Број 3411  среда, 20 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (10)

Ликвидации на Македонци во 1948 година

Во Бугарија беа убиени или осудени на долгогодишна робија осумдесетина Македонци затоа што сакаа обединување на Македонија

Виктор Цветаноски

За Македонците од Пиринска Македонија 1948 година беше една од најстрашните години. Не само поради Информбирото и затворањето на границата на Бугарија со нејзиниот дотогаш голем пријател Југославија, чии лидери претходно кроеја планови за создавање балканска федерација, во која Пиринска и Вардарска Македонија би биле заедно. Таа година се случи и еден друг, крвав настан, кога свирепо беа убиени или осудени на долгогодишна робија осумдесетина Македонци, а неколку стотини беа интернирани поради тоа што сакаа обединување на Македонија.

Герасим Тодоров од селото Влахи, родното место на Јане Сандански, една година пред тоа фо��мира илегална организација, а штом бугарските комунисти го дознаа тоа доведоа полиција од речиси цела држава и го блокираа целиот регион со триесетина села и градови. Блокадата траеше повеќе од еден месец, а желбата Македонија да ја видат обединета со живот ја платија неколку десетици Македонци.

Герасим Тодоров немал многу среќа, бил предаден од својот јатак и откако се нашол во безизлезна положба се самоубил. Тогаш трагично завршиле и браќата Никола и Јордан Рајчеви од селото Плоски. Во обидот да го пробијат обрачот наишле на заседа крај селото Драката, при што Никола бил тешко ранет и за да не падне во рацете на полицијата го молел својот брат да го убие. По неколку дена и Јордан го завршил својот живот. Ја избегнал заседата и стасал во селото Карпелево, со надеж дека ќе најде засолниште кај својот добар пријател, но наместо да го скрие тој го предал, по што се самоубил. Гимназијалецот Георги-Гошката Сучев од Горна Белица стасал до родното село и цела седмица бил криен од едно турско семејство. Меѓутоа, бил предаден кога се преместил кај своите роднини. Кога дознал за предавството го извадил пиштолот и си стрелал во главата. По својот живот посегнал и Петар-Пецето Грков од селото Брежани, откако сфатил дека нема никакви шанси да се спаси од полицијата. Александар Султов, Веселин Михајлов и Марко Ангов своите животи ги завршиле на поинаков начин. Ги предал Тома Маникатов од селото Плоски, по што биле живи изгорени во месноста Шарена Скала во Плошката Планина.

Четворица Македонци биле ликвидирани без судење, а осуммина обесени откако им биле изречени смртните пресуди. Солун Георгиев, Македонец до фанатизам, бил мачен и испитуван во селското училиште на Влахи, а потоа убиен. Асен Драчев го врзале и го претепале до смрт, како и Ванчо Танчев и Васил Адамов. Петар Донков од селото Оштава, по жестоките тепања во подрумите на МВР на Сандански, умрел во затворот во Благоевград. И Димитар Павлов од Мал Врбовник бил убиен со уште неколкумина другари. Се претпоставува дека го ликвидирал агент-провокатор, негов близок роднина. Подоцна неговата ќерка Искра била затворена и повеќе месеци свирепо измачувана во благоевградскиот затвор.

По изречувањето на смртните пресуди во затворот во Благоевград биле обесени Илија Чопев, Асен Михајлов од селото Оштава, Јанчо Јанев од Гара Пирин, Андреј Спасов од Влахи, Георги Тополигов од Петрово, Смилен Гаргов од Џигурово. Тогаш биле обесени и двајца офицери на бугарската армија, како и двајцата Македонци, полковникот Стојне Бајчијски и потполковникот Димитар Кузманов, кои тие денови дошле од Софија и и' се приклучиле на четата на Герасим Тодоров со намера да пребегаат во Грција. Од осудените на смрт само тројца се спасиле од бесилка. На свештениците Иван Џолев од Катуница и Стефан Камбитов од Падеш и на д-р Петар Митов од Гара Пирин смртните пресуди им биле заменети со доживотна робија.

Крум Монев од село Оштава, кој поради тоа што бил малолетен го осудиле на 15 години затвор, по излегувањето на слобода подготви посебен албум на сите што настрадале во злокобната 1948 година. Во неа ќе ги забележи имињата и на уште шеесетина Македонци, кои најдобрите години од животот ги минаа по бугарските затвори.

Пролетта 1990 година како новинар престојував во Пиринска Македонија и имав можност да се сретнам со неколкумина од овие страдалници, кои по годините минати во затворите последните години од животот ги поминуваа во родните места. Тодор Секулов, еден од четириесетте тогашни жители на Влахи, детаљно ни раскажуваше за трагичниот настан.

„Герасим Тодоров, нашинец од Влахи, немаше големо образование, но уживаше голем авторитет меѓу нас, Македонците. Во неговата организација беа и околиските управници на Благоевград и на Сандански. Не' предадоа браќата Кирил и Ачо Беѓусови, едниот беше член на организацијата, а другиот наш јатак. Штом власта разбра за нас, донесе полиција од цела Бугарија и ја блокира сета област околу Влахи. Сите не' фатија, а нашиот водач го опколија во една плевна, во маалото В’чковци. Не можејќи да избега се самоуби. Полицијата неговото тело го изложи во Кресна за да го предупреди народот да не бара никаква Македонија. Не се знае каде е погребан. Се зборува дека е запален и оти неговата пепел е расфрлена за да не му се знае гробот“, ни раскажа Секулов.

Во организацијата на Герсим Тодоров сите биле Македонци. Покрај ликвидираните, дваесетмина биле осудени на доживотна робија, меѓу кои и Тодор Секулов, а другите на повеќегодишен затвор. Меѓу осудените бил и Михаил Думбалаков, новинар, кој во 1938 година бил кандидат за народен пратеник. Таа година околу 300 души биле интернирани по бугарските логори.

Секулов ќе лежи во многу бугарски затвори: пет години ќе мине во Белење, затвор на остров на Дунав, кој го споредуваат со југословенскиот Голи Оток, три години во Сливен, две во Плевен, три во Самоводене, Трновско…

„Во затворите имаше многумина Македонци. Во времето кога бев во Белење, беа околу 150, што ги знаев, а во другите затвори низ Бугарија, којзнае колку имаше. Испотепаа многумина наши. Управите на затворите често исценираа убиства. Во Белење, на пример, додека работевме надвор, имаше определена граница до каде можеме да се движиме, меѓутоа, стражарите ќе не' тераа да ја поминеме таа линија за потоа да пукаат во нас, без предупредување. Оправдување секогаш имаа. Многумина загинаа така“, ќе ни раскаже Секулов.

И Јане Андреев е еден од осумдесеттемина од организацијата на Герасим Тодоров. Осуден бил на 12 години, одлежал осум и пол. Неговиот брат Лазар, исто така, бил осуден на 15 години. Во неговите сеќавања се врежани многу црни затворски епизоди. Ни раскажа за еден случај кога седуммина Македонци од Кулата и од Куларово се удавиле во затворот во Белење. Со чун го преминувале Дунав и тука, во ладните води, завршиле нивните животи. Се сеќава и на смртта на Петар Донков, кој умрел во истражниот затвор во Благоевград, од тепање.

„И сега, и кога и да е, дење или ноќе, во сон или на јаве, ќе речам дека сум Македонец“, ни говореше Андреев со нескриена гордост. „Не можам друго да бидам, ништо друго, освен она што сум. Сите треба да имаме слобода, да кажеме што сме, да имаме свој јазик, своја култура. Никој не може мене да ме прави Бугарин, кој им го дал тоа право на сите оние што во мое име сакаат да решаваат“.

И Илија Бојаџиев ја доживеа истата судбина како Соколов и Андреев и многумина што годините на младоста ги минаа во бугарските затвори. Ќе биде осуден на 15 години, а ќе одлежи десет години и седум месеци.

„Истерав пет-шест затвори, кој од кој полош, секој специјален, секој на свој начин репресивен. Бев во Сливен, Шумен, Варна, Белење и во Пазарџик. Во Сливен се нафрлаа врз нас како ѕверови. Немаа што да ни кажат, па постојано повторуваа: ’Вие Пиринците ги чекате Американците… Ако, наместо вас ние ќе ги пречекаме…’ Ете, таква судбина доживеа Македонија. Не' разделија, не можевме да се видиме“, ни раскажуваше Бојаџиев.

Крум Монев во тротомната автобиографска хроника „Македонија мојата потпора“, пишува дека на сите оние што во тоа време не се согласувале со постојниот комунистички режим и сакале обединување на Македонија им лепеле разни етикети. Бугарската пропаганда на Герасим Тодоров и на неговата „банда“, како што ја нарекувала организација, им ги припишале сите злосторства што може да се замислат.

„Обичните работници и измачените селани се претставуваа како ладнокрвни убијци и очајни михајловистички главосечачи, бандити и разбојници, кои тргнале да пљачкаат, да убиваат и да вршат насилства, и тоа за лични интереси, за сопствено збогатување. Таму сите се претставени како закоравени агенти и бивши полицајци, крвожедни изроди, кои се ставиле во служба на внатрешната реакција, на надворешните центри и разни шпионски централи; сите, без исклучок, сме претставени како очајни терористи, подготвени на секакви криминални дејства против се' уште незакрепнатата ’народна власт...“, пишува Монев, кој двапати лежел во бугарските затвори. Еднаш по откривањето на организацијата, а втор пат кога илегално ја минал бугарско-југословенската граница. Бил уапсен на југословенска територија и по едномесечна истрага во затворот во Идризово југословенските власти им го предале на Бугарите.


#
Статијата е прочитана 2963 пати.

Испрати коментар

Од: Oдговор на Газафер
Датум: 20.10.2010 12:16:17
Одговорот за Буг го имаш во Филозофскиот клуч на Македонскиот идентитет од Стефан Влахов Мицов пофесор Македонец од Бугарија. Тој наведува дека 1/3 од населението во Бугарија е со македонско потекло.И за писателите и што напишале. Или Радулов Радуле за македонска историја. Дека биле 8 % Грци книга од Стојан Киселиновски за промена на етничкиот состав. Проф Накраѕас Грк во книга наведува Солун во 1910 имал 135000 а Грци биле 15.000 а Атина 70.000. Меккерди изјави Солун беше македонскотуркиеврејски град. Кавала кога ја доделиле на Грција немала ниту еден жител Грк. Ниту еден. Чуповски напишал дека Македонија е поголема и по територија и по население од Грција и Србија. А целото случување и покрај други многу книги од наши автори дава признатиот од сите македонски институции Ханс Лотар во Македонскио јазол. Може и Грчкаантимакедонска борба и Измешана нација од Литоксоу. Егејските здруженија знаат дека денес околу 800.000 луге се со македонско потекло.
Од: pameten
Датум: 20.10.2010 12:20:30
Najgolemata kontraverzija e deka vo pochetokot na 20 vek mnozinstvoto Makedonci sakale zaednichki zhivot so Bugarite. Ovo bilo nerazumno poshto golemi i maki sili nemalo da go dozvolat. Vo pochetokot na 21 vek mnozinstvoto Makedonci ne sakat nishto zaednichko so Bugarite iako denes bez podrzhka, sojuz, "specijalni odnosi", konfederacija... so Bugarija ekzistencijata na Makedonija i Makedoncite e zagrozena.
Од: Blagoevgrad
Датум: 20.10.2010 14:01:17
Eve Tihomir nakratce sto raskazuvashe baba mi. Sabajle ranoto majka mi Katerina PopAleksova zamela dvoro,naranila kokoshkite i oshla na Crkva. Vo Crkvata popot cel sutreshnata molitva nabrze , ne kako treba da se cita, tuku preskoknuval celi recenici od Evangelieto.Zenite vo Crkvata prashali popot:-Oti otce taka citash i preskoknuvash ?Zoshto brzash?A popot rekol :- Pa zeni,zar ne cuete topovete na grckata vojska kako pukat?Citam taka za da zavrshi poskoro sutreshnata molitva i brze da si odite doma.Koga se pribrala doma majka mi ot Cerkvata videla na dvoro dva konja.Tatko mi gi dokaral.Tatko mi kazal na majka mi deka so tie kojni ke begat ot grckata vojska kon Strumica,pa koga se usmiri rabotata ,za nekoj den pa ke se vratat ot Strumica doma.. Majka mi zemala edna bohca drei za malite deca ,zaklucila vratata na kukjata i stavila klucot ma obicnoto mesto ,vo edna saksija so cvekinja otpred na pendzerot.Tatko mi kacil na ediniot kojn majka mi i doda,pogolemata mi sestra Marija,zagrnal
Од: Принцот Газафер до ВИСТИНАТА
Датум: 20.10.2010 22:41:23
Официјални податоци од пописот во Солун од 1913 година:Вкупно 158,000 жители и тоа:65,000 Евреи.46,000 Турци.40,000 Грци,6,700 Бугари,2,700 Роми и останати! (податоци од Британска Енциклопедија)!
Од: ivan nj USA do istorik
Датум: 20.10.2010 23:00:30
Pa dobro 50% vo CKB ili tolku mnogu pisateli. zarem site tie 50% ne mozea nisto da napravat za makedonia , mislam na Pirinska Makedonia da ja obedinat so Vardarska ili se custvuvale vistinski Bugari, za primer eto albancite pomalku od 1/3 od populaciata ama se albanci i se izborea za se sto posakaa, jazik skoli fakulteti stvarno mnogu e se da nabrojam a nasite 50%vo CKM i 3 milioni makedonci nisto ne napravile za samite sebe i makedonia, ne velam deka ne e vistina vo gorenavedeniot tekst, no so cifrite preteruvame , i tie sto ne sakale da ja vidat makedonia samostojna ili obedineta uste si gi prepisuvame nasi kako sto e partiata VMRO na Krasimir Karakacanov, sto ne ne priznavat za Makedonci a nie gi broime uste Makedonci ne biva toa.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Мама“ и „Вујко“ ќе патуваат од Белград
Економијата без компас
Кандидатура за претседател на Франција
Татковци на трудничко
Подобро градоначалник отколку премиер
Без визи и за БиХ и за Албанија
Секое бело влакно на косата сум си го платила сама
Груевски го дуплира долгот
Затворена етнолошката поставка во Музеј на Македонија
Иванов
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
И нашите градежници сакаат дел од патиштата
Карикатура
Претседател без советници
Почнува Скопски џез фестивал
Кој упаѓа во хангарот на паднатиот хеликоптер
Пандев се врати по повредата
Стил
Магазин






Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency
Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger