Терористите ја меркаат Ајфеловата кула
Ајфеловата кула во Париз, париската катедрала Нотр Дам, централната железничка станица и телевизиска кула во Берлин, се потенцијални мети на терористички напади, објави американската телевизија „Фокс Њуз“. Телевизијата се повикува на два извори. Едниот од нив бил бил високопоставен западен разузнавач, кој истакнал дека тие податоци биле собрани при распит на германки државјанин од пакистанско потекло во американската военовоздухопловна база „Баграм“ во Авганистан. |