Време
Од недела нестабилно време со дожд и грмежи

22.07.2011, 15:02
Од недела попладне се очекува период на променливо и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), локално ќе има појава на невреме со силен ветер, град и електрични празнења, како и интензивен пороен дожд кој за кратко време се предвидува да наврне повеќе од 20 литри на метар квадратен.
Во случај на појава на електрични празнења УХМР препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
|