Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Замина Артур Пен, режисерот на „Бони и Клајд“

Артур Пен беше предводник на новиот Холивуд, иако Холивуд не го сакаше, бидејќи жестоко се пресметуваше со митовите и американската историја

Сунчица Уневска


Познатиот американски режисер Артур Пен, кој важеше за предводник на новиот Холивуд, почина на 28 септември од срцеви проблеми во својот дом на Менхетен. Режисерот на култниот „Бони и Клајд“ имаше 88 години, а замина само еден ден по својот роденден.

Артур Пен е роден на 27 септември 1922 година во Филаделфија. Тој беше особена појава во Холивуд, автор кој жестоко се пресметуваше со многу американски митови, кој не се плашеше да ја демитологизира американската историја, но кој поради тоа и не беше омилен во Холивуд. Пен се смета и за зечетник на модерниот вестерн, а освен „Бони и Клајд“, тој потпиша уште многу култни дела, како што се „Малиот голем човек“, „Леворакиот револвераш“, „Чудотворка“, „Алисиниот ресторан“, „Потера без милост“, „Ноќни движења“, „Двобој на Мисури“ и други. Артур Пен се сметаше за автор кој одлично го отсликуваше времето во 1960-тите и 1970-тите години, времето по кризата во Америка, но и времето на бунтовништвото и на хипи-движењето.

Често пати Артур Пен беше обвинуван за насилство во своите филмови, поради искривување, наводно, на вистината и поради симпатиите кон отпадниците во општеството. По филмот „Бони и Клајд“, по кој во Америка имаше силен бран деликвенција и насилство, беа водени полемики за и против ова остварување. Но, како што вели Артур Пен, насилството е дел од човечката природа. Запрашан токму за неговиот однос кон минатото, но и кон сегашноста во Америка, кога на Берлинскиот фестивал пред три години ја доби „Златната мечка“ за животно дело, Пен рече: „Ме критикуваа дека користам насилство, што воопшто не беше случај. А, впрочем, ние сме насилни луѓе, погледнете само што се случува во светот“.

Дали се работи за вестерн, за гангстерски филм или за драма, за Пен е карактеристична демистификацијата и иронизирањето, за што тој во Берлин изјави: „Имавме ужасен период со Макарти, кога луѓето беа обвинувани поради симпатизирање на комунизмот. Мислам дека е патетично да ја видите демократијата на колена. Не можам да разберам од што толку се плашеа, се колневме во слобода, во слобода на изразување и говор, се гордеевме со нашата демократија, а правевме нешто сосем друго. И Виетнам и Ирак се ужасно глупави војни“.

Уште од самите свои почетоци Артур Пен, кој е инаку исклучително образован човек, зашто освен во Америка се школувал и во Перуџа и во Фиренца, Италија, покажува голема смелост, критичност кон општеството и американските митови и неприспособливост. Уште со првиот филм „Леворакиот револвераш“ (1958), во кој Пол Њумен го игра Били Кид, што се претвори во зачетник на модерниот вестерн, Пен бил доста критикуван и во Америка било игнорирано ова дело. Но, затоа Европа веднаш покажа голем респект кон американскиот режисер, наградувајќи го и фалејќи го овој филм, за кој познатиот новобрановец Жан Лик Годар ќе рече дека го инспирирал за неговото култно дело „До последен здив“.

Факт е дека „Бони и Клајд“ (1967) му ја донесе најголемата популарност. Тоа беше филм што придвижи многу нешта, што проговори во тоа време во име на побунетата генерација, што создаде такви ликови, кои иако базирани на вистински криминалци од 1930-тите години, сепак, во улогите на Ворен Бити и Феј Данавеј се претворија во прототипови на бунтовници. Навистина и самиот Пен во својот филм се пресметува со стереотипите на општеството и со неговата подготвеност да ги отфрли поинаквите, така што овој филм имаше сосем поинаков одглас во времето во кое е создаден, од она што во стварност биле Бони и Клајд. Филмот инспирира мода, движење, создаде незаборавни карактери, во кои новата генерација го најде своето идентификување.

Пен имаше три номинации за „Оскар“, освен за „Бони и Клајд“ и за филмовите „Чудотворка“ (1962) со Ен Бенкрофт и „Алисиниот ресторан“ (1969), една ода на хипи-движењето, но никогаш не ја доби наградата на Американската академија. Уште едно култно дело е неговиот вестерн „Мал голем човек“ со извонредниот Дастин Хофман, во кој се навраќа на целата американска историја, иронизирајќи настани и ликови и уривајќи ја онаа американска пионерска традиција, со која тие се гордеат. Запрашан зошто толку ги сака вестерните, Пен рече дека го сакал нивниот стил, дека секогаш ја имал својата индивидуалност, една посебна психологија, однесување кое му припаѓа на поединецот, а не на група. Додека за тоа како поминувал во Холивуд, одговори дека во Холивуд снимал само два филма и никогаш не живеел таму.

Пен е познат и по својата работа со актерите, по тоа дека умеел да воспостави посебен однос со нив и дека силно им верувал. Тоа често резултираше со неверојатни ролји, а Пен работеше со многу големи актери, освен Њумен, Ворен, Данавеј, Бенкрофт, Хофман, и со Џејн Фонда, Џек Николсон, Марлон Брандо, Џин Хекман. Но, и покрај она што го донесе и го направи, Пен беше исклучително скромен и пријатен човек, кој никогаш не се мистифицираше себеси. Напротив, тој зборуваше дека длабоко во себе никогаш не бил задоволен од тоа што го направил. „Колку да бев успешен или не, всушност, се' уште трагам по идеалниот филмски јазик, јазикот на емоциите“, вели Артур Пен, автор кој работеше до крај и кој остана еднакво критичен. Тој и на пресот во Берлин повторно го демистифицираше Холивуд, зборувајќи за кризата во него и затоа дека само малите филмови имаат шанса, и на нив работеше со голем ентузијазам, како во своите најдобри години. Тој беше вистински господин во турбулентниот филмски свет.


#
Статијата е прочитана 584 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Исплашени градежници
Нови давачки за алкохолот во големите маркети
Терористите ја меркаат Ајфеловата кула
Воскресение една година по пожарот
Бунт во Еквадор, претседателот под опсада во болница
Поделената земја Македонија
Танц со ќерката – нескриена радост за своите изложби
Збогум во здравството
Половина час на црвен тепих за 250.000 фунти
Уште една година ништо нема да се знае за „Јужен поток“
Американките златни во кошарка
Второ издание на „Десонанз“
Што се милениумски цели?
Крај на камионџискиот хорор во Грција
Пелистер и Металург изгубија во ЕХФ
Прави милијарди, а не боршч
Големите пари со Големиот брат
Серија земјотреси околу Егејското Море
Вселенски хотел со поглед на Земјата
Годинава ни „р“ од реформите
Што мислат Албанците за плоштадот „Скендербег“






Macedonian paradox: Pessimism fails to dent PM's support
Izetbegovic causes surprise in Bosnian vote
Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections