Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

„Крушево-етноград“

Нови денови за востание во костими

Од недела, 24 јули, одново почнува летното туристичко востание (трет пат) во Крушево, со свечено отворање пред споменикот „Илинден“

„А„Ако го вратиме Крушево сто години во минатото, големи се шансите да го фатиме чекорот на иднината“, кажа пред четири години тогашната градоначалничката на Крушево, Лефка Гаџовска, промовирајќи го проектот „Крушево - етноград“. Дури и кога ќе се слушне вакво нешто по одредена временска дистанца и понатаму звучи како шеговит афоризам. Но, и покрај навидум шегобијниот пристап, „Крушево - етноград“ веќе трета година е манифестација што се случува и го извлекува градот на востанието од асоцијацијата на „Твин пикс“, која е запишана како несмасен графит на таблата од влезот во Крушево.

На шега - на смеа, но од утре, 24 јули, одново почнува летното туристичко востание, со свечено отворање пред споменикот Илинден. Идеологот на ова туристичко востание, неформален војвода и ентузијастички пијар (пропагандист) на манифестацијата, Ранко Петровиќ, ненаметливо, но упорно ја спроведува идејата дваесетина дена во Крушево, граѓаните, туристите, политичарите, културно-естрадните ѕвезди да ги костимира и да ги стави во времепловот на Илинденското востание. Со идејна и материјална поддршка од Општината Крушево и Историскиот музеј, градот дваесетина дена (со тенденција да трае и подолго), враќајќи се сто години наназад, настојува да ј�� дофати надежта за посреќна и поудобна иднина. Годинава се очекуваат 3.000-4.000 туристи во тие денови на туристичко востание, а за нивна анимација се организираат разни тематски вечери (турска, чорбаџиска, вечер на серенади...) и некои други активности , што ќе ја зацврстат позицијата и идејата за „Крушево - етноград“.

Кога во недела, во 19 ч., Ранко Петровиќ Бубамара ќе се обрати со новиот туристички манифест, веројатно, во стилот: „Браќа, сестри и мили комшии,

денеска од слободно Крушево, пред споменикот Илинден, продолжува идејата за КРУШЕВО ЕТНОГРАД, започнува новото, овој пат туристичко востание. БРАЌА, Брзаме да Ви го честитаме востанието!... Ве поздравувам, сите вас храбри јунаци што денеска сте тука и ја поддржавте идејата за КРУШЕВО ЕТНОГРАД. Воедно ги охрабрувам сите, и сеирџиите и кодошите и дезертерите да се приклучат кон нашето туристичко востание напорно да работат, бидејќи без нив нашата победа нема да биде толку голема и слатка. Како крушевски локум...“, значи дека поканата е отворена, за сите оние што сакаат да го почувствуваат историскиот времеплов со забавен карактер.

Побрзајте да си го честитате востанието!

(Ј.П.)












#
Статијата е прочитана 1008 пати.

Испрати коментар

Од: majstor
Датум: 23.07.2011 22:11:14
Uraaaaaaaa! Odime na vostanie kaj Ranko!
Од: Tina
Датум: 24.07.2011 09:06:44
Ubavo, da, i sakam oste sliki ubavi. Prvata slika, ubavi nosiji, ama edno momce da bese so momite, ke bese po znacajno. Drugata foto e znacajna so rezbarovata artisticka ubavina. Sepak nekoj da mu kazal na toj sto stoi, da se svrti. Mer gazot ke mu go gledat, sekogas koga ke pokazam tie sliki na lugeto kaj mene? Malce neugodno,ha,ha,ha. Zaklucok, slikite se snimeni od ne profesionalec. Jas znam. Jas sum fotografer, po profesija.

Најди! во Утрински
Насловна
Притворен скопјанец поради полов напад врз шест деца
Антимакедонската резолуција помина во Вашингтон
Осудените на доживотна бараат „хашка милост“
Од сабота до сабота
На Стоби под вршник се конзервира IV век
Живот како игротека
Оптимизмот во здравството
Ејми Вајнхаус пронајдена мртва во нејзиниот дом
Парламент��рци и парламентарки и понекоја свадба
Нема веќе аџилак на гробот на Рудолф Хес
Лажно поевтинување
Најмалку 92 лица загинаа во нападите во Норвешка
Појадок кај „Пастел“
Телевизија за дами и повторувачи
Бања Лука очекува нова рок-енергија на „Демофест“
Светот ги осуди нападите во Осло
Вистинска Андроид сензација!
Простено „Непроштено“
Од недела нестабилно време со дожд и грмежи
Дерегулација на регулаторот
„Дечки, имам проблем!“
Аутизам-генерација
Малкумина и се израдуваа на новата цена на зелениот картон

"""