Број 3411  среда, 20 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Подобро градоначалник отколку премиер

Жителите на Струмица и на Карпош не треба да стравуваат дека по парламентарните избори ќе останат без градоначалник

Александра М. Митевска


Зоран Заев и Стевчо Јакимовски, двајца од неколкутемина опозициски градоначалници, кои високо фигурираат и во сдсмовската хиерархија, не ја сонуваат премиерската фотелја. Иако во медиумите нивните имиња на големо се споменуваат како можни опции на СДСМ за кандидати за премиер на следните парламентарни избори, тие велат дека нивните амбиции засега не ги надминуваат границите на општините со кои раководат. Токму Заев и Јакимовски во последно време се главна цел на власта, која прво се занимаваше со богатството на Заеви, а сега ја експлатира темата „Галеб“.

Заев, кој веќе петта година (во два мандата) е на чело на Струмица, тврди дека негова најголема желба е по завршувањето на градоначалничкиот мандат да остане во родниот град. „Би сакал да се вратам во фирмата ’Еленица’ и да ги водам комерцијални��е работи на фирмите на Заеви. Таму работев како комерцијален директор и пред да почнам поактивно да се занимавам со политика. Но, претходно мора да ја поразиме ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е мојот сон“, ни изјави Заев. Тој појаснува дека како потпретседател на СДСМ е политички изграден кадар и дека, веројатно, поради тоа, неговото име се врти во јавноста како потенцијален кандидат за мандатар за состав на некоја идна влада. Но, објаснува тој, ниту ми е понудено такво нешто, ниту сум размислувал на таа тема, ниту го посакувам тоа, јас останувам во Струмица. Според него, во СДСМ воопшто не се разговарало околу тоа кој би бил кандидат за премиер, бидејќи до редовниот термин за избори - кон средината на 2012, има уште многу време. Како што вели, тоа е тема што ја наметнува владејачката партија, со цел да се создаде лажна претстава за фракционерска битка во СДСМ.

И Јакимовски, кој е повратник на градоначалничката функција во скопски Карпош, тврди дека во СДСМ никогаш досега, на ниту едно ниво во партијата не се разговарало за тоа кој би ја презел премиерската функција кога партијата ќе се врати на власт. „Ни на крај памет не ни е уште отсега да разговараме за кадровски прашања. Наша главна преокупација е како да си оди оваа власта. Јас сум градоначалник на Карпош и со граѓаните имаме заеднички проекти на чија реализација ќе работиме до крајот на мандатот“, потенцира Јакимовски.

Заев во два наврата се откажа од пратеничкиот мандат за да биде градоначалник на Струмица. Во 2005 година тој се повлече од пратеничкото место откако беше избран за градоначалник. На предвремените парламентарни избори во 2008 Заев беше носител на листата на СДСМ во Четвртата изборна единица, но, иако беше избран за пратеник, остана на градоначалничката функција. Потоа извесно време беше лидер на СДСМ, но и тогаш не се пресели во Скопје. Јакимовски, пак, првпат беше избран за градоначалник на Карпош на локалните избори во 2000 година, но кон средината на мандатот се повлече од функцијата за да стане министер за економија. Ги прескокна локалните избори во 2005, но минатата година повторно се кандидираше за градоначалник.

Прашањето дали Црвенковски ќе се обиде да се врати на премиерската функција е дежурна тема откако тој се врати на кормилото на СДСМ. Дилемите делумно ги подгрева и самиот Црвенковски, кој на сите прашања дали на следните избори ќе биде кандидат за премиер одговара дека одлуката за тоа ќе ја донесат органите на партијата. Иако шансите за предвремени избори се се' помали, а анкетите покажуваат дека СДСМ и натаму е зад ВМРО-ДПМНЕ, во јавноста се споменуваат многу имиња од СДСМ како потенцијални кандидати за премиер и се вртат разни опции за тоа во која насока би се движела неговата политичка кариера. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 3208 пати.

Испрати коментар

Од: bitolaman
Датум: 20.10.2010 12:23:32
vlegovme vo vreme na shpekulacii koj ke bide idniot premier na Makedonija.Ubava vest za SDSM so ogled deka i na vrapcinata sega mu e jasno koj ke dojde na vlast.Za da ne se spekulira vo javnosta ke vi otkrijam koj e naredniot premier na Makedonija: Toa ke bide Vladimir Gligorov. SDSM so ovoj predlog ke gi pridobie site neopredeleni,vklucuvajki me i mene. pozdrav
Од: sv dimitrija
Датум: 20.10.2010 12:56:58
Golema zabluda , kako i drugite od SDSM .Izgleda lugevo zaglibale vo fselenata i ne znaat kade se naogaat ili neznaat da mislat .da gi potsetam deka Makedonskiot narod gi glasat pratenicite a kolku pratenici vo idnina SDSMke dobie ke se vidi ,no misla sepak ,pomalku od shto gi ima sega.
Од: makedonec
Датум: 20.10.2010 13:06:26
Treba prvo da pobedat na izbori pa posle da pravat matematiki za mozniot iden premier. Vaka badijala muabetot i tekstov e promashen celosno. Voa ti e kako mali dzokica sonuva deka ke pobedi na izbori a rejtingot mu e poslab za duplo od drugata partija.
Од: zoro
Датум: 20.10.2010 13:12:00
Edniot aboliciran, drugiot so krivichni prijavi, Buchko so delo vo proces..., abe kako mislite da se vratite na vlast?!? pa narodot ne pie nafta, pa uste i premieri ke gi pravele...pa najgolemiot vic bese i Ramkovski za premier?? Vie imate seriozen problem so chesen kadar, nastrana bezidejnosta za problemite vo drzavava. Slikata sto ja ostavate e kako edvaj cekate da se vratite na vlast, da se zbogatite poveke, zatoa sto malku vi bese do sega... Zatoa ke ostanete na 8% popularnost, ama koga ke vi tekne zosto, ke bide kasno, vmroto ke osvoi uste eden mandat!!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.10.2010 13:16:51
По се изгледа некој ,,доби по прстите ,, за избрзаната изјава за наводна кандидатура за иден премиер во дачечната иднина.Се знае редот,нема ОПА напред без дозвола од лидерот повратник.И сега имаме просветлен демант да тоа што сме го чуле на тв не сме горазбрале.Оти по праксата досегашна премиер е лидер на партија а тоа веќе станува опасно за некого.
Од: devicanecot
Датум: 20.10.2010 13:17:40
Со ваков рејтинг, СеДеСе-то тешко дека ќе формира парламентарна група,а не дека ќе добие шанса да формира макар и коалициона Влада.
Од: Кемал Ататурк од Кисела Вода
Датум: 20.10.2010 13:22:12
Зоран Јовановски
Од: Трпе
Датум: 20.10.2010 13:51:45
И двајцата градоначалници се успешни иако позади нив не стои бладата ,во споредба со грабоначалниците кои се подржувани од актуелната власт.Тие би биле и добри премиери но сакат да се докажат за своите граѓани.Дпмнеовци неможејки да решават клучни проблеми, како мнозинство во државата ,дневната политика им е со гледање во туѓите дворови.
Од: алек
Датум: 20.10.2010 16:37:23
Жал ми е што сонот на Заев нема ама баш никогаш да му се оставари да ја победат Вмро-Дпмне.Вмро е нашата гордост и нашата иднина !!!
Од: Сергеј
Датум: 20.10.2010 17:45:54
Ако навистина власта е пред опозицијата како што тоа го „покажуваат“ анкетите, тогаш власта ни ден не би губела за да распише нови предвремени избори (за да се фати за последната сламка за спас). Но ситуацијата не терен не е таква каква што ни ја претставува „Павел Шатев“. Тоа што владејачката партија почна по медиумите да се занимава со „фракционерството“ кај опозицијата е само знак дека сака вниманието на јавноста да го сврти од фактот дека фракции се појавија кај нив самите. Тие вмовски фракции не можат за оваа партија да бидат поопасни, бидејќи се неизлечиви: патриотите се поделија на „селски“ и „градски“. А тука нема лек ни спас од распад. Тоа истото му се случи и на СДСМ на времето. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: karokan "gambit"
Датум: 20.10.2010 18:22:05
Makar sto napisanoto ne se odnesuva direktno na mene,sepak se custvuvam,vo najmala raka,neprijatno,koga nekoj potpisan kako "makedonec" na tolku mal prostor ce iznalupa tolku gluposti!!! "Treba prvo da pobedat na izbori,pa posle da pravat matematiki9"-rece skripterot i ostana ziv!!! Glupata konstatacija-sosema lesen odgovor??? Pa tie i ne pravat matematiki,tuku sprotivniot tabor, ako so toj IQ kapacitet mozese da razberes!!!!!!!! "da toa sto sme go cule na TV ne sme go razbrale" rece neodminliviot Felix i toj ostana ziv!!!!!!!!!!!!!!!!!!! A sto toa dosega razbra g-dine??????????????? "Dumaj bate Blaze,otidoa j..cata"-rekol eden nas zarobenik vo pocetokot na 1941 god!!!!!!!!!!!!!!!!!!! "Ckrapaj po tastaturata bate Felix,ovie simulatori ni go razgolija zadnikot"-rekoa negovite nalogodavci!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! I slusaj,slusaj na TV,posebno ona sitelovata, barem ce cues pravi informacii od "potvrdeno cista" licnost za stranska spiunaza!
Од: Trpe
Датум: 20.10.2010 19:32:18
Што е овчички мили, одма коментари. Нема коментари на глупостите на оваа ненародна влада, ама зато одма овде коментари. ако толку сте сигурни во вашите 100 години владеење што овие коментари. Дрмат ви се ваште нереални вработувања, па сега страв. Ма што се секирате кој и да е ќе ви каже да си одете. Оти освен кодошење и малтатирање на обичните луге за ништо друго не ве бива.
Од: nacional-patriot
Датум: 20.10.2010 21:00:43
Ne samo agencijata Pavel Satev,tuku i drugi agencii pokazuvaat vo anketite golema prednost na vlasta.Tie agencii pokazuvaa vo nivnite anketi prednost na ovaa vlast i pred izborite vo 2008 godina i pred pretsedatelskite i lokalni izbori vo 2009 godina.Vlasta pobedi na tie izbori,a ke pobeduva i na narednite izbori.
Од: ivan nj USA
Датум: 20.10.2010 23:07:55
Koga ke pocnat da se ragaat rani piperki domati zelki krastavici i.t.n. vo Berovo Palanka, Kratovo i.t.n. togas i Zaev ke bide dobar premier na Makedonia se uste ne e dorasnat za takva funkcija , toj go znae toa i zatoa saka da si ostane vo Strumica da zbira med.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Мама“ и „Вујко“ ќе патуваат од Белград
Македонско-бугарски историски контроверзии (11)
Економијата без компас
Кандидатура за претседател на Франција
Татковци на трудничко
Без визи и за БиХ и за Албанија
Секое бело влакно на косата сум си го платила сама
Груевски го дуплира долгот
Затворена етнолошката поставка во Музеј на Македонија
Иванов
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
И нашите градежници сакаат дел од патиштата
Карикатура
Претседател без советници
Почнува Скопски џез фестивал
Кој упаѓа во хангарот на паднатиот хеликоптер
Пандев се врати по повредата
Стил
Магазин






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency