Број 3411  среда, 20 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Економијата без компас

Мирче Јовановски

Две децении бетонирани на дното, со стапка на раст околу нулата и со индустриско производство што во 2008 година беше само 60 отсто од нивото во 1990 година. Ова е куса, но извонредно прецизна скица на македонската економија, која и на преминот меѓу првата и втората деценија на 21 век, е без компас и без јасна ориентација каде и како да се движи натаму и како да фати чекор со оние што се пред нас, но и да не заостане зад се' помалкуте земји со кои се' уште некако успеваме да се споредуваме.

Во еден таков мачен амбиент, гласот на бизнисот, за жал, не успева да се чуе од прегласното ехо на политичките пресметки. Бизнисмените се се' поочајни, од ден на ден го зголемуваат нивото на тревога што одамна е запалено во стопанството и од каде што велат дека се соочуваат со се' потешки услови за работа и дека ако не се преземе нешто им се заканува колапс.

И покрај безизлезот од статус кво ситуацијата, стопанствениците и економските експерти не се без предлози и иде��. Некои од тие предлози и идеи имавме можност да ги чуеме и завчера на трибината во Стопанската комора на Македонија посветена на потребата да се промени досегашниот модел на економски развој. За некои мерки што ги бараат се едногласни, за други полемизираат или, пак, мислењата се целосно спротивставени. Што е сосема нормално кога станува збор за една отворена дебата во која целта е да се најдат оптималните решенија што ќе бидат полезни за најголемиот број фирми.

Па така, според едни, крајно време е да се промени сегашната политика на девизниот курс на денарот и да се дозволи негово флуктуирање, други, пак, целосно се спротивставуваат образложувајќи дека македонското стопанство е увозно зависно и дека од мерката ќе има повеќе штета отколку корист. Покрај монетарната политика и високите камати, на удар се најде и буџетската политика, огромниот буџет, кој не само што е товар за стопанството туку и со нерационалните трошења не обезбедува услови за одржлив економски раст и развој.

Бизнисмените, меѓу другото, негодуваат и за рестриктивните мерки што им ги наметнува Владата, како, на пример, ограничувањето на работното време. Ним не им е јасно, ако Владата може да работи 24/7, зошто да не можат и тие. Бизнисот, воден од мислата дека без економска експлоатација нема економски развој, би сакал и малку повеќе слобода во одредувањето на работното време, но и на условите за работа.

Идеи има многу, но главното прашање е има ли кој да ги спакува? Тоа, сепак, не е работа на бизнисот, ниту на експертите, туку на извршната власт, која треба да понуди издржан модел за економски развој што ќе обезбеди раст не од два-три отсто, туку пораст во континуитет од над шест отсто. Практично, сите мерки треба да се насочени кон остварување на таквата цел, а не да служат само за голо преживување.

Основната дилема што се наметнува е имаме ли ние воопшто економски модел што би можеле да го унапредиме?

Тажно е сознанието дека и денес, дваесет години од почетокот на транзицијата, се' уште дискутираме за исти теми, кои студентите по економија ги слушаа од своите професори уште пред повеќе од 25 години: дека структурата на стопанството е неповолна, дека невработеност е нашиот главен проблем, кој не може да се реши преку ноќ, бидејќи, нели, таа е структурна, дека нема доволно странски инвестиции, а домашната акумулација е недоволна да почне економски циклус...

Во меѓувреме, се изнаредија еден куп стабилизациски програми, шок-терапии, па дури беа изработени и две стратегии за економски развој во рамките на МАНУ.

Дијаграмот за растот на БДП, кој се движи околу нулата, покажува дека сето тоа не беше доволно Македонија да најде свој препознатлив модел за економски развој. Како што стојат работите, без неопходниот консензус меѓу политичките партии, стручната јавност и бизнисот, тоа нема да биде можно и во иднина.


#
Статијата е прочитана 914 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 20.10.2010 13:33:40
Makedonija edno vreme bese poznat proizvoditel na pamuk. Edno vreme i afionot se odgleduvase za potrebite na farmacijata.Tutunot od Makedonija ja odrzuval na noze cela ekonomija na kralska Jugoslavija(denes sakaat i tutunot da ni go iskorenat).Makedonija ima mnogu mnogu problemi so dlaboki koreni nametnati od strana.Reorganizaciaja e potrebna, no potrebno e i prirodnite resursi da si gi prebroime,pa taka "iskomponirano"da se isplanira sto i kako ke se raboti.Problemot e sto nekoj narocno(ili mozebi i od neznaenje)pravi se da vo Makedonija nisto ne uspee,i pokraj toa sto Makedonija e relativno bogata zemja vo odnos na 2te milioni narod.Ima voda, drvo,obrabotlivo zemjiste na koe uspeva skoro se od prehrana do industriski kulturi, rudi, a i rabotliv narod,barem spored ocenkite na stranskite kompanii koj vrabotuvaat gasterbajteri od Makedonija.Obicno ne falat deka sme rabotlivi i stedlivi.Valjda seuste sme,pogotovo ako dobro sme plateni.No.... nekoj se za...va so nas.
Од: redovna citatelka
Датум: 20.10.2010 17:57:16
Do Jovan: steta golema sto vasiot komentar nema da go procitaat tie sto odlucuvaat. Tie NE CITAAT!
Од: karokan "gambit"
Датум: 20.10.2010 19:03:35
Da,nekoj se za....va so nas!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Nie samite!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Мама“ и „Вујко“ ќе патуваат од Белград
Македонско-бугарски историски контроверзии (11)
Кандидатура за претседател на Франција
Татковци на трудничко
Подобро градоначалник отколку премиер
Без визи и за БиХ и за Албанија
Секое бело влакно на косата сум си го платила сама
Груевски го дуплира долгот
Затворена етнолошката поставка во Музеј на Македонија
Иванов
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
И нашите градежници сакаат дел од патиштата
Карикатура
Претседател без советници
Почнува Скопски џез фестивал
Кој упаѓа во хангарот на паднатиот хеликоптер
Пандев се врати по повредата
Стил
Магазин






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency