Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Во Хелсиншки комитет ќе се расчистува во септември

Оставката на актуелниот претседател изгледа не е доволна причина за свикување седница на Бордот, чии членови се на годишен одмор

Гордана Дувњак



Кој и зошто ја прекршил процедурата со објавувањето на спорното соопштение околу хашките предмети, во Хелсиншкиот комитет нема да расправа наскоро, туку во почетокот на септември. Дотогаш, веројатно, ќе се смират страстите, но ќе завршат и годишните одмори. И покрај оставката на актуелниот претседател на оваа невладина организација, Осман Кадриу, расчистувањето на дилемите е одложено за подоцна, кога се очекува да се вратат членовите на телата од годишен одмор.

Извршната директорка, Гордана Несторовска, вчера немаше коментар околу последните случувања што ја потресуваат оваа невладина организација и само кусо изјави „дека сите информации ќе бидат изнесени во јавноста по седницата на Бордот што, најверојатно, ќе се одржи во првата половина на септември“.

И членот на седумчлениот Управен одбор на Хелсиншки комитет, новинарот Борјан Јовановски, вчера ни потврди дека самиот иницирал да се расправа на оваа тема во телата на организацијата.

„Во моментов и јас, како и другите членови сум на годишен одмор. Околу тоа како се случи целата оваа непријатна ситуација, можам само да кажам дека бев консултиран по пат на мејл. Се согласив за содржината на соопштението, бидејќи не гледав ништо спорно, затоа што претставуваше некакво продолжение на нашите претходни ставови околу прашањата поврзани со Законот за амнестија“ , вели Јовановски.

Сепак, тој има целосно разбирање за реакцијата на претседателот Кадриу, кој, како што дознал и од телефонскиот разговор со него, бил против да се излезе со едно вакво соопштение во јавноста, без да се изгради заеднички став на седница на Управниот одбор.

„Се согласувам дека прашањето е сериозно и оти за него требаше да се изгради заеднички став. Ние тоа и досега го правевме за важни прашања, кога се обидувавме да изградиме консензус. Понекогаш, се случуваше некој член да не се согласи со генералниот став, но наоѓавме начин, тоа да се подвлече и го означувавме тоа со фуснота како изделено мислење“, нагласува Јовановски.

Сега веќе демисираниот претседател на Хелсиншки комитет, Осман Кадриу, не крие дека бил изненаден од објавеното соопштение за хашките случаи, по што побарал објаснување од стручната служба. Во соопштението објавено без согласност на претседателот на ова тело, Осман Кадриу беше потенцирано дека за „злосторства против човештвата не може да важи амнестијата“. А, како главна причина за напуштањето на функцијата тој го наведе „флагрантното кршење на процедурите во Хелсиншки комитет“.


#
Статијата е прочитана 771 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandar Nikolovski
Датум: 26.07.2011 11:48:14
odlicna sportska vest.

Најди! во Утрински
Спорт
Првиот Суперкуп за Шкендија
Кошаркарите тргнаа со пораз
Уругвај рекордер на Копа Америка
Еванс докажа дека возраста не е пречка
Стоунер пред Лоренсо во Лагуна Сека
И со повреда, Исинбаева на Мундијалот
Анчелоти добил отказ поради Торес
Јакимовски четврти судија во Истанбул
Фиш ја одбрани титулата во Атланта
Слаба оценка за судијата Вилмес
Тетекс пред згаснување
Формирана комисија за делегирање судии
Бин Хамам
Бунгуров контролор во Чешка

"""