Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Фестивал

Бања Лука очекува нова рок-енергија на „Демофест“

На 27 јули, в среда, стартува тридневната рок-авантура што ќе обедини неафирмирани и возбудливи бендови од Србија, Македонија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и од Босна и Херцеговина под знакот на „Јелен демофест“

Бојан Шашевски

Почна да се наѕира почетокот на летниот музички хепенинг „Јелен демофест“ во Бања Лука. За неколку дена, поточно на 27 јули, стартува четвртото издание на фестивалот, кој повторно ќе обедини неафирмирани и возбудливи бендови од Србија, Македонија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Како и претходните изданија, освен натпреварувачкиот дел и наградите, тридневната авантура „Демофест“ на средновековната тврдина Кастел ќе презентира и ревијален дел. Ќе гостуваат неколку светски докажани музички имиња, а ќе има и здраво размрдување до раните утрински часови со меѓународни електронски продуценти и диџеи. Летното босанскохерцеговско освежување ќе вдоми и околу 100 акредитирани новинари од земјите од регионот, што, всушност, претставува нов демофестивалски рекорд.

На „Демофест“ годинава ќе се постави, најблаго речено, една шаренолика програма со доста инспиративни културно-забавни содржини. Свирки, изложби и работилници ќе има на локалитетот во Кастел, но и во клубот ДФК, кој нек��лку години успешно гази врз музичкиот кич и на своите гости им овозможува културна револуција и алтернативни настани.

Покрај звучната пресметка на тринаесетте полуфинални демо-бенда, првиот ден ќе настапат „Преждерани“, третопласираните од ланското издание, германскиот продуцент Јан Пули, но и црномурната американска пејачка Келис. Преку ден ќе може да се погледне изложбата на стрипови, а ќе се одвива и интерактивна изработка на древни инструменти. Дворот на ДФК постојано ќе биде домаќин на утринските сесии на диџеј Вања.

Во вториот ден ќе продолжи работилницата за стрипови, но ќе се одржи и промоција на книга на младиот автор Марко Штромајер. Вечерта на 28 јули е резервирана за трип-хоп сензацијата Трики. Британскиот музичар и актер ќе се претстави во претпознатливо светло со спречгесанг (sprechgesang) - експресионистичка вокална техника меѓу пеење и зборување. На истата бина ќе настапат нови четиринаесет натпреварувачки бенда, регионалниот состав „Курири“, но и хаус-диџејот Енди Ворд.

Финалниот ден на победниците ќе им понуди можност за натамошен договор за снимање албум, парична награди, видоспот во продукција на ТВ-каналот Ем-Ти-Ви, т.е. комплетен аранжман за музика афирмација. Ќе се додели и признание за најперспективен бањалучки состав. За соодветен крај на „Демофест“ се ангажирани реге-металците „Скиндред“ и ланската првопласирана група „Трисам“. Потоа следува полноќната журка со драменбејс-артистот Биг Бад.

Се' на се', убаво запакувана музичка одисеја. Тридневно танцување, мултикултурно дружење, визуелно анимирање, адреналински шутки и опуштање под отворено небо. Иако беше најавено учеството на тетовскиот виолинист Глигор Кондовски, на годинешниот „Демофест“ од домашните изведувачи единствено можност да засвират и приграбат некоја награда ќе имаат битолчаните „Агенст дем ол“.


#
Статијата е прочитана 445 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Притворен скопјанец поради полов напад врз шест деца
Антимакедонската резолуција помина во Вашингтон
Осудените на доживотна бараат „хашка милост“
Од сабота до сабота
На Стоби под вршник се конзервира IV век
Живот како игротека
Оптимизмот во здравството
Ејми Вајнхаус пронајдена мртва во нејзиниот дом
Парламентарци и парламентарки и понекоја свадба
Нема веќе аџилак на гробот на Рудолф Хес
Нови денови за востание во костими
Лажно поевтинување
Најмалку 92 лица загинаа во нападите во Норвешка
Појадок кај „Пастел“
Телевизија за дами и повторувачи
Светот ги осуди нападите во Осло
Вистинска Андроид сензација!
Простено „Непроштено“
Од недела нестабилно време со дожд и грмежи
Дерегулација на регулаторот
„Дечки, имам проблем!“
Аутизам-генерација
Малкумина и се израдуваа на новата цена на зелениот картон

"""