Број 3411  среда, 20 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Кој упаѓа во хангарот на паднатиот хеликоптер

Од Министерството за одбрана и од МВР негираат, но истражен судија бил повикан на увид

Љубиша Станковиќ

Обидот за влез во хангарот каде што се сместени остатоците од паднатиот хеликоптер на АРМ ги вознемири надлежните. Истражен судија и јавен обвинител вчераутро биле повикани на увид откако бил забележан обид за насилно отворање на вратата од магацинот каде што се наоѓаат деловите на „МИ-17“. Станува збор за хеликоптерот, кој пред речиси три години се урна во неразјаснети околности, кај катлановско Блаце, при враќање од мисијата во Босна.

Како што дознаваме од извори од истрагата, обидот за влез во магацинот, сепак, завршил неуспешно. „Пломбата со која е затворен хангарот стоеше на место, а и вратата се' уште беше затворена, но, очигледно е дека некој се обидел да ја отвори“, велат извори од истрагата за „Утрински весник“, кои најавуваат дека дополнително ќе се прави вештачење околу целиот настан.

Иако за случајот пристигнала пријавата од страна на армијата, а Крим-техника била повикана на увид, официјално ниту од Министерството за одбрана ниту од МВР не го потврдуваат настанот.

„Не е точно. Станува збор за тешка шпекулација. Нема провалување во ниту еден арамиски магацин, а најмалку во овој каде што се чува армискиот хелокптер“, ни изјави вчера портпаролот на Генералштабот на АРМ, полковник Мирче Ѓорговски, негирајќи дека некој насилно влегол во хангарот што се наоѓа на воениот аеродром. Според Ѓорговски, за настанот се интересирале повеќемина новинари, но тој е дециден дека немало никакво упад во магацинските простории.

За настанот вчера немаше потврда ниту од страна на МВР. Оттаму велат дека нема пријава за грабеж во армиски магацин, односно таков настан воопшто не е регистиран во полициските билтени.

Но, од Кривичниот суд во Скопје тврдат сосема поинаку. Извори во судот потврдуваат дека по јавување од АРМ, истражен судија вчераутро бил повикан и извршил увид на местото каде се случил настанот. На увидот присуствувал токму истражниот судија што ја води истрагата за хелокоптерската несреќа.

Армискиот транспортно-борбен хеликоптер речиси три години е во фокусот на интересот на јавноста, по кобното загинување на 11 мировници, кои се враќаат во земјава по мисијата во Босна.

За трагедијата што се случи на 12 јануари 2007 година, експертски тимови изготвија неколку извештаи, а по точно две години од настанот, односно во јануари минатата година Владата го објави извештајот за падот на воениот хеликоптер. Како причина за падот беа посочени сложените метеоролошки услови за летање, поточно облачното време проследено со густа магла, непочитување на процедури, техничка неисправност на неколку инструменти и уште неколку други забелешки. И покрај неколкуте извештаи, јавниот обвинител Љупчо Шврговски побара нова, независна експертиза. За таа цел, беше ангажиран британскиот експерт за воени несреќи, Едвард Пули. Тој во мај годинава направи увид на местото на несреќата, а го посети и магацинот во кој се сместени деловите од хеликоптерот. Извештајот на Пули требаше да биде готов до септември годинава, но експертизата е пролонгирана по негово барање поради прибирање дополнителни докази.


#
Статијата е прочитана 1772 пати.

Испрати коментар

Од: Moris
Датум: 20.10.2010 13:18:41
Kako i obicno Stojanovski i ekipa se amnestiraat i od ovoj vonreden slucaj koga vo voen objekt nekoj vlegol i bez nikoj da go vidi sakal da otvori magaci. Drn dupki na oficerite koi ne si ja vrsat dolznosta i SLuzbata voena partizirana i sklona na manipulacii. Sto sakaat da skrijat deka zaginaa lugje i oficeri i deka pokraj toa sto zaginaa sakaat da gi napravat zaginatite krivi.Treba da pobedi vistinata
Од: Zoki
Датум: 21.10.2010 05:41:18
Po zakon se znae kako se cuvat dokazite za vakov tip na delo. Ako istragata ja vodite vo toj pravec i ke dojdete do mnogu odgovori.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Мама“ и „Вујко“ ќе патуваат од Белград
Македонско-бугарски историски контроверзии (11)
Економијата без компас
Кандидатура за претседател на Франција
Татковци на трудничко
Подобро градоначалник отколку премиер
Без визи и за БиХ и за Албанија
Секое бело влакно на косата сум си го платила сама
Груевски го дуплира долгот
Затворена етнолошката поставка во Музеј на Македонија
Иванов
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
И нашите градежници сакаат дел од патиштата
Карикатура
Претседател без советници
Почнува Скопски џез фестивал
Пандев се врати по повредата
Стил
Магазин






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency