Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Нема веќе аџилак на гробот на Рудолф Хес

Коските на заменикот на Адолф Хитлер се ексхумирани и ќе бидат спалени

Гробот во кој се наоѓаат останките на Рудолф Хес, заменикот на Адолф Хитлер, е уништен за да престане да се користи како место за аџилак на неонацистите. Коските на Хес во средата изутрината биле ексхумирани од гробиштата во градот Вунсидел, во јужниот дел на Германија. Останките ќе бидат кремирани и потоа истурени во морето.

Хес беше заробен откако замина за Британија во 1941 година и беше осуден на доживотен затвор. Тој се самоуби во затворот во Берлин во 1987 година на 93-годишна возраст. Како што побарал во својот тестамент, тој бил погребан во малиот баварски град Вунсидел, каде што неговото семејство има викенд-куќа и каде што неговите родители веќе биле погребани.

Локалната лутеранска црква, под чија надлежност се гробиштата, во тоа време ја даде дозволата за погребување, наведувајќи дека желбите на починатиот не може да бидат игнорирани, објави „Зидојче цајтунг“. Но, тие и локалното население оттогаш станаа се' позагрижени од бројот на екстремно десничарските групи што го посетуваат гробот.

Секоја година на годишнината од неговата смрт неонацистите се обидуваат да организираат марш до гробиштата, салутирајќи пред гробот со неговиот епитаф „Јас се осмелив“ и положуваат венци цвеќе. Судската одлука од 2005 година со која се забранија такви собири имаше мал ефект, па црквата се одлучи да го поништи закупот на гробното место на семејството од октомври 2011 година.

Внуката на Хес се спротивстави на одлуката, објави весникот. Таа поведе судска постапка во обид да се спречи ова, но на крај беше наговорена од советот на општината да се откаже од случајот и да дозволи да се изведе ексхумацијата.

Хес беше еден од најблиските соработници на Хитлер. Но, во 1941 година тој направи соло-посета на Шкотска каде што неговиот авион се урна, а таму беше во, наводно, неовластена мировна мисија што беше осудено од страна на фирерот. Тој беше затворен од страна на Британците во текот на целото траење на војната. На судењата во Нирнберг во 1946 година Хес беше ослободен од обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото, но беше осуден за злосторства против мирот и му беше изречена казна доживотен затвор. Тој помина 40 години во затворот „Шпандау“ во Берлин. Беше последниот затвореник во затворот кога во август 1987 година беше пронајден обесен. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 953 пати.

Испрати коментар

Од: Simo
Датум: 23.07.2011 00:30:58
Што значи тоа „спалени“? - Јас одамна не живеам во Македонија, ама се сметам за македонец, кој одлично знае македонски. За ваков збор немам слушнато?!
Од: bugarin
Датум: 23.07.2011 08:26:02
ово е Бугарски збор Симе :))) од запалени е
Од: Јован
Датум: 23.07.2011 15:23:44
Оваа постапка не може да ја спречи почитта кон Хес. Не може да се заборави и оспори фактот дека Хес во екот на војната направи херојско дело-отиде во Велика Британија да направи мир. Која иронија е да му судат за злосторство против мирот!? Хес ниту убил некој, ниту поттикнал некој да убива. Зошто Британците ги кријат архивите за овој случај-да не се плашат од вистината? Ако Хес е виновен за злосторство против мирот, тогаш што да кажеме за Џорџ Буш кој нападна воено две суверени земји како Ирак и вганистан и барак Обама и Саркози кои денес ја бомбардираат суверена Либија. Тоа не е злосторство против мирот?? Но историјата ја пишуваат победниците...

Најди! во Утрински
Насловна
Притворен скопјанец поради полов напад врз шест деца
Антимакедонската резолуција помина во Вашингтон
Осудените на доживотна бараат „хашка милост“
Од сабота до сабота
На Стоби под вршник се конзервира IV век
Живот како игротека
Оптимизмот во здравството
Ејми Вајнхаус пронајдена мртва во нејзиниот дом
Парламентарци и парламентарки и понекоја свадба
Нови денови за востание во костими
Лажно поевтинување
Најмалку 92 лица загинаа во нападите во Норвешка
Појадок кај „Пастел“
Телевизија за дами и повторувачи
Бања Лука очекува нова рок-енергија на „Демофест“
Светот ги осуди нападите во Осло
Вистинска Андроид сензација!
Простено „Непроштено“
Од недела нестабилно време со дожд и грмежи
Дерегулација на регулаторот
„Дечки, имам проблем!“
Аутизам-генерација
Малкумина и се израдуваа на новата цена на зелениот картон

"""