Се случи и појадокот на Камениот мост. Наместо две илјади луѓе, колку што беа пријавени, се појавија речиси двојно повеќе скопјани, па и граѓани дури од внатрешноста. Појадокот почна и заврши за половина час, иако беше предвидено присутните да се дружат и да уживаат три часа. А за тоа имаше и амбиент. Полни маси со храна и пријатна атмосфера што се создаваше од звуците на прекрасни мелодии што ги изведуваа ученици од Музичкото училиште на своите жичени инструменти и уличните свирачи. Идејата на градските власти беше убава, но настанот ја извади на површина сета социјална беда и некултура на граѓаните. Како што се полнеа штандовите со најразлични производи, така за миг ги снемуваше во бројните подадени раце. Се појавија постари жени и мажи со полни торби и најлонски ќесиња в раце со разни производи што ги собрале од шта��довите. Со полни усти и џвакајќи, повторно се навраќаа кон нив за да земат и уште нешто плус.
„Ќе одам на седница на Владата и лично ќе му кажам на Груевски дека на детето не му дадовте сокче“, се слушаше гласот на една баба, која се караше со учениците од Угостителското училиште „Лазар Танев“, кои повеќе не можеа да се одбранат од навалицата на луѓе што бараа уште и уште храна, иако штандовите веќе беа празни. Настанот, наместо убава прилика за дружба, одеднаш се претвори во нешто што ја исфрли на виделина реалноста. Се потврди уште еднаш дека бројката од 31,1 отсто сиромашни што ја објави неодамна Заводот за статистика навистина е реална. И на овој настан храната ги привлече гладните.
Но, освен фактот дека има многу гладни, се покажа дека Скопје има и многу некултурни граѓани, зашто меѓу оние што се туркаа за храна имаше и само навидум угледни граѓани.
Составот на тие што појадуваа неби рекол дека беше само од оние 31%,така имав прилика да го видам ексдиректорот на Комуна-проект од Тетово,а и други поединци според говорот и изгледот не припаѓаа на таа категорија.Би се рекло попрво навалица на ,,муфте,, храна.Е сега и на ова му се наоѓа маана,,каде е сокчето,, нема на пример ,,добра идеа и нека продолжи така,,Е за тоа сака малку повеќе доблест.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 20.09.2010 12:42:08
Слика и прилика на состојбите во општествово.Сè повеќе сум убеден,за разлика од авторот,дека на Гага лапачката,најмалубројни беа оние на кои навистина им беше потребен појадок!Всушност,можно е да имало и појава на „угледни граѓани“!Простотилукот во Турканицата,полнењето на најлонските ќеси (најверојатно и шишиња носеле за да си наполнат сокче) го докажува тоа!Стампедо,невидено!„Денес градоначалникот честеше...“,можеше да се слушне во некои медиуми!Небаре од неговиот ненаситен и секогаш плиток џеб сè припремил!
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 20.09.2010 12:42:10
Ne gi obvinuvajte lugjeto sto grabale hrana....ne grabale zlato i dijamanti - HRANA grabale. Da ne ste im vo koza....Kolku samo treba da padne covekovoto dostoinstvo, da se tepaat za hrana, popoleka se pretvorame vo vistinsko geto, kako onie evreiskite vo II svetska vojna...i tamu se tepale za hrana - poranesni ugledni i vlijatelni lugje, koj samo zgresile vo toa sto se evrei. I nasiov narod istoto go pokaza....sme pogresile sto ne sme VMRO-ovci
Од: vesna
Датум: 20.09.2010 12:50:11
toj sto bil navistina gladen nemal moznost ni da se doblizi do mostot bidejki toj sto e navistina gladen nema ni tv nitu pak znae za vakvi manifestacii. ova vcera bese alcnost. sekoja cest na tie sto pravilno ja sfatija manifestacijata pa ubavo si sednale na masa slusajki muzika pojaduvaa
Од: ilija
Датум: 20.09.2010 13:08:27
sit nagladen neveruva pa nivije gospogo. pozdrav
Од: dimi61
Датум: 20.09.2010 15:06:58
Тоа е преродбата, тоа што го видовме на т.н.појадок е всушност вистината за денешната гордата библиска држава Македонија. По четири години преродба и управување на економијата имаме само беда и сиромаштија.И како што вели Груевски вистината е како шило врти, врти и излегува на видело.Е богами излегува и тоа не сакајќи ама не се крие.
Од: јас
Датум: 20.09.2010 15:26:42
Моралот и етичноста на Македонците е ОПАСНО ОПАДНАТ!! Почнувајќи од продавање за едно блгарско паспортче со цел да се оствари некаква корист ( сакале вие или несакале сепак си го продавате македонското во себе, со тоа што потпишувате изјава дека сте „ благонадежни блгари по род или сл ) и никакви изјави на нотар дека сте принудени тоа да го сторите , а сте „чисти македонци “ ,НЕ ВЕ ПЕРАТ !!! од тоа па до грабање на гага - храна , само е мал чекорот .Во ред , имало гладни , па се грабале за храната , можам да разберам .. АМА ДА ПОЛНИШ КЕСИ И ТОРБИ ????
Од: redovna citatelka
Датум: 20.09.2010 17:36:06
Genetska glad koja smetavme deka e minato. Svedskata masa bese test duri i za negladnite. Sega odnovo se!
Од: Трпе
Датум: 20.09.2010 17:47:15
Ова дпмнеовска блада,го дресира сопствениот народ како да му јаде од рака.А после дресурата ако не слуша ,ке јаде котек.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 20.09.2010 18:20:03
Кој на ПОЈАДОКОТ грабал храна незнам, бидејки не бев таму, но во една слична прилика, бев сведок , кога "грабачки" беа две тнр. госпоѓи, од кои едната, со примања над 120.000,00ден. да, да, 120.000,00ден. или две илјади евра. Инаку секоја чест на г-нот Коце Трајановски за прекрасната идеја.
Од: DOBRE
Датум: 21.09.2010 05:37:38
Ova nesto sto se sluci na kameniot most (STO GO GRADELE RIMJANI) go imam gledano pred 20 godini vo AFRICKA SOMALIJA ama mislim i tie AFRIKANCITE se odnosea POKULTURNO od ovije skopjanive.Znaci so ovoj narod nesemoze bez STAP I KAMGIK.