Почнува Скопски џез фестивал
(22.10.2010г.-10:48ч.) Кубанскиот композитор и пијанист Омар Соса со квартетот Африканос и вокалот Марија Пиа де Вито од Италија со својот квартет, вечерва во Универзалната сала ќе го отворат 29. Скопски џез фестивал. Во клубот „Хард Рок“, на полноќ ќе настапи групата Вајрд Парадајс со холандскиот саксофонист Јури Хонинг. Фестивалот ќе се одржува до недела на три локации: Универзална сала, „Хард Рок“ и Македонската опера и балет.
|