Број 3386  понеделник, 20 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Личните карти како пасоши за влез во Србија

Србија ќе биде првата земја во која македонските граѓани ќе можат да влегуваат само со лична карта, односно без пасош. Официјален Белград, при завчерашната посета на српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, побара граѓаните од двете земји да можат слободно да ги минуваат границите, покажувајќи единствено лични карти. Нашата министерка, Гордана Јанкулоска, која беше домаќинка на средбата, смета дека идејата е добра, а по рaзговорот со премиерот Никола Груевски, ќе се бара модус за реализација.

„Србија сака поскоро земјите од поранешна Југославија, пред да влезат во Европската унија, да направат заедничка територија каде што луѓето ќе можат да патуваат само со лични карти. Македонија и Србија веќе потпишаа договор за граѓаните од ЕУ да можат тука да влезат само со лични карти. Тогаш зошто само тие да можат, кога ние тука сме соседи. Податоците покажуваат дека годинава 3,5 милиони српски граѓани ја преминале заедничката граница“, рече Дачиќ.

Србија веќе има потпишано таков договор со Црна Гора и со БиХ, а се преземаат мерки тоа да биде направени и со Македонија и со Хрватска. Македонија, пак, само со лични карти во земјава пушта државјани на ЕУ. Првиот чекор во реализацијата на иницијативата од Белград е потпишувањето договор меѓу Македонија и Србија, според кој, граѓаните што живеат до 30 километри од границата, во двете земји ќе можат да минуваат само со лични карти. „Тоа беше едно од клучните барања на локалното население“, изјави Јанкулоска.

Граѓанското движење „Разбуди се“ вчера се огласи со реакција за изјавата на српскиот министер, кој при посетата на Скопје рече дека го смета Косово како составен дел од Србија. Незадоволни се и од тоа што Јанкулоска ја премолчела оваа изјава, особено што Македонија веќе воспостави дипломатски односи со официјална Приштина. Околу иницијативата на Дачиќ за минување граница со лични карти, од „Разбуди се“ сметаат дека приоритет на Македонија било да воспостави такви договори со Албанија и со Косово, пред се', поради роднинските врски на Албанците и трговската размена. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 2153 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonce
Датум: 20.09.2010 12:01:50
Long live UDBAsite ! gi cekame komentarive
Од: он
Датум: 20.09.2010 12:22:50
Во Европската унија нема да се пријавите, но во Српскиот сојуз со сигурност
Од: Milan Kumanovo
Датум: 20.09.2010 12:29:25
Jas go pozdravuvm toj dogovor a dobro e sto i kaj hristijanite pocna da deluva "RAZBUDI SE"!
Од: anton
Датум: 20.09.2010 15:35:34
kakov sram za makedonia pa lugeto niz cela evropa patyvat so licni karti a gragjanite na eu patuvaat i bez pasos i bez bez licna karta zatoa sto nema granici vo civiliziraniot svet a ovie dpmne ke ne vrakale vo bivsa jugoslavia sto e samo minato no tkvo ni e iimeto na drzavat bivssa jugoslovenska rm i zatoa tie od dpmne ne go davaat toa ime sram neka im e
Од: Trpe
Датум: 20.09.2010 15:46:25
A bre Makedonce, tvojata sUDBA e ista kako i na site...ama ne si dovolno inteligenten da svatiš.
Од: Никола
Датум: 20.09.2010 18:50:21
Пак некој друг е лидер и го води регионот кон убави работи. Македонија ниту нешто предложува, ниту дава иницијативи, а кога ќе и понудат (нуклеарка во Бугарија, лични карти за Србија и сл.) секогаш размислува до бесконечност и на крајот ги отфрла понудите. Кој тоа сега придонесува за лоши меѓусоседски односи? Во голема мерка соседите, тоа е јасно, но Македонија игра голема улога во правењето лоши соседски односи на Балканот, или барем во неподобрувањето. Па само прашајте ги Македонците какви ставови имаат за Грција, за Србија, за Бугарија, за Албанците, се ќе стане јасно. Е со произведување лоши меѓусоседски односи не се влегува во ЕУ и тука потполно се согласувам.
Од: MOMIR
Датум: 21.09.2010 05:58:36
Samo so licni KARTI odlicna ideja samo mene me interesira koga ke ni bide odobreno nie MAKEDONCITE I BRAKA SRBI DA IMAME DVOJNO DGZAVJANSTVO.odnosno ISTO DRZAVJANSTVO za dvata BRATSKI NARODA.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Државата гради најевтини станови
Казни за некористење на училишните компјутери
Гладни и стрвни
Astibo
Спектакл и љубов на небото на Битола
Македонските фирми одат масовно во банкрот
Економски националисти
Уставен суд му ги врза рацете на Врховен
Или не знаат право или немаат образ
Поплавите од Словенија и се закануваат на Хрватска
Карикатура
Тетовскиот регион со над 30.000 невработени
Биш
Стил
На Турчиња им предава на албански
Од ниви се краде грав и компири
"""