на железарци со прекрасниот погодок од слободен удар во 90 минута.

„Јас пред мечот реков дека ќе одлучуваат нијанси. Така и беше. Задоволен сум од играта и, секако, резултатот. Шкендија ќе остане запишана како прв победник во Суперкупот“, изјави Ќатип Османи, тренер на Шкендија, не криејќи го задоволството од успехот што дополнително ќе ги мотивира тетовци во обидот да ја одбранат првенствената титула. Покрај неа

Шкендија за нијанса беше подобар тим во Суперкуп мечот. Беше подобра за онолку колку што требаше и заслужено се радуваше на победата. А, тоа онолку е реализацијата. Создадените прилики шампионот ги претвори во погодоци. Од неколкуте упатени удари кон голот, два завршија во мрежата. Играа и полесно и потечно, забележителна беше подобрата физичка подготвеност на нејзините фудбалери кои, патем делуваа и посвежо (имаа два дена повеќе одмор по европските настапи) од противникот.

Металург одново во проблеми со реализацијата што е основна причина за поразот. Во дуелот против Шкендија неговите фудбалери покажаа дека сами на себе може да бидат најголеми противници. Прволигашот од Железарница промаши два „зицера“ со кои ќе беше поинаку ако завршеа каде што требаше, а не во неврат. Главна улога во првиот ја имаше Баже Илијоски во 37 минута кога ситуацијата очи во очи со Велии не ја претвори во гол. Марко Симоновски, пак, може да конкурира за промашување на годината. И самиот не е свесен што прокоцка во 88. минута кога непречен од никого од пет-шест метри не ја погоди целта. Дека мора да се подобри реализацијата и дека такви промашувања може скапо да ги чинат железарци во мечевите за бодови согласен е тренерот Тасевски.

„Рано примивме гол што не' измести од контрола. Во текот на натпреварот не реализиравме неколку шанси. Можевме да стигнеме до реми ако Симоновски реализира идеална прилика во финишот. За разлика од нас Шкендија имаше максимална ефикасност“, изјави Тасевски.

Шкендија - Металург 2:1



Полувреме: 1:0. Национална арена: „Филип Втори“. Гледачи: 2.000. Главен судија: Димитар Мечкаровски. Помошници: Душко Милошевски и Дејан Костадинов (сите тројца од Скопје). Жолти картони: Велии, Никитовиќ, Бериша, Усеини (Шкендија), Кралевски, Драговиќ, Захариевски, Илијоски (Металург). Стрелци: Мустафи во 5 минута, Сали во 84 минута за Шкендија, Стевановиќ во 90 минута за Металург.

Шкендија: Велии, Незири, Никитовиќ, Бериша (Мишковски 81 мин.), Цуцули, Мустафи, Емини, Усеини, Селмани (Хасани 69 мин.), Таипи (Елмазовски 61 мин.), Сали. Тренер: Ќатип Османи.

Металург: Павловиќ, Петковски, Кралевски, Драговиќ, Мемеди, Митрев, Тенекиџиев (Симоновски 57 мин.), Стевановиќ, Захариевски (П. Љамчевски 57 мин.), Б. Љамчевски (Костенцовски 76 мин.), Илијоски. Тренер: Жикица Тасевски.



„Балистите“ Ја исвиркаа химната



Нов испад на навивачката група на „Балисти“. Пред почетокот на Суперкуп дуелот меѓу Шкендија и Металург на „Филип Втори“ тие ја исвиркаа македонската химна. Во продолжение вообичаениот репертоар против државата, македонскиот народ, против ликот на Тоше Проески... Скандирања на политичка, верска и национална основа на кои најмалку им е место на спортските настани и кои се за секаква осуда без оглед од чија страна доаѓаат и кон кого се упатени.


#
Статијата е прочитана 458 пати.

Испрати коментар

Од: панче
Датум: 26.07.2011 00:46:01
Би требало Претседателот на фудбалскиот сојуз и премиерот на Македонија во името нa"Балистите" за скандирањата na куп натпреварот (посебно за Тошета) да му се извинат на Македонскиот народ.

Најди! во Утрински
Спорт
Кошаркарите тргнаа со пораз
Уругвај рекордер на Копа Америка
Еванс докажа дека возраста не е пречка
Стоунер пред Лоренсо во Лагуна Сека
Во Хелсиншки комитет ќе се расчистува во септември
И с�� повреда, Исинбаева на Мундијалот
Анчелоти добил отказ поради Торес
Јакимовски четврти судија во Истанбул
Фиш ја одбрани титулата во Атланта
Слаба оценка за судијата Вилмес
Тетекс пред згаснување
Формирана комисија за делегирање судии
Бин Хамам
Бунгуров контролор во Чешка

"""