Број 3411  среда, 20 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Поглед

Татковци на трудничко

Маја Томиќ

И татковците ќе одат на породилно отсуство. Па, кога можат татковците од Запад, зошто не и нашите млади Македонци. Владата е решена да го менува Законот за работни односи и веќе од наредната година да го примени ова во практика. Така било во многу земји во Европа, така би требало да биде и тука. Уште годинава било планирано да се менува Законот, но буџетскиот есап го спречил тоа. Од в година ќе се обезбеделе пари и Фондот за здравство ќе можел да го исплатува породилното на татковците.

Ај да видиме колку „јунаци“ ќе се јават, односно каков одѕив ќе има кај татковците оваа новина. Колкумина ќе пројават интерес да жртвуваат два месеца од својата работа и од дотогашниот начин на живеење, за да останат дома, со своето бебе и со жената.

Тоа, секако, подразбира дека треба да и' помагаат на мајката околу грижата за бебето, но и околу домаќинските работи. Притоа, на оние (за жал, помалобројните) што го правеле тоа и досега, овие законски новини не им значат ништо посебно. Веројатно поголема возбуда тие ќе предизвикаат кај другиот дел од машката популација кои, за да не одат на работа, би ја (зло)употребиле оваа законска шанса за некои други цели, како за шетање, на пример. Но, поаѓајќи од македонскиот менталитет, ова сигурно би биле екстремни примери.

Замислата на Владата е добра и да се надеваме дека многу млади татковци со воодушевување ќе ја прифатат. Времињата се сменети, сега важат други генерациски правила. И со сегашните законски правила, мажите можат да одат на породилно. Од потесниот и од поширокиот круг пријатели и роднини, ретко кој од нас може да каже дека слушнал за ваков пример. Да видиме дали од следната година работите ќе станат поинакви.


#
Статијата е прочитана 1133 пати.

Испрати коментар

Од: lape
Датум: 20.10.2010 12:38:28
ok samo prvin da gi isplatat zenive sto se na trudnicko.detevo nase ke ide u gradinka uste malku a pari od socijalno nema.Smeski
Од: Горан
Датум: 20.10.2010 12:51:16
Наместо да воведуваат нови глупости нека се погрижат породилното да доаѓа на време. Жена ми е од Мај на породилно и до сега земала само две плати од фондот. Вака добро стимулирани од Владата веќе размислуваме за трето дете.
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 20.10.2010 14:07:17
Овие дечиштата од ВМРО од целиот опус на Иво Андриќ, не верувам дека и дел имаат читано, ги запитмале и ги употребуваат само стхиовите од “Екс понто“: ШТА ГОД ПОМИСЛИМ СВЕ ЈЕ ПЕСНА, ЧЕГА ГОД СЕ ТАКНЕМ СВЕ ЈЕ СМРТ!
Од: do avtorkata
Датум: 20.10.2010 20:57:06
Мислам дека авторката не разбрала едно деталче: ако во странство таткото остане на породилно, тоа е за мајката да може да се врати на работа... тоа не знажи дека двајцата родители ќе бидат платени да седат дома. Значи татковците ќе менуваат пелени "фул тајм".

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Мама“ и „Вујко“ ќе патуваат од Белград
Македонско-бугарски историски контроверзии (11)
Економијата без компас
Кандидатура за претседател на Франција
Подобро градоначалник отколку премиер
Без визи и за БиХ и за Албанија
Секое бело влакно на косата сум си го платила сама
Груевски го дуплира долгот
Затворена етнолошката поставка во Музеј на Македонија
Иванов
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
И нашите градежници сакаат дел од патиштата
Карикатура
Претседател без советници
Почнува Скопски џез фестивал
Кој упаѓа во хангарот на паднатиот хеликоптер
Пандев се врати по повредата
Стил
Магазин






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency