Број 3386  понеделник, 20 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Аеромитинг

Спектакл и љубов на небото на Битола

Битола – „Данче, биди ми сопруга“, со ваква порака испишана на големо платно искусниот битолски падобранец Никола Геровски високо на битолското небо и' предложи брак на својата девојка. Овој гест на младиот падобранец ја предизвика најголемата еуфорија кај неколкуилјадната публика на аеромитингот, што се одржа во саботата на спортскиот аеродром во битолското село Логоварди. Пред камерите на македонските медиуми, како и пред екипата на српската продукција ,,Се' за љубов“, девојката возврати на љубовта на падобранецот.

Неколку илјади посетители викендот уживаа во вештините што ги прикажаа искусните македонски и странски пилоти на спортскиот аеродром во Логоварди. На третиот аеромитинг, кој годинава имаше интернационален карактер, во организација на аероклубот ,,Мирко Тодоровски“ од Битола, учествуваат триесетина летала, а дел од овој спектакл на небото над Битола беше и флотата на АРМ, како и неколку спортски и ултралесни авиони. Беа изведени воено-маневарски летови со хеликоптери, акробатски летови со авиони, скокови со падобрани, како и акробатски летови со едрилица. Величествено беше пристигнувањето на италијанскиот спортски пилот Себастијано Каристија, кој со својата мала цесна за три и пол часа прелета над 600 километри од родниот Неапол и слета на аеродромот во Логоварди.

,,Доаѓам од Италија, а за аеромитингот дознав преку социјалната мрежа ’Фејсбук‘. Потоа стапив во контакт со организаторите и тие ме поканија да учествувам на манифестацијата со својот мал авион. Кога ќе се вратам во мојата земја, ќе напишам статија во весникот за ова мое мало искуство. Исто така, в година сакам да организирам ваков аеромитинг во Италија и ги поканувам да дојдат сите овдешни учесници“, рече Каристија.

Битолскиот аероклуб „Мирко Тодоровски“ се обидува преку оваа манифестација да ја возобнови битолската аеротрадиција. ,,Намерата ни е да се врати сјајот на воздухопловството онакво какво што го паметат постарите битолчани, бидејќи Битола беше еден од центрите на воздухопловството. Оттука, од Битола, излегоа многу познати пилоти, но неколку децении наназад тоа замре. Сега сметаме дека со овој настан го возобновивме битолското воздухопловство“, изјави Игор Божиновски, претседател на аероклубот „Мирко Тодоровски“ од Битола.

Аеромитингот се одржува со поддршка на Министерството за одбрана. Присутните имаа можност да го проследат и маневарскиот лет на воените хеликоптери на АРМ. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1275 пати.

Испрати коментар

Од: Pasko
Датум: 20.09.2010 16:20:06
Bravo na Bitolcani i jas se sekavam na tie dobri vreminja. Bravo vaka ke ne zapameti Evropa deka nie postoime kako Makedonija i kako Makedoncinja.
Од: mimi
Датум: 21.09.2010 00:01:58
Kako makedonija i kako makedonci pozzzz

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Државата гради најевтини станови
Казни за некористење на училишните компјутери
Гладни и стрвни
Astibo
Македонските фирми одат масовно во банкрот
Економски националисти
Уставен суд му ги врза рацете на Врховен
Личните карти како пасоши за влез во Србија
Или не знаат право или немаат образ
Поплавите од Словенија и се закануваат на Хрватска
Карикатура
Тетовскиот регион со над 30.000 невработени
Биш
Стил
На Турчиња им предава на албански
Од ниви се краде грав и компири
"""