Број 3411  среда, 20 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Затворена етнолошката поставка во Музеј на Македонија

Поради течење вода од покривот, не може да се види поставката со експонати стари и од 300 до 350 години

Катерина Богоева

Постојаната поставка на Етнолошкиот музеј при Музејот на Македонија за прв пат е затворена поради опасност од пожар или струен удар, што може да го предизвика водата која со децении си наоѓа свои патчиња низ покривот. Во неа посетителите не можат да влезат од минатиот понеделник, а нашата екипа вчера, уште од влезот на зградата каде освен поставката се сместени и други содржини, се соочи со запрепастувачка слика: со огромна локва вода на подот и испопаѓани табли од таванот. „Овде се наоѓа најголемото богатство на земјава кое е изложено на голема опасност поради децениско неодржување на објектот“, изјави со голема загриженост директорката на Музејот на Македонија, Мери Аницин Пејоска која очекува на следната седница на владата, поради итноста на ситуацијата да бидат одобрени средства за санација на иск��учително високо загрозениот музејски дел , иако уште минатата година, владата донесе одлука за комплетна реконструкција на целиот музејски комплекс.

Поставката е затворена откако била запалена склопката на една од разводните табли, одговорна за осветлувањето на поголемиот дел од тамошните сали. Програмскиот директор на Етнолошкиот музеј, Дарко Кржовски водејќи не низ салите ни ги покажуваше местата од каде тече вода: ѕидовите, подовите, витрините со исклучително вредните експонати, чија очајната состојба можеше да се доживее и без потребното осветлување.

„Го поместив ковачкиот мев за врз него директно да не капе вода, која оди и низ инсталацијата. Таа проаѓа и низ системот за алармирање, низ камерите и сензорите.

Сега е малку засушено, но пред да ја донесеме одлуката за затворање беше хаос, а уште кога почна да чади разводната табла“, рече тој, посочувајќи дека многу често во изминатиов период, кога оштетувањата на кровот стануваа се повидливи , му се случувало посетителите да го прашуваат зошто вредното богатство се чува во толку несоодветни услови. „Не знам што да одговорам, едноставно поцрвенувам и се срамам.

Ова е еден од најбогатите музеи со етнолошки материјал на Балканот, но зградата ни е во многу очајна состојба, така да незнам како понатаму ќе може да функционира доколку не се санира кровот. Имаме разновидни етнолошки содржини, се трудиме поставката да ја направиме што поинтересна и подостапна за пошироката публика, но бевме принудени да ја затвориме“, вели Кржовски и потсети дека богатството на изложените експонати е огромно. „Станува збор за традиција и континуитет на собирање на предмети од над 50 години, тие се стари и по 300 до 350 години. Доколку се уништат, неповратно ќе бидат изгубени“.

Директорката Мери Аницин Пејоска и во оваа алармантна ситуација укажува на неопходноста од најавената реконструкција на целиот објект.

„Најалармантна е ситуацијата со кровот и со депото што се наоѓа под платото пред Музејот и веќе е распаднато. Познато е дека под објектот има и подземни води, а тој проблем бил некогаш саниран, но не и конечно решен. Водата од кровот тече низ четири нивоа, не протекува, туку навистина тече кога врне што може и да се види во приземјето. Со секој паднат дожд, состојбата е се подрастична. Распаднатите плафонски плочи постојано паѓаат и може некого да повредат Бидејќи конструкцијата е наводенета, веќе со секој дожд се гледаат се подрастични промени и нарушувања. Заради тие дождови и протечувања имаме континуирано проблеми со електричната инсталација. Секогаш имаме куршлуси и вонредни трошоци за замена на осветлувањето. Се случува водичите кога ќе вклучат осветлување веднаш да прегорат и до 100 сијалици во етнолошката поставка каде има голем број витрини. Дури и кога велиме дека таму состојбата е во ред, половина од витрините не работат, а постојано ни доаѓаат делегации на посета. Програмскиот директор на Етнолошкиот музеј веќе ни достави барање дел од витрините да ги спакува и да ги однесе на побезбедно место. Врз нив тече вода, а незнам веќе колку пати изложените килими биле натопени. Во рамките на едукативните програми во Музејот доаѓаат и деца, а до Нова Година требаше секој ден во поставката да се одржуваат работилници. Алармираме долго време, а пред три години го изготвивме и елаборатот за реконструкција на целиот објект со помош и на ИМГ“.

Таа посочи дека проблемот со електричната инсталација трае подолго време и поради самото опкружување на објектот. „Варира напонот, пробавме тоа да го решиме, но ЕВН ни достави елаборат за изградба на нова трафостаница што би чинела 40 -50 илјади евра, што според нив, треба ние да ја платиме. Би требало да им отстапиме и простор од дворот на владеење, да ја изградиме трафостаницата и да им ја отстапиме на користење. Но, сепак ова не е нов објект, туку постоечки за кој се плаќани комуналии и сметаме дека не е наше да го решаваме тој проблем. Меѓутоа, бидејќи се работи за голема сума пари и за кризен период во кој се наоѓаме, тоа остана да се решава подоцна, заедно со планираната реконструкција на објектот“.


#
Статијата е прочитана 794 пати.

Испрати коментар

Од: војо
Датум: 20.10.2010 17:45:18
. Какво раководство таков Музеј. КАТАСТРОФА

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Мама“ и „Вујко“ ќе патуваат од Белград
Македонско-бугарски историски контроверзии (11)
Економијата без компас
Кандидатура за претседател на Франција
Татковци на трудничко
Подобро градоначалник отколку премиер
Без визи и за БиХ и за Албанија
Секое бело влакно на косата сум си го платила сама
Груевски го дуплира долгот
Иванов
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
И нашите градежници сакаат дел од патиштата
Карикатура
Претседател без советници
Почнува Скопски џез фестивал
Кој упаѓа во хангарот на паднатиот хеликоптер
Пандев се врати по повредата
Стил
Магазин






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency