Иванов: Нема сила што ќе им го смени името на Македонците
Остри пораки на претседателот на државата до Грција од говорницата во Советот на Европа
Од нашиот дописник Тони Гламчевски
Стразбур - Барбара Хендрикс, прославениот сопран и специјалниот гостин на свеченоста во Стразбур, пред да испее во капелата една песна на нејзините предци-робови, го прочита првиот член од Универзалната декларација за човекови права, во кој се вели дека сите човечки суштества се раѓаат слободни, рамноправни и достојни во правото и оти треба да дејствуваат кон другите во духот на братството. Кога ја подготви својата мала, но ефектна дискусија, Хендрикс не ни помислуваше дека на прославата на 60-годишнината на европската Конвенција за човекови права во Стразбур, македонскиот претседател Ѓорге Иванов во својот говор се пожали на неправедноста кон Македонија и Македонците во грчко-македонскиот спор за името на земјата.
Во име на македонското претседателство со Комитетот на министри на Совето�� на Европа, претседателот Ѓорге Иванов побара од Европа да не го слави само минатото и постигнатиот успех, туку да се фокусира на актуелните предизвици на иднината, каде што ги посочи проблемите на Македонија со Грција и со Бугарија. За Европскиот суд за човекови права да ја исполни својата цел, неопходно е неговите одлуки да бидат во целост почитувани и спроведувани од страна на сите земји-членки, побара Иванов, алудирајќи овде на проблемот на ОМО „Илинден“ во Бугарија.
Според Иванов, дел од овие принципи во некои европски институции не се применуваат кон граѓаните на Република Македонија, пред се', поради политички притисок од една земја-членка.
„Ваквиот меч со две острила повеќе боли кога удира во најсветлата придобивка од демократијата - човековите слободи и права, но особено човековото достоинство. Но, денес сум горд и како претседател на Република Македонија, но и како Македонец, што во име на сите држави-членки на Советот на Европа можам да ги испратам благородните пораки за промоција на човековите права во Европа токму на мојот мајчин македонски јазик“, истакна Иванов.
„Денес нема ниту една држава, ниту една влада и ниту една сила што може да им го оспори правото на Македонците да бидат Македонци, бидејќи човековите права се посилни и потрајни од минливоста на одредени влади или одредени политичари“, јасно истакна претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето во Стразбур.
Интересно е дека некои од главните учесници на свеченоста водеа грижа да не го навредат гостинот од Македонија. Двајцата генерални секретари, на Советот на Европа и на Обединетите нации, му се обратија со претседател на „поранешна југословенска Република Македонија“, додека шефот на протоколот и претседателот на Европскиот суд за човекови права само со претседател на Републиката. Никој официјално не реагираше.
На конференцијата за печат, генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, и генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, избегнаа да одговорат на прашањето на вашиот известувач за тоа што мислат за говорот на македонскиот претседател Иванов во однос на името и посебно дали „постојат принципи и вредности што се бранат од Советот на Европа и од ОН, според кои може да се спречи еден народ да го избере своето име и името на својата држава“.
Бан Ки-Мун изрази надеж дека со посредство на неговиот специјален пратеник Метју Нимиц наскоро ќе се најде решение за грчко-македонскиот спор за името што ќе биде прифатливо за двете страни.
„Знам дека постојат историски причини што влијаат врз дебатата за ова прашање. Се сретнав со раководителите на двете земји и знам дека е важно да се води сметка за разликите во мислењата, но и да се најде едно решение за името колку што е можно побргу и на хармоничен начин“, рече првиот човек на светската организација.
Бан Ки-Мун не го коментираше говорот на претседателот Ѓорге Иванов на церемонијата и не одговори на прашањето дали има принципи и вредности што ги бранат ОН и Советот на Европа, според кои, може да му се забрани на еден народ слободно да го избере своето име и името на својата држава.
На свечената церемонија генералниот секретар на Обединетите нации ја поздрави улогата на Советот на Европа и посебно иницијативата за утрешната конференција наменета за подобрување на правата на Ромите. Човековите права за Бан Ки-Мун не се утопија ниту, пак, сон. „Заедно треба да работиме за човековите права да станат универзална реалност. Тоа е најмалку што можеме да го направиме за народите од цел свет“.
„Ако ние сакаме Конвенцијата да прослави уште многу родендени, потребно е сите заедно да се вклучиме во неа како овде, така и во нашите земји. Оптимизмот бара волја“, предупреди претседателот на Европскиот суд за човекови права Жан Пол Коста.
Европската конвенција за човекови права е усвоена од новоформираниот Совет на Европа во Рим на 4 ноември 1950 година, а стапи во сила на 2 септември 1953 година. Конвенцијата се базира на Општата декларација за човекови права на Обединетите нации од 1948 година. Конвенцијата претставува рамка за заштита и почитување на човековите права и основните слободи.
Kade zivee covekov. Pa nie nemame ime podolgo vreme, osven za nas samite.
Од: gimce
Датум: 20.10.2010 12:19:28
" страшен " е Ѓоле, нека види Европа што јунак претседател имаме
Од: Itar Pejo
Датум: 20.10.2010 13:18:38
Sto tuku mlatat prazna slama, pa i novinarite odat po nivniot um. Sekoj sredno inteligenten covek znae deka problemot ne e vo imeto tuku vo teritorijalnite pretenzii na Makedonija prema sosedite, narocno prema Grcija. Ne e taka? A zosto vo sred skopje godinava mu se postavi spomeniik na "Kim Il Sung" na plostadot. Zatoa sto bil dobar komunisticki rakovoditel i uspesno ja izvel eksproprijacijata i bez sud im sudel na klasnite neprijateli? Ili zatoa sto sakal da go osloboduva Solun a ne Srem? Psssst, da ne se setat vlasite. Pssst, samo da vlezeme vo EU, posle mameto ce im go rasplaceme !!!
Од: b
Датум: 20.10.2010 13:46:24
Ама им одбрусил! Ги стресол. Цела ноќ око не затвориле. Биле трогнати од говорот на Ѓоле-ништо не го разбрале!
Од: Nikola-Germanija
Датум: 20.10.2010 13:52:48
Eee Gjole moj,so emocii i pateticni govori ne se branat vitalnite drzavni i nacionalni interesi,kolku i da si vo pravo vo toa sto izjavi.No,veke nema dvoumenje,deka vladata zaedno so Gjole ne samo sto ne trazat resenie,tuku naprotiv,za zal,sekoja dobrodojdena inicijativa od strana uste od pocetok se torpedira.Obidite da se proba preku FYROM se isklucivo za domasna upotreba,imajki vo predvid,sto celnici na EU/NATO veke navestija deka bez konecno resnenie nema mesto za MK.A i nelogicno e od vladin aspekt da se trazi resenie koga procesot vo Hag e uste vo tek,a od druga strana nikoj ne go znae ishodot.Se plasam da ispadne rabotata na SRB koja celo vreme bese uverena,barem pred domasnata javnost,deka KS ne e izgubeno-epilogot go znaeme site.A za volja na vistinata,spored mene MK prva ja prekrsi spogodbata od `95 imenuvajki javni objekti po "anticko minato",dodeka vo protokolot od Bukurest ne se spomenuva "veto od GR".Za mene,ova vlada svesno ja vodi MK vo ambis,pa gospod neka nie na pomos!
Од: caki,germanija
Датум: 20.10.2010 13:53:03
A bre big mac kaj zhiveesh ti?129 zemji ne priznaa pod ustavnoto ime R.MAKEDONIJA
Од: prostak
Датум: 20.10.2010 14:44:38
Podobro da sum prostak i vmrovec i da go pocituvam ovoj pretsedatel koj ja kazuva vistinata za Makedonija. kakvi ste bre vie lugje koi vaka mozete da go komentirate govorot na Ivanov.
Од: sando nepartijec novoselec
Датум: 20.10.2010 15:17:51
Bravo predsedatele Heroje taka treba sekoj makedonac da ja brani r Makedonija izdajcite ja krstija so FIROM sega imame problemi HVALA
Од: Mudrec
Датум: 20.10.2010 16:38:21
Ova e ona sto Makedoncite sakaat da go slusnat od svoite politicari - jasno i glasno da se kaze vistinata pred site. Ne mozam da gi razberam pogornive komentatori, dali se Makedonci voopsto?
Од: Веиз
Датум: 20.10.2010 17:18:43
Секоја чест претседателе!Само нека не си играат со нас да ни даваат само обетувања без резултати,се надеваме на подобро а тие посилните и влијателните нека помогнат со ДЕЛО а не збор.
Од: zapev
Датум: 20.10.2010 17:34:40
samo sto potpuniv nekoi papiri tuka vo vrska makedonija vo min za nadvorasni raboti i sekade pisuvase firom zatoa ne mi e jasno kako moze da se udira vo gradi za imeto koga e samo za vmtresna upotreba....vazno e kako te vikat vo on a doma moze da se vikas ako sakas i p.d.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.10.2010 17:39:02
Ништо чудно и ништо неочекувано од страна на опозициските коментатори.Сите им се виновни што и малку имаат елементарно достоинство. Прифаќањето на се што бара соседот и Брисел станува препознатлив стил на однесување.Ерга омнес им е ептен подостоинствено од тоа што го кажа преседателот.Затоа и се во такво - никакво дереџе.А и симулациите да не заборавиме им се омилено орудие на самонегирањето.
Од: 3G
Датум: 20.10.2010 17:43:33
Vo red i govorot i stavot no kako toa taka naednas, pa neli Gorge se zalagase za razumen kompromis pa sega taka naednas beskompromisno koga negoviot minister za nadvoresni veke navleze vo kompromisot i.t.n. Znaci kolku toj govor ke bide konzistenten-postojan i kolku od tie solzi za coveckite prava bile krokodilski i kolku za doma-za sekojdnevnata diskriminacija(razgovaranje so ugledni stranci no ne i so kompetentni za imeto Makedonci) krsenje na coveckite prava vo Makedonija i sprecuvanje na referendum za imeto?
A od odgovorot bi zaviselo dali osven sto zapadot i Makedonija vozat sekoj na negovata pogresna strana, mozebi sepak se vo ednonasocen soobrakaj so dve lenti ili sepak ne?
Од: Милошевић
Датум: 20.10.2010 19:57:53
Јешћемо корење али име не дајемо!
Од: Јован АН
Датум: 20.10.2010 20:44:44
Најпосле еден Пртседател да го каже тоа што требаше да го каже некој пред дваесет години!
Од: Politicki telali
Датум: 20.10.2010 22:21:28
Ban Ki Mun ne go komentiral govorot na Ivanov?! A sto ima da komentira koga slusa edna tirada od pateticno romenticarska patriotska egzaltacija i kukanje poradi nepravdata koja ni se pravi. Toa moze da se pravi na partiski kongresi ili vo kafeani, a ne na sobir na svetski politicari i diplomati. Nas ni trebaat umni ,izgradeni diplomati i politicari so vizija inteligencija i diplomatska vestina , koja ocigledno na Ivanov mu fali, a ne patriotski egzaltirani telali koi po svetskite metropoli ce kukaat za nepravdiute sto ni se pravat . Tie kukanja ne pomagaat . Potrebna e umesnost diplomatija , vestina i znaenje i toa mnogu mnogu znaenje kako da se postigne posakuvanata cel.
Од: Мене до Вас
Датум: 21.10.2010 01:18:37
Со простотилак ќе ја градиме Македонија. Едвај чекате да се изнапљукате и уво не ве боли. Човекот фино го пренесе ставот на мнозинството од Македонија, па и нас уво не не боли за вашето пљукање. Секој има право на свој став.
Од: borce
Датум: 21.10.2010 02:07:16
Ne samo vo Makedonija nego cel svet treba da ne narekuva toa chto sme Makedonci. Treba svetot da znae odnosno da priznae deka Grcija Bugarija. Albanija imaat okupirano Makedonski delovi .
Од: Cvetan Sokoleski Svetska
Датум: 21.10.2010 07:40:25
Do site onije sto go negiraat govorot na makedonskijot presedatel ko bese fantasticen i realen sakam da im poracam deka se glupavi i ne razbiraat za sto se raboti,
duri so pravo mozam da gi narecam animakedonci.Nasijot presedatel na pravo mesto im ja kaza vistinata na evropskite licemerni politicari, i gi potseti deka spijat na svoite fotelji za debeli pari ne gledajki kade i komu se gazat covekovite prava.Samo onije makedonci sto ne i mislat dobro na Makedonija mozat da recat nesto negativno za govorot na makedonsjijot presedate.koj dobro gi bocna licemernite Evr.Politicari.
Од: Трене
Датум: 21.10.2010 09:00:23
Подршка за владата во борбата за општоприфатена Македонска посебна нација која не е грчка, бугарска, српска ни албанска. Конечно Македонците јавно и гласно го бараат своето рамноправно место меѓу другите нации. Со векови се бара, но сега се води конечната борба. Македонија не може друго решение да понуди за грчкиот проблем со посебна Македонска нација освен второ прифатливо име за грчка употреба, но грција не смее да влијае како Македонците да се претставуваат ни надвор ни пред ОН, а за дома во устав никако. Македонинја треба да е примена според сите цивилизациски права насекаде како Р.Македонија, Македонците слободоно да смеат да ја негуваат својката култура каде и да се, тоа нема никаква врска со грција и слични.