Македонските екипи Пелистер и Металург неславно ги започнаа натпреварите од ЕХФ купот во ракомет. Во првите натпревари од второто коло, Пелистер се посрамоти, откако во Луксембург загуби од Дуделанж со 20-17.
Металург, пак, загуби на гостувањето во Белорусија од Брест со 28-23.
Реванш натпреварите, во кои нашите екипи ќе имаат шанса да го надополнат изгубеното, се играат во сабота во Битола, односно Скопје.