Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Уште една година ништо нема да се знае за „Јужен поток“

Русија би го затворила со тоа клириншкиот долг од 60 милиони долари, а колку ќе не' чини целиот проект се' уште не се знае

Маја Томиќ

Македонија изрази желба да стане дел од гасоводот „Јужен поток“. На вчерашната средба владините претставници и гостите од рускиот „Гаспром“ се договарале и ги разгледувале опциите како тоа да се направи во практика. Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, земјава е на чекор поблиску до реализацијата на проектот за гасификација и станува се' поизвесно дека ќе бидеме дел од „Јужен поток“.

„Постојат размислувања за тоа дали самостојно да се приклучиме како крак или, пак, низ земјава ќе има транзитна линија, во зависност од тоа дали соседна Албанија и Косово ќе изразат подготвеност за учество во проектот. Колку тој ќе не' чини, ќе се знае кога ќе бидат завршени техничките анализи“, изјави Ставрески по средбата. Тој додаде дека сега прво треба да се завршат техничките анализи за исплатливоста на гасоводот, за тоа каде и како ќе се приклучиме, а потоа ќе се оди на потпишување меѓудржавен договор со Русија и создавање заедничка фирма. Владата веќе формирала претпријатие „Македонија гас“, кое во иднина ќе работи и ќе му биде партнер на „Гаспром“ во реализацијата на проектот.

„Со доаѓањето на ’Гаспром‘ во М��кедонија земјава ќе биде поатрактивна за странските инвеститори, затоа што ќе има стабилност во снабдувањето со еколошкиот и евтиниот енергенс, а тоа воедно ќе значи и развој на економијата“, рече Ставрески.

Началникот на одделот за управување со проекти на „Гаспром“, Леонид Чугунов, истакна дека е неопходен период од најмалку една година за техничките подготовки, по што ќе се знае дали и во каков вид ќе поминува гасоводот низ Македонија. Тој истакна дека предност е што Македонија веќе има изработено проект за гасификација и ќе се оценува во колкава мерка тој ќе биде искористен.

Според владини процени, потребите на Македонија за гас ќе растат во наредните години поради порастот на странските инвестиции и дека до 2040 година ќе ни требаат меѓу 2,5 и три милијарди кубни метри гас годишно, а во моментов се трошат околу 800 милиони кубни метри.

Изградбата на гасоводот „Јужен поток“ беше најавена уште во јуни 2007 година, кога италијанската „Ени“ и „Гаспром“ потпишаа меморандум за разбирање. Според постојната верзија на проектот, цевките за гас треба да ја заобиколат Македонија. А, гасот од Русија треба да стигнува во Бугарија, Италија, Србија, Унгарија, Хрватска, Словенија и Австрија. Јужниот крак е дефинирано да минува низ Грција, а преку северниот крак во Србија, на гасоводот да се приклучат и повеќе земји од Централна Европа. Проектот треба да се реализира во 2015 година, а вкупната инвестиција се проценува на 8,6 милијарди евра. Капацитетот е проектиран на 60 милијарди кубни метри гас годишно.


#
Статијата е прочитана 872 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 02.10.2010 13:58:13
Makedonija e slepo crevo za ovoj gasovod od pricina sto e mal potrosuvac, pa najverojatno ke bide priklucena preku nekokoja "vtora ili treta raka". E sega falbi i reklami deka kojznae kakov uspeh postignala Vladata vo pregovorite so "Ruskite Zverki" ke ima kolku sakas, pogotovo na Sitel i vo Vecer. Mislam deka veke i pocnaa da se falat.
Од: devicanecot
Датум: 02.10.2010 20:51:51
Руските Извори велат дека техничката анализа ќе трае три до четири месеци. Се работи само за крак на гасоводот, а не тој да поминува транзитно низ Македонија. Тоа е затоа што трасата е усвоена...за да бидеме транзитна земја треба согласност од сите земји...а тоа е веќе завршена работа.Предвидувањата се дека во 2030 година, Македонија од сегашните 0,1 милијарда кубни метри гас, да користи 2 милијарди кубни метри гас годишно.
Од: Vlada
Датум: 03.10.2010 11:25:35
Ova e uste edna propadnata inicijativa za mackanje oci na Stavreski kako i site negovi vo izminative 4 godini. Stavreski e najpromasenata investicija na Gruevski.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Исплашени градежници
Нови давачки за алкохолот во големите маркети
Терористите ја меркаат Ајфеловата кула
Воскресение една година по пожарот
Бунт во Еквадор, претседателот под опсада во болница
Поделената земја Македонија
Замина Артур Пен, режисерот на „Бони и Клајд“
Танц со ќерката – нескриена радост за своите изложби
Збогум во здравството
Половина час на црвен тепих за 250.000 фунти
Американките златни во кошарка
Второ издание на „Десонанз“
Што се милениумски цели?
Крај на камионџискиот хорор во Грција
Пелистер и Металург изгубија во ЕХФ
Прави милијарди, а не боршч
Големите пари со Големиот брат
Серија земјотреси околу Егејското Море
Вселенски хотел со поглед на Земјата
Годинава ни „р“ од реформите
Што мислат Албанците за плоштадот „Скендербег“






Macedonian paradox: Pessimism fails to dent PM's support
Izetbegovic causes surprise in Bosnian vote
Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections