Притворен скопјанец поради полов напад врз шест деца

На децата на возраст меѓу четири и осум години осомничениот Љ.П. им прикажувал порнографски списанија и фотографии
Скопскиот Кривичен суд му одреди едномесечен притвор на скопјанецот Љ.П. (46) откако полицијата му поднесе кривична пријава, а Јавното обвинителство барање за спроведување истрага поради сомнеж дека сторил кривични дела полов напад врз дете и покажување порнографски материјал на дете.
Според Министерството за внатрешни работи, пријавата била поднеснена по обезбедени докази дека осомничениот годинава во повеќе наврати ги сторил делата врз пет женски и едно машко дете од Скопје. Станува збор за деца што се на возраст меѓу четири и осум години.
Од МВР потврдуваат дека кривичноправните настани за кои се осомничува Љ.П. се случувале во повеќе наврати и во еден подолг период од првата половина на годинава, односно се' до минатата недела кога децата им раскажале на своите родителите дека Љ.П. им прикажувал порнографски слики и списанија, дека ги допирал по интимните делови од телата и ги терал да го допираат неговиот половиот орган.
За осомничениот од МВР велат дека и самиот е родител на две деца, од кое едното е малолетно, и дека работел како автомеханичар во гаража во скопската населба Чаир. Тој на децата им давал бомбони и пари за сладолед и на тој начин ги намамувал да влезат во неговата гаража каде што потоа им ги прикажувал порнографски ��отографии и списанија. Осомничениот им кажувал на децата дека доколку сакаат да бидат славни и познати модели и притоа да заработуваат многу пари, требало да ги прават истите работи што ги гледале на фотографиите. Искористувајќи ги детската наивност и љубопитност, Љ.П. ги допирал по интимните делови од телата, ги бакнувал и ги терал да го допираат и орално да го задоволуваат на ист начин како што тоа било прикажано во порнографските списанија.
Ваквото непримерено однесување траело се' до неделата кога децата им раскажале на своите родители за сето она што се случувало во гаражата на Љ.П., по што случајот бил пријавен во ПС „Бит-пазар“. Уште истиот ден, а со добиен судски налог, полицијата извршила претрес во неговиот дом и притоа на неколку места во гаражата биле пронајдени порнографски материјали. Осомничениот бил приведен во полициска станица. Пред инспекторите тој најпрво ги отфрлил обвинувањата, а потоа продолжил да дава изјави, кои според МВР, биле контрадикторни и конфузни. Врз него било извршено полиграфско тестирање со кое се потврдиле изјавите на злоупотребените деца, односно дека стојат делата за кои тој е осомничен. Полицијата претходно во присуство на родителите, полициски службеници задолжени за малолетничка деликвенција и тим од Центарот за социјални работи, психолог и социјален работник, добиле исказ од децата, кои само потврдиле дека биле предмет на сексуална злоупотреба. (Љ.С.) |