Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Глигор Чемерски

Танц со ќерката – нескриена радост за своите изложби

Нарекувајќи го сликарот Глигор Чемерски еден од неколкутемина корифеи на ликовната уметност во Република Македонија, министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милеска, стоејќи пред репродукцијата на неговиот мозаик „Македонија - светла земја“, завчеравечер во Даут-пашин амам, преполн со слики и со гости, ја отвори ретроспективната изложба со која авторот одбележува 50 години творештво.

Во овој изложбен простор на Националната галерија, публиката освен двете репродукции на мозаиците поставени во Кабинетот на претседателот на Македонија, имаше можност да ги види и раните дела на Гиче (како што го нарекуваат пријателите), а по два часа обиколка на изложеното и меѓусебно муабетење, се префрли во галеријата Чифте-амам за да се сретне и со останатиот дел од вкупно презентираните 270 дела.

Пријатната и очекувано впечатлива атмосфера ноќта во амамите ја создаваа не само сликите на Чемерски туку и музиката на Влатко Стефановски и настапот на џез-квартетот на Ристо Ивановски, а изненадување беше и танцот на сликарот со неговата ќерка Елена. Гиче цела вечер беше опкружен и со своите пријатели, меѓу кои имаше и академици, уметници, политичари, новинари, љубопитни да ја видат најновата концепција на презентација на негов��то богато творештво што датира од шеесеттите години на минатиот век.

А поврзувањето на двете галерии во Старата скопска чаршија во една вечер со дела на едно значајно ликовно име, беше навистина голем погодок на Националната галерија, и еден вид увертира во вечерашната „Бела ноќ“, во која публиката, исто така, одејќи пеш, ќе може да посети неколку места во центарот на градот каде што ќе се одржуваат планираните културни настани. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 1068 пати.

Испрати коментар

Од: Бранко Георгиевски
Датум: 02.10.2010 22:33:38
Да, презентацијата на делата беше празник за очите и за душата. Со таков голем опус и број на дела ретко кој автор може да се пофали. Гичо, ти пожелуваме добро здравје и уште многу такви пријатни моменти да ни приредиш. Поздрав од Бранко со фамилијата!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Исплашени градежници
Нови давачки за алкохолот во големите маркети
Терористите ја меркаат Ајфеловата кула
Воскресение една година по пожарот
Бунт во Еквадор, претседателот под опсада во болница
Поделената земја Македонија
Замина Артур Пен, режисерот на „Бони и Клајд“
Збогум во здравството
Половина час на црвен тепих за 250.000 фунти
Уште една година ништо нема да се знае за „Јужен поток“
Американките златни во кошарка
Второ издание на „Десонанз“
Што се милениумски цели?
Крај на камионџискиот хорор во Грција
Пелистер и Металург изгубија во ЕХФ
Прави милијарди, а не боршч
Големите пари со Големиот брат
Серија земјотреси околу Егејското Море
Вселенски хотел со поглед на Земјата
Годинава ни „р“ од реформите
Што мислат Албанците за плоштадот „Скендербег“






Macedonian paradox: Pessimism fails to dent PM's support
Izetbegovic causes surprise in Bosnian vote
Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections