Бунгуров контролор во Чешка
Единствениот контролор од Македонија што се наоѓа на листата на ФИФА, Ангел Бунгуров, е одреден да го контролира судењето во третото коло од квалификациите за Лига Европа во Чешка меѓу домашниот клуб Млада Болеслав и АЕК од Кипар, што ќе се одигра на 3 август. Бунгуров требаше да биде контролор и во Казахстан на 21 јуни на средбата меѓу Актобе и Кечкемет од Унгарија, но откажа бидејќи присуствуваше на семинарот на фудбалските прволигашки и второлигашки судии, што се одржа во Охрид пред почетокот на новата сезона во Македонија. (М.М.) |