Број 3386  понеделник, 20 септември 2010
прва стран��ца Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Казни за некористење на училишните компјутери

Инспекторите од денеска ќе излезат на терен и ќе проверуваат каде не функционираат компјутерите

Жаклина Хаџи-Зафирова

Три илјади евра е највисоката казна што ќе мора да ја плати училиштето каде што не се користат компјутери во наставата, а со илјада евра ќе биде казнет наставникот што нема да ја реализира електронски наставата. Со вакви драконски казни ќе се соочат оние училишта во државава каде што ќе се утврди дека не функционира проектот „Компјутер за секое дете“ откако пред две недели беа донесени законските измени за задолжително користење компјутери во наставата.

Десет екипи на Државниот просветен инспекторат од денеска ќе излезат на терен и ќе ги посетуваат сите средни училишта во државава за да проверат каде не функционираат компјутерите. По скенирањето на средните училишта, ќе се проверуваат и основните. Од Инспекторатот најавуваат дека ќе фрчат и тужби за оние училишта каде што нема надомест за оштетените компјутери за кои ќе треба да платат учениците.

Екипите ќе бидат составени од инспектори од Министерството за образование и експерти од Министерството за информатичко општество.

„Ќе видиме каде има проблеми во изведувањето настава на компјутери. Ако има проблем во инсталирањето, ќе видиме како можеме да помогнеме за да се вклучат компјутерите. Доколку нема таков проблем, директорите ќе ја понесат ��дговорноста ако не се употребуваат компјутерите“, објаснува Арсов. Според него, по поднесувањето на кривичните пријави за оштетувањата на компјутерите во училиштата, значително се намалени штетите, но се' уште сумата за оштетените компјутери е голема и изнесува околу 30 милиони денари. Директорот на Инспект��ратот се жали дека училишните одбори не барале одговорност од директорите за направените штети, па затоа сега Министерството ќе ги тужи конкретно училиштата кои ќе мора да платат за штетите.

Моментно голем број училишта се соочуваат со тешкотии околу инсталирањето на компјутерите што ги нема секаде, а има и такви училишта каде што штетите се огромни и никој се' уште не ги надоместил. Ваквата хаотична ситуација, сепак, не постои за надлежните, кои тврдат дека компјутерите се употребуваат речиси секаде, а најмалку во 60 отсто од училиштата.

Најскандалозен е можеби примерот со скопското Основно училиште „26 Јули“ каде што никој од ресорните министерства за образование и за информатичко општество две години не дошол за да праша зошто не им се инсталирани компјутерите. Надлежните се заинтересираа за овој случај дури откако медиумите известија за тоа.

Проблем во оние училишта каде што компјутерите се инсталирани и функционираат е тоа што учениците, пак, повеќе ги користат за Интернет и да се „закачат“ на „Фејсбук“ отколку што ги употребуваат за да ја следат наставата. Има и такви училишта каде што има огромни штети, а тие се' уште не се надоместени, па компјутерите повеќе им пречат отколку што им користат на учениците.

Сега, дополнителен проблем за училиштата е пристигнувањето на лаптоп-компјутерите што се наменети за основците од прво до трето одделение, бидејќи и тие чекаат да бидат инсталирани.

Директорите на неколку скопски училишта велат дека биле известени од Министерството за информатичко општество оти треба да почекаат на софтверот за да може да профункционираат. Во меѓувреме, за да не пречат и тие како и компјутерите од претходниот проект, се складираат во училишните магацини.

Пратеничката на СДСМ Маринела Тушева вели дека компјутерите се нефункционални, а дека цената за тоа што не се употребуваат ја понесуваат наставниците. „Наставниците не знаат од која страна да се бранат. Постојано им се закануваат, а сега и со драконски казни за неупотреба на компјутерите“, изјави Тушева.


#
Статијата е прочитана 1793 пати.

Испрати коментар

Од: goran
Датум: 20.09.2010 12:18:52
E ova go ima samo vo prerodbenicka drzava:otkako se potrosia 50 milioni evra i mu gi tupnaa na ucilistata niz drzavava bez prethodna analiza za implementacia na proektot sga uste i pak ke padne na tovar na narodot i roditelite kaznite koi ke gi izreat inspektorite..pazete ve molam na drzavnite ucilista.znai sam sebe go ubial.
Од: јас
Датум: 20.09.2010 15:34:00
Па овие стварно не се нормални !!! Ќе си „удирале “ самите на себе казни ??? Што уште човек нема да слушне од овие портокали?? А впрочем , моето 2 годишно внуче вчера тргна в градинка..КАДЕ Е ЛАПТОПОТ ЗА НЕГО ????
Од: Трпе
Датум: 20.09.2010 17:35:04
Како овој вицот за козата и фесот.На крајот излегло дека тоа било турска белја.На крајот нашата блада најде начин како да си ги поврати средствата од монитор за секој ученик.Останува на ова блада на народот да го наплака и воздухот кој го дишат.Ке казнуват и некој ако троши помалку кислород.Дали некој има извршено контрола ,каков е квалитетот на овие компјутери.Имам слушнато дека таму каде се инсталирани,наставниците мора да изигруват чувари на компјутерите а никако не смеат да се замерат со ученик и нивните родители.Исто така кажуват дека интернетот бил за никаде и во сите наставни предмети по програмата немало услови за примена на компјутер.Но ова блада злоупотребувајки ја добрината на македонскиот народ ке ги натера да научат да летат како што и тие како неиозживеани високо летат.
Од: Tрајче Калевски
Датум: 20.09.2010 18:32:55
Со сила и казни не можете да ја исправите катастрофалната грешка во образованието!Најдобро за сите ќе биде оваа власт да се тргне понастрана од образованието бидејќи таму направи хаос, а последиците се за сите нас!Нели во вашата „преродба‘‘ немаше казни за наставниците или тоа го заборавивте?
Од: Zoran
Датум: 20.09.2010 19:26:24
Нарачките се големи, милионски зошто така и сумата за во џебот ке е милионска.Со овај потег не се постигнува никаков напредок во образованието кое е на најниско можно ниво,туку ќе се произведат генерации што освен фејсбук, месинџер и игрички ништо нема да знаат и нема да сакаат да научат. За штетноста: најмалце 8 куќишта во училница ствараат голема бучава што ствара замор, дали е корисно децата да минуваат и до 10 саати пред монитор (6-7)на училиште? Иначе 70% од учениците не ја знаат ни таблицата што би било смешно да не е жалосно.Се на се целта(огромна провизија за в џеб) ги оправдува средствата(закани и казни за училиштата и наставниците кои сакаат учениците да ги научат да размислуваат)
Од: Igor
Датум: 20.09.2010 22:48:54
Hmmm, statijata e interesna za komentiranje od poveke aspekti, no najveke bi sakal da kazam deka naslovot skoro i da ne odgovara na sodrzinata na tekstot. Interesen e i faktot, deka site objaveni komentari imaat ista nasoka, a taja e negativna kon vladata..Se prasuvam, dali e toa slucajno ili ne? Dali imase barem eden komentar koj ja zastapuva drugata teza, vo zastita na proektot,pa da procitame i nesto porazlicno?! Za odlukata na vladata (neli e toa temata, a ne rabotata na razlicnite institucii?) , mozam da kazam deka ke ima vospiten efekt Za toa da se podigne svesta na celoto opstestvo ( pa i na direktorite najveke) zatoa, deka treba da se naucime na otgovornost. Neli se tie istite direktori i nastavnici, neli sme nie tie roditeli koi treba da gi ucime decata na odgovornost, za da se ima edno po sredeno opstestvo?Taka ja razbiram jas ova odluka na vladata i ja podrzuvaam,bidejki so beganje od odgovornost i baranje krivica vo drugite, na nisto dobro nema da gi naucime nasite deca.
Од: kire
Датум: 20.09.2010 23:33:59
Koj kazni bre sto zborvite koj kompjuteri bre za sramota koj direktori ,vo ucilistata nema struja a kamoli internet kompjuteri kako masini za pisuvawe,igracki,sluzbite vo ucilistata koi se povrzani so trezorsko rabotewe nemaat internet a ne pak decata ,so da pravat so kompjuterite da crtaat ,sto Ovoj Haos neviden Haos a ne e dolgo vremeto koga i site ucilista ke bidat iskluceni od strujata posto srestvata sekoj izminat period se namaluvaat taka sto smetkite za struja nema da moze da se podmiruvaat,nema srestva za toner ,nemaat nastavnicite niti sluzbite kaj da ispecatat ,direktorite matrijalnite trosoci ,,racionalno gi trosat,,nema srestva za potrebite osnovni a ne pak za toa sto netreba
Од: mimi
Датум: 20.09.2010 23:58:32
Ajde sega i za drugo mu tekna kazni i od tuka da soberat nekoj denar sramota bre 3000 evra 1000 evra za nastavnik poarno da si dade ostavka otkolku da plaka kazna nemaat oset so kaznite ako neka ima kazni ama da se 300 ili 100 evra bilo koja kazna ama pregolemi se kaznite ova go nema nikade pozzzz

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Државата гради најевтини станови
Гладни и стрвни
Astibo
Спектакл и љубов на небото на Битола
Македонските фирми одат масовно во банкрот
Економски националисти
Уставен суд му ги врза рацете на Врховен
Личните карти како пасоши за влез во Србија
Или не знаат право или немаат образ
Поплавите од Словенија и се закануваат на Хрватска
Карикатура
Тетовскиот регион со над 30.000 невработени
Биш
Стил
На Турчиња им предава на албански
Од ниви се краде грав и компири
"""