(21.10.2010г.-10:44ч.) Дводневната посета на Србија, македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ќе ја продолжи со средби со претставници на македонското национално малцинство. Се очекува Иванов да ги охрабри Македонците во Србија на престојниот попис во оваа држава да го искористат правото на самоопределување без никаков притисок.