Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Јелена Батурина

Прави милијарди, а не боршч

Веќе со години Јелена Батурина е најбогата жена во Русија, на која ниту економската криза не и' може ништо, зашто зад себе ја имаше поддршката од моќниот сопруг, екс-градоначалникот на Москва, Јуриј Лушков

Бранко Влаховиќ
наш дописник од Москва

Уште пред да биде објавена листата на „Форбс“ за најбогатиот брачен пар меѓу политичарите и високите државни функционери во Русија, се знаеше дека на врвот ќе бидат Јуриј Лушков и неговата сопруга Јелена Батурина. Веќе со години Јелена е најбогата жена во Русија, на која ниту економската криза не и' може ништо, зашто зад себе ја имаше поддршката од моќниот сопруг, екс-градоначалникот на Москва, Јуриј Лушков. Нивниот семеен, значи, собран приход, е поголем од една милијарда долари и е повод за разни анализи. Иако Лушков во едно од интервјуата рекол дека тој не и' помага на својата жена, туку само и' попречува да биде уште побогата, зашто е исклучително способна, се' помалку се оние што веруваат во неговите зборови.

Директорот на Центарот за политички информации, Алексеј Мухин, објаснува дека рејтингот на „Форбс“ покажува оти политичарите и чиновниците, всушност, преку компаниите на своите сопруги добро заработуваат. Политикологот Мухин истакнува дека примерот на Лушков е типичен, а сето тоа е можно зашто во Русија на жените на политичарите и на високите чиновници не им е забрането да се водат бизниси. Според Алексеј Мухин, не е мал бројот на граѓани кои сметаат дека би било морално жените на високите политичари да не се занимаваат со бизнис.

Која е сопругата на Лушков? Јелена Николаевна Батурина (47) е сопственик на компанија за инвестиции и изградба „Интеко“. Со Лушков се запознала работејќи во московската Комисија за развој на кооперативни и индивидуални работни дејности, чиј претседател бил токму тој. Својата кариера Батурина ја почнала во московската фабрика „Фрезер“, каде што некогаш во халите и' работеле родителите. Подоцна, работејќи завршила и факултет и почнала да се искачува по скалилата на кариерата. Веројатно ги зближило и социјалното потекло, зашто Лушков, исто така, почнал како работник, а потоа станал и инженер.

„Се' зависи од гените. Човек по природа има или нема лидерски амбиции. Јас секогаш сум била лидерка“, рекла Јелена Батурина. На тоа многумина коментираат, поставувајќи едно прашање - што би станала Јелена Батурина ако не му станала жена на Јуриј Лушков?

Компанијата „Интеко“ ја основале Јелена и нејзиниот брат Виктор во 1991 година и во почетокот се занимавале со производство на пластични предмети. Во тоа време Јелена се омажила за Јуриј Лушков, со кој има две ќерки - Алјона (18) и Олга (16)...

Суровините за производство на пластична маса „Интеко“ ги добивала од московската рафинерија, која почнала да произведува полипропилен, па релативно брзо фирмата произведувала една третина од сите пластични производи во Русија. Во тоа време руските новинари пишувале дека Јелена е најголем производител на пластични леѓени и столови... На амбициозната жена не и' биле доволни садовите и леѓените, па во 2001 година „Интеко“ го претворила во голема инвестициско-градежна компанија.

Прво градела панелни згради, а подоцна од оние најелитните. За да може да ги реализира тие планови, во 2002 година купила неколку цементарници. Така, нејзината компанија станала една од најголемите снабдувачи со цемент во Русија. Паралелно со тоа, во Белгордската област, Јелена Батурина купувала големи површини земја, за да ги развива програмите „Интеко-агро“. Колку што повеќе напредувала во бизнисот, на Батурина и' растеле амбициите и во политиката. Јелена сакала да стане и член на Парламентот, па во 1999 година се кандидирала како претставник на Калмикија, но не поминала.

Првите поголеми напади во медиумите врз Јелена Батурија почнуваат во 2004 година, кога се урнал покривот на аквапаркот во московскиот реон Јасењево. Загинале 28 посетители, а околу стотина биле повредени. Се шпекулирало дека Јелена е сопственик на аквапаркот. Поради тоа, таа дури и тужела новинари, па на суд добила и делумна сатисфакција. Во март 2006 година, Јелена е повторно во центарот на медиумското внимание, зашто од компанијата го избркала својот брат Виктор, откупувајќи еден отсто од акциите на „Интеко“ што му припаѓале нему.

Во серијата судења со новинарите, запаметено е она од 2007 година, со уредништвото на „Форбс“, зашто е изменет текстот за неа, иако пред тоа бил авторизиран. Патем кажано, токму според оцените на „Форбс“, Батурина веќе пет-шест години е најбогата жена во Русија. Прв пат во 2004 година „Форбс“ процени дека богатството на Јелена надминува една милијарда долари. Нејзиниот имот постојано се зголемува, па во 2006 година бил проценет на 2,3 милијарди долари, а една година подоцна на 3,1 милијарда долари...

За разлика од повеќето жени во Русија, кои знаат добро да зготват боршч и други национални јадења, Јелена умее да прави пари. Освен тоа, таа сака спорт, игра тенис, скија, јава коњи. Таа е и функционер во коњичкиот спорт.

„Јуриј Лушков добро игра на мрежа, а јас на задната линија“, рекла во едно интервју Јелена Батурина, одговарајќи на прашањето како играат тенис. Нејзиниот одговор многумина го сфатиле и како објаснување како функционира бизнисот. Без негова помош и влијание, Батурина тешко би можела да ја создаде бизнис-империјата „Интеко“. Сега, кога со „одлука на Кремљ“ е поткопана харизмата на доскорешниот московски градоначалник, многумина се прашуваат дали амбициите на Јелена беа причината за уривање од политичкиот трон на 74-годишниот сопруг, кој најмногу би сакал и натаму да владее со Москва.


#
Статијата е прочитана 1121 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Исплашени градежници
Нови давачки за алкохолот во големите маркети
Терористите ја меркаат Ајфеловата кула
Воскресение една година по пожарот
Бунт во Еквадор, претседателот под опсада во болница
Поделената земја Македонија
Замина Артур Пен, режисерот на „Бони и Клајд“
Танц со ќерката – нескриена радост за своите изложби
Збогум во здравството
Половина час на црвен тепих за 250.000 фунти
Уште една година ништо нема да се знае за „Јужен поток“
Американките златни во кошарка
Второ издание на „Десонанз“
Што се милениумски цели?
Крај на камионџискиот хорор во Грција
Пелистер и Металург изгубија во ЕХФ
Големите пари со Големиот брат
Серија земјотреси околу Егејското Море
Вселенски хотел со поглед на Земјата
Годинава ни „р“ од реформите
Што мислат Албанците за плоштадот „Скендербег“






Macedonian paradox: Pessimism fails to dent PM's support
Izetbegovic causes surprise in Bosnian vote
Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections