Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Осудените на доживотна бараат „хашка милост“

Најави за бунт во најголемиот затвор во земјава

Горан Адамовски



Намалување на доживотните казни затвор и целосна амнестија за другите осуденици, бараат затворениците во „Идризово“. Инспирирани од неодамнешната амнестија на обвинетите во четирите хашки случаи, станарите на најголемиот затвор во земјата упатиле ултиматум до властите барањата да им бидат исполнети во рок од две недели. Во затворот „Идризово“, како и во Управата за извршување санкции, вчера немаше кој да ги потврди или да ги демантира овие информации. Надлежните беа свикани на итен состанок, кој траеше до доцна попладнето.

Според информациите на „Утрински весник“, барањата на затворениците воопшто не се наивни ниту, пак, станува збор за обично поднесено барање.

„Казните на триесетината затвореници што се осудени на доживотен затвор да им бидат намалени на 20 години. Другите затвореници да бидат амнестирани. Помилувањата да бидат изречени до Илинден, односно на 2 август. Ако не, се закануваат дека веќе на 3 август ќе се организира силен бунт“, велат нашите извори.

Се тврди дека затворениците вчера биле на средба со директорот на затворот, Миле Младеновски. Најавените барања на затворениците следуваат откако парламентарното мнозинство донесе политичка одлука за повлекување на хашките случаи, односно одлука со која судот веќе нема да суди по поднесените обвиненија за најтешки кривични дела.

Во „Идризово“ се паметат неколку протести на затворениците, тепачки, инциденти, но ситуацијата набргу била доведувана во ред. Сега може да биде поинаку, стравуваат вработените во затворот.


#
Статијата е прочитана 966 пати.

Испрати коментар

Од: robijas
Датум: 23.07.2011 13:05:01
koga veke ima nekoe amnestiranje na teski krivicni dela togas neka postoi za site zlostornici na teski krivicni dela,mislam duri togas ke vidi vlasta sto napravi pred nekoj den vo sobranieto... golema podrska za zatvorenicite
Од: Divecot e pusten !
Датум: 23.07.2011 16:16:13
More koga gi amnestiravte onie voeni zlocinci , oslobodetegi site ubici i kriminalci, neka slobodno si setaat po ulicite, a so naredba site gradjani ce izleguvame so panciri i slemovi, zaradi zastita.
Од: eli
Датум: 24.07.2011 08:45:35
podrska za zatvorenicite, vlasta nr treba da vrsi diskriminacija na svoite gracani sosema se opravdani nivnite baranja
Од: Милан
Датум: 24.07.2011 13:26:50
Може и аболиција...

Најди! во Утрински
Насловна
Притворен скопјанец поради полов напад врз шест деца
Антимакедонската резолуција помина во Вашингтон
Од сабота до сабота
На Стоби под вршник се конзервира IV век
Живот како игротека
Оптимизмот во здравството
Ејми Вајнхаус пронајдена мртв�� во нејзиниот дом
Парламентарци и парламентарки и понекоја свадба
Нема веќе аџилак на гробот на Рудолф Хес
Нови денови за востание во костими
Лажно поевтинување
Најмалку 92 лица загинаа во нападите во Норвешка
Појадок кај „Пастел“
Телевизија за дами и повторувачи
Бања Лука очекува нова рок-енергија на „Демофест“
Светот ги осуди нападите во Осло
Вистинска Андроид сензација!
Простено „Непроштено“
Од недела нестабилно време со дожд и грмежи
Дерегулација на регулаторот
„Дечки, имам проблем!“
Аутизам-генерација
Малкумина и се израдуваа на новата цена на зелениот картон

"""