Број 3386  понеделник, 20 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Од ниви се краде грав и компири

ТЕТОВО - Земјоделци од селата Теново, Стенче, Волковија се жалат дека непознати крадци го собрале гравот од нивните ниви. Но, се краделе и други земјоделски култури, пиперки, домати, тикви, компири... Се претпоставува дека кражбите се случуваат поради голема сиромаштија, а можно е украдените производи да се носат на пазарите и да се продаваат.

„Време е за берба на грав. Сега се собира прва рака, која е најквалитетна и најголема. Ги користиме деновите на викендот и другото слободно време во денот да го собереме гравот. Кога отидовме на нива, имаше што да видиме. Само првите два реда од страната кај што има видик, гравот не беше собран. Внатре се' беше празно“, ни се пожали еден жител од Теново.

„Се чудам како може така слободно да се влезе во туѓа нива и цел ден да се помине во берба на грав, а потоа без срам да се изнесат полни вреќи сосе мешунки. Во овие денови на веќе созреан грав, нивите ни остануваат празни. Гравот има висока цена, особено новиот што го берат крадците. Не дај боже да затекнам некого во нива. Се плашам дека ќе ја затворам куќата. Работам цело лето, а сега наместо јас да го соберам плодот, тоа го прави некој друг“, револтирано вели жител на Волковија. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 1522 пати.

Испрати коментар

Од: kosta
Датум: 20.09.2010 13:56:19
зошто не кажувате што се по националност опљачканите,ако се Македонци јасно е : стратегијата од КОСОВО целосно се прелева овде за исчезнување на православието во Западна Македонија.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Државата гради најевтини станови
Казни за некористење на училишните компјутери
Гладни и стрвни
Astibo
Спектакл и љубов на небото на Битола
Македонските фирми одат масовно во банкрот
Економски националисти
Уставен суд му ги врза рацете на Врховен
Личните карти како пасоши за влез во Србија
Или не знаат право или немаат образ
Поплавите од Словенија и се закануваат на Хрватска
Карикатура
Тетовскиот регион со над 30.000 невработени
Биш
Стил
На Турчиња им предава на албански
"""