Одисеја 2016
Вселенски хотел со поглед на Земјата
Една руска компанија објавила амбициозен план, според кој, во вселената ќе лансира „вселенски хотел“ - јавува руската новинска агенција РИА- Новости.
„Орбитал технолоџис“ тврди дека комфорниот четворособен објект, во орбитата околу Земјата би можел да се најде во 2016 година. Потенцијалните гости, на нивниот одмор ќе ги превезува шатлот „Сојуз“, истиот оној со кој се служат космонаутите за транспорт на Меѓународната вселенска станица.
Компанијата, стационирана во главниот град на Русија, Москва, не открила како ќе изгледа тој хотел и на кој начин ќе биде изграден.
Досега, вселенските туристи, како американскиот бизнисмен Денис Тајт, престојувале во тесниот шатл „Сојуз“ „за превоз“, заедно со космонаутите и нивните експерименти.
„Нашиот планиран модул нема да биде ништо слично на ’Сојуз’. Внатрешноста ќе диши со комфор, а ќе бидат поставени и „прозорци“, низ кои туристите ќе имаа чудесен поглед на планетата Земја“, кажал извршниот директор на „Орбитал технолоџис“, Сергеј Костенко.
Модулот ќе содржи 4 кабини со волумен од 20 метри кубни, предвидени за седум лица. цената на престојот во ова ексклузивно опкружување, за сега останува тајна. Што се однесува до исхраната, компанијата планира да вработи светски признати готвачи, кои ќе се грижат за гостите и нивните желби. Компанијата која ќе го гради овој потфат се вика „Енергија“, руски производител, познат по изградбата на капсулите „Сојуз“ и модулите со кои се пренесуваат персоналот и залихите на Меѓународната вселенска станица.
„Потпишани се многубројните партнерски договори со „Енергија“ и Руската федерална вселенска агенција (Роскосмос)“, вели Костенко.
Исто така, овој проект предизвика многубројни руски и американски инвеститори на вложување.
Некои стручњаци, како Џим Оберг, вселенски советник од Хјустон, прашуваат зошто Русија би вложувала толкави средства во овој вселенски проект, нагласувајќи дека со овој потег доаѓа во прашање руската верност на Меѓународната вселенска програма. (Ј.П.) |