Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Еконо��ија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Тетекс пред згаснување

Миодраг Мицковиќ

Ќе згасне ли Тетекс, фудбалски бренд на Тетово, член на поранешната Прва лига на Југославија, освојувач на Купот на Македонија минатата сезона? Како што сега стојат работите, клубот има минимални шанси да се извлече од големата финансиска криза и е на пат повеќе воопшто да не постои, уште помалку да игра во Првата македонска лига, иако ја уплати задолжителната котизација од 12.000 евра. Беше ангажиран и нов тренер, Љупчо Марковски-Калц, кому помошник требаше да му биде поранешниот играч на Тетекс, Стојмир Урошевиќ. Беа доведени и повеќе играчи и на сите ѕвона беше најавувано дека нов спонзор на клубот е чешката фирма „Алфа холдинг“. За нов директор беше именуван, или самиот го стори тоа, Горан Зечевиќ, преку кого одеа сите разговори околу преземањето на клуб��т од чешката фирма, ангажирањето играчи, тренери...

И наеднаш - пукна балонот. Тетекс преку ноќ остана без спонзор. Кога претставниците на се' уште тетовскиот пролигаш стапија во контакт со сопственикот на „Алфа холдинг“, нашиот човек Димитар Тренков, ја дознаа болната вистина дека тој нема дадено налог ниту за спонзорирање на клубот ниту за ангажирање играчи.

Инаку, беше договорено со Зечевиќ да се формира трговско друштво, на кое тој требаше да биде назначен за управител, но од Централниот регистар пристигна известување дека тој не може да биде управител, бидејќи веќе е управител на други две и основач на вкупно четири фирми, од кои три со блокирани жиро-сметки со милионски износи. Од моментот кога се дозна за тоа, Зечевиќ ги прекина сите контакти со клубот и со кој било кој е поврзан со Тетекс, а клупското раководство најави кривична пријава против него за измама, заедно со барањето за надомест на штетата што ја има предизвикано.

Сумата од 12.000 евра не била платена од фирмата „Алфа холдинг“, туку беше собрана од навивачите и дел од средствата добиени од заминувањето на играчите во други клубови.

Од претседателот на Тетекс, Стеван Алампиоски, дознавме дека играчите ги прекинале тренинзите, тренерот Марковски си заминал, а денеска биде позната судбината на клубот. Никој не сака да го преземе ниту има помош од Советот на градот за клубот колку толку и натаму да постои.

Дознаваме дека „директорот“ Зечевиќ се повлекол од таа функција од морални причини, бидејќи, наводно, не успеал да постигне договор со некои играчи со кои разговарал и сакал да ги ангажира. Дали е тоа причината што Тренков го откажал спонзорирањето или работата воопшто не била договорена, допрва ќе се знае, откако многу работи ќе бидат разјаснети на суд.

Се шпекулира и дека, ако биде донесена одлука Тетекс да не го продолжи натпреварувањето во Првата лига, практично повеќе нема ни да постои, но, од ФФМ ќе биде побарано да се врати котизацијата од 12.000 евра за да бидат финансирани младинската и пионерската екипа.


#
Статијата е прочитана 725 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Првиот Суперкуп за Шкендија
Кошаркарите тргнаа со пораз
Уругвај рекордер на Копа Америка
Еванс докажа дека возраста не е пречка
Стоунер пред Лоренсо во Лагуна Сека
Во Хелсиншки комитет ќе се расчистува во септември
И со повреда, Исинбаева на Мундијалот
Анчелоти добил отказ поради Торес
Јакимовски четврти судија во Истанбул
Фиш ја одбрани титулата во Атланта
Слаба оценка за судијата Вилмес
Формирана комисија за делегирање судии
Бин Хамам
Бунгуров контролор во Чешка

"""