|
|
|
|
|
|
Мислења
Простено „Непроштено“
Ѓорѓи Спасов
Во Македонија за пет евра земен поткуп на патарините ве водат со лисици на рацете в затвор, а со политичка одлука на две партии се ослободени од одговорност лица што киднапирале, убивале и вршеле тортура
По усвојувањето на двата закона за употребата на знамињата на етничките заедници и за употребата на јазикот, во Собранието влезе и предлогот за автентично толкување на Законот за амнестија.
Според ова автентично „вмровско“ толкување, Хашкиот трибунал згрешил што ги вратил четирите случаи во Македонија и што побарал од македонското судство, а не директно од Собранието на Македонија, да ги реши. Затоа Собранието појаснува дека тие случаи не се веќе случаи и дека дури и ако биле направени злосторства што се казниви според меѓународното хуманитарно право, тоа не се злосторства, туку „активности“ на поединци во време на војна што се опфатени со Законот за амнестија.
Опозицијата бесполезно се обидуваше цел ден да објасни дека такви дела не можат да бидат опфатени со Закон за амнестија, дека за здравјето на нашето судство и на демократијата е добро да има судска завршница и вината да се индивидуализира. Имаме и закон за соработка со Хашкиот суд, кој не' обврзува да постапиме за тие случаи и дека оваа постапка на Собранието не ја дозволува Меѓународното хуманитарно право.
Но, од молчењето на ВМРО-ДПМНЕ и од дискутантите на Д��И, а и од појаснувањето на Амди Бајрам, стана јасно дека без такво автентично толкување на Законот нема да може ВМРО-ДПМНЕ да состави влада, а дека на ДУИ ова му е поважно од сите министерски места во Владата. Зошто?
Откако се вратени судските предмети познати како хашки случаи на натамошна постапка пред домашните судови, некои луѓе во ДУИ постојано се на штрек и веројатно под закана од судска одговорност. Малку е веројатно дека командантите на ОНА или самиот Али Ахмети можат да бидат директно одговорни за таквите дела, но и никој од нив не може да биде сигурен откако тие би влегле во македонските судови до каде може да стигне истрагата и кој се' би можел да биде притворен и осуден. Во ДУИ сосема сигурно не веруваат во политичката и етничка непристрасност на македонското судство. Тие се свесни дека во Македонија преку политичка инструментализација на судството во изминатиот период беа направени многу зулуми и многу неправди. Голем број и со нивна премолчана согласност.
ДУИ како учесник во власта го знае тоа и не му верува на Груевски дека во погоден момент нема да го инструменталзира судството и преку активирањето на овие случаи нема да биде некој од нивните активисти, парламентарци или министри уценуван од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Оттука ДУИ пред да дозволи натаму да биде уценуван, решил самиот да го уцени Груевски и од него да побара, како услов за влегување во владата да го направи ова автентично толкување, со кое се ослободуваат од одговорност сите лица поврзани со делата познати како четирите хашки случаи.
Проширувањето на амнестијата ДУИ го користи како политички инструмент за евентуално спречување на политичка инструментализација на судството на штета на интересите на Албанците во Македонија.
Ова не е прв пат во поновата македонска историја некој вид амнестија да се користи како инструмент за одбрана од можна политичка инструментализација на судството. Претседателот Борис Трајковски, на пример, ја амнестираше Доста Димовска кога се поведе судска истрага во врска со прислушување политичари, новинари и дипломати од страна на полицијата. Неговото објаснување беше дека тој не верува оти во тој високополитизиран политички процес таа ќе добие фер третман од судовите во Македонија. Подоцна и Црвенковски како претседател на државата му даде амнестија на Зоран Заев со образложение дека има обврска да го заштити од политички инструментализираното судство на Груевски.
Оттука, можните стравувања на ДУИ од политизацијата на овие случаи во судството можеби не се без основа како и стравот дека покрај сите оспособувања и тренинзи на судиите и обвинителите во Македонија за справување со овие случаи, може да се случи да не добијат фер третман. Во ДУИ се' повеќе од свесни дека се' додека овие случаи не бидат тргнати од судовите, нивниот политички партнер во власта (во овој случај ВМРО-ДПМНЕ) може постојано да го држи раководството на ДУИ под закана од нивно активирање, па и апсење на некои лица поради нивната, да кажеме, командна одговорност во времето кога делата за кои станува збор биле направени.
Оттука не треба да се прашуваме кого спасуваа со ова автентично толкување ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ, преку проширувањето на амнестијата и за овие дела се спасуваше себеси, а ВМРО ја спасуваше коалицијата со ДУИ, која му е неопходна за состав на нова влада. Кога ќе влезат во игра толку силни интереси, тогаш луѓето што стојат зад нив се подготвени да побиваат и математички аксиоми. Тогаш станува целосно бесмислено да им објаснуваш дека тоа не е според закон и дека кога виновниците за такви дела не се изведуваат пред суд. тогаш се праќа не само лоша порака во светот од Македонија, туку и до сите што искрено се надевале дека правдата ќе биде задоволена.
Али Ахмети како командант на ОНА да се согласеше сторителите на тие дела да бидат колку што е можно побрзо изведени пред суд и низ фер судење да ја добијат заслужената казна, ќе докажеше дека независно од тоа што такви дела се случиле за време на конфликтот од 2001 година, тој не го поддржува нехуманото однесување кон невините граѓани од македонска етничка припадност и дека 10 години по војната, нема да дозволи името на ОНА да биде извалкано со такви дела.
Вака, независно од мотивите на толкувачите на Законот за амнестија, останува фактот дека во Македонија, во која за пет евра земен поткуп на патарините ве водат со лисици на рацете в затвор, со политичка одлука на две партии се ослободени од одговорност лица, кои според сите наоди, направиле дела казниви според меѓународното хуманитирано право, како што се киднапирање, убиство, тортура врз цивилни лица.
Двете партии добија поддршка за таквата одлука експресно со писмо од Јохан Трачуловски, единствениот осуден Македонец од Судот за воени злосторства во Хаг. Тој во своето писмо испратено до здружението на неговите бранители, го велича Груевски до небо и го охрабрува да ги амнестира сторителите на такви дела за кои тој е осуден од меѓународниот суд во Хаг.
Реално гледано, во споредба со делата за кои се амнестирани Албанците во четирите хашки случаи со автентичното толкување на Законот за амнестија, Јохан Тарчуловски е повеќе од невин. Со тоа Македонија, по силното оспособување на нашето судство за справување со овие случаи, му држи лекција на судот во Хаг дека осудил лице, кое за такви дела не би било воопшто гонето од судовите во Македонија.
Но, веројатно, така не мислат и убиените цивили во селото Љуботен. А така не мислат ниту родните на исчезнатите и убиените од Непроштено, мотелот „Бриони“ и семејствата на малтретираните мавровски работници. Тие со право правдата ќе продолжат да ја бараат и со оспорување на оваа политичка одлука пред Уставниот суд и пред меѓународните судови за човекови права. За нив никогаш нема да биде прифатлива формулацијата на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ во врска со овој потег дека тоа била желба на мнозинството во Македонија што им ја дало поддршката на последните избори. Но мнозинството во демократските земји не може со автентично толкување да ја укине волјата на малцинството ниту, пак, правата на кој било човек што му се гарантирани со Уставот. А тие имаат право да ја дознаат вистината и одговорните за смртта на нивните најблиски да ја добијат соодветната казна за тоа никогаш да не се повтори во Македонија. Тоа е единствениот начин за национално помирување и за градење на меѓуетничката доверба.
(Авторот е универзитетски професор) |
#
|
Статијата е прочитана 2068 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 23.07.2011 00:08:49 |
|
Bidete seriozen, barem vie, profesore. Dobro znaete deka se tie slucai farsa uste od pocetok i deka trebase da se zatvorat odamna. Inaku objasnete mi kako da mu se sudi na rakovodstvoto na ONA? Mu se sudese li na Marsalot vo 1947 vrz osnova na poternicata izdadena vo 1941? Kako da se sudi za izceznatite makedonci koga nema slucaj za izceznatite albanci? Se secavate li deka sudovite na Milosevicgi osudija Clinton, Bler, Chirac i uste nekolkumina na po 20 godini zatvor. |
|
|
|
|
|
|
Од: kitan |
Датум: 23.07.2011 02:11:27 |
|
bravo profesore 100%si vo pravo samo ne znam dali banana politicarite koi go poddrzaa toj zakon razmisluvaat deka mrtvite eden den ce voskresnat(preku zivite)i ce se odmazdat. so eden zbor ova e najgolemata sramota za makedonecot.fala za objavuvanjeto. |
|
|
|
|
|
|
Од: pk-canada |
Датум: 23.07.2011 08:07:53 |
|
a bre Pejo, pa ti si glup ne si bil itar.
Koj da mu sudi na Marsalot od 1947, po koja poternica od 1941, nacistite/, kralska jugoslavija?
Klinton i Bler bea osudeni kako drzavnici od drugi drzavi.
A rakovodstvoto na ona ili ova seedno e direkno zasegnato, i e ucesnik vo istata taa vojna. za slicni zlodela e osuden i Johan.
Uste li vi e ispran mozokot?
Kolumnata e na mesto.
Toa e dpmne-to koe nikogas povtoruvam nikogas ne bilo za Makedonija, niti bilo za amakedonskite interesi.
Prost narod - silna drzavna administracija. |
|
|
|
|
|
|
Од: DPMNE i pravna drzava???!!! |
Датум: 23.07.2011 09:45:28 |
|
DPMNE-ovcite bi gi prodale sopstvenite majki i deca samo da se odrzat na vlast. A, da ne zboruvame za drzavata koja tie sistematski ja unistuvaat! Dosegasniot minister za pravda e nemilosrden grobar na makedonskoto ,,pravosudstvo,,! Covek so obraz od djon i bez cuvstvo i bez emocii. Toj i negovata sopruga se opieni od vlasta tesko moze da se ocekuva deka ce ja napustat dodeka e na vlast sinot na prijatelkata na Filimena! |
|
|
|
|
|
|
Од: makedonec |
Датум: 23.07.2011 11:18:58 |
|
Za pozdrav e edna vistina koja e opisana od profesorot i sekogas ja kazuvate vistinata profesore,samo ovoj Makedonski narod ne znae vo koja drzava zivee.Vo koma e i zivee vo vreminjata od 1903 g.a ne znae deka sme 2011g. |
|
|
|
|
|
|
Од: OMD |
Датум: 23.07.2011 13:02:10 |
|
Sekoja Strategija za Imeto koja ne vklucuva sudska razvrska pred Megunarodniot sud vo Hag e krajno amaterska, neozbilna i utopisticka!
Kako zaklucuvame, treba ocigledno da primenime veke videno srpskoto scenario (vo slucaj so Kosovo): 1. akcija vo Generalnoto sobranie na OON za dobivanje Sovetodavnoto mislenje od MSP za legalitet na dopolnnitelnite uslovi nadvor od Povelbata na OON; 2. pravno deluvanje vo Megunarodniot sud za pravda za dobivanje Sovetodavnoto mislenje za zakonitosta na ovie uslovi (1.referencata i 2. pregovorite). Preispituvanje, pravno, treba da sodrzi prashanje za procenka na legalitet na dopolnitelni uslovi za RM pri priemot vo OON i clenstvoto: 1. Referncata (BJRM); 2. pregovorite za sopstvenoto ustavno ime (praven identitet). Po dobivanje mislenje od sudot, Generalnoto sobranie na OON ke vospostavi RM vo svojata rabota i vo rabotata na drugite organi vo OON. So ovaa postapka proces se zavrsuva.
|
|
|
|
|
|
|
Од: marija |
Датум: 23.07.2011 15:02:11 |
|
zalno za nas makedoncite e sto nie im ja izglasavme na albancite golema albanija..makedonskite pratenici se tie koisto eve 20 godini nosat antimakedonski i proalbanski zakoni...albancite vo nieden moment vo ovie 20 godini nemaat poveke od 61 pratenik za da moze i eden zakon da izglasaat..znaci makedoncite biraat pratenici koi im nosat zakoni po volja i kejf na albancite...so eden zbor edno malcinstvo uspeno si ja sproveduva svojata agenda...ona sto e bolno e sto gospodava kako ovoj kolumnist koga e vo opozicija zestoko bozem gi brani interesite na makedonija a koga e vlast se tepaat kolku poveke da i ugodat na dui i uck....se bi bilo vo red dokolku postoi doslednost vo stavovite...nemozam da ja razberam omrazata megu sdsm i vrmo domne i kako taa da e pogolema od onaa kon dui i na ednite i drugite...zarem nemoze makedoncite ednas da postignat konsenzus za nacionalnite interesi i da stavat stop na golemoalbanskata agenda?..do koga makedonci pratenici ke glasaat velikolabanski zakoni?.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pejo glupaviot |
Датум: 23.07.2011 17:04:35 |
|
Gledam deka komentarite gi citaat i clenovi na VMRO, pa da im objasnam. Za Tito imase poternica vo eden rezim, a koga toj dojde na vlast taa poternica stana besmislena pa duri i nemase potreba Sobranieto da se proiznese. Za Ahmeti imase optuznica vo eden rezim, a koga on dojde na vlast optuznicata stanuva besmislena. Da podsetam li deka Ali se borese zaUstavot na denesna RM a branitelite na davaa da se menuva bivsiot. Jasno, pk-canada ??? Ili treba da prilozam i crtez? |
|
|
|
|
|
|
Од: Prilepcanec |
Датум: 23.07.2011 17:13:20 |
|
Vo naseto maalo,za politicari od tipot na aktuelnite od VMRO-DPMNEse veli deka se davajgazovci.E,tie se vlast,i mestat drugi,a bogami i samite se mestat ... |
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 24.07.2011 02:53:48 |
|
Na ova treba da se dodadat uste dve raboti:prvo, veke e jano deka se podgotvuva javnosta za promenata na imeto na drzavata, pa ova e samo mal test na toa - minatoto da go zaboravime za ,,posvetla,, idnina (I Johanovoto pismo e so ista cel); i vtoro,kreatorite na seto ova zaboravat samo edno deka ovie zlostorstva ne zastaruvaat, pa eden den koga ovi dvaica glavatari nema da se na vlast, ovie haski slucaii ke dobijat sudska zavrsnica. |
|
|
|
|
|
|
Од: ivana |
Датум: 24.07.2011 13:23:44 |
|
kak da postoi natprevar megu sdsm i vmro dpmne koj poveke ke mu dade na dui i na uck..namesto megu sdsm i vmro dpmne da se postgne nacionalno edinstvo i da se porazi golemo albanskiot sovinizam..eve po nekolku godini mir vo cair i butel odonovo se puka..vo zelezara e srusen krst..znaci politikata na otstapki kon dui go zasiluva albanskiot sovinizam i prasanje na vreme e koga vo skopje ke izbie zestok meguetnicki sudir...trpenieto kaj makedoncite e pri kraj..ako ja nema drzavata makeodncite sami moze da se organiziraat..zatoa apel do mvr da vospostavi red vo cair i butel...da ne bide docna..politikata na popustanje vodi kon sudir... |
|
|
|
|
|
|
Од: Посматрач |
Датум: 24.07.2011 13:25:02 |
|
Се прашувам: Како би изгледало некој навистина да ги отвори „Хашките случаи“. Албанците ќе молчат или - нов конфликт....
|
|
|
|
|
|
|
Од: Stara skopjanka |
Датум: 24.07.2011 16:45:42 |
|
Tekstot na Pr. Spasov e za sekoja pofalba, a negovite razmisluvanja so sekoja kolumna se ,sé pointeresni, iako nekoj ke mu zabelezi; " a kade bese ti koga...."! Seto ovoa uste ednas dokazva deka vistina, svetot ostanuva na mladite, no mnogu e potrebno RAZMISLUVANJETI i filozofujata, na postarite i poiskusnite. Mladite za zal, ne se sekjavaat deka po osamostojuvanjeto, imavme mlad premier, B C, no vo prekrasna sorabotka so iskusniot Pretsedatel Gligorov.Vo vremeto ispolneto so NZDEZ koj sega go nemame! Po izborive, ne podgitvuvaat, za od loso poloso, bezskrupulozno drzejki se za foteljite, sega sleduva promena na imeto..Ako se napravese promenata so vreme, ke izbegnevle mlnogu nesreki koi ne ocekuvaat, podrazbirajki ja i kic programata" Skopje 2014" zaedno so site dolgovi , vo nasledstvo na nasite vnuci.No,dali do i po 2014, ke uspeeme da ja spasime i Mk. I Skopje?! Onie sto go isplaniraa ovoa, se podgotveno za koj kade, a nrodot, miren poslusen i izmoren, pak "spustena glava sabl |
|
|
|
|
|
|
|
|