По примерот на своите машки колеги, и женската репрезентација на САД стана светски првак во кошарка. Во вчерашното финале во Светското првенство што се одржа во Чешка, Американките го совладаа домаќинот со 89-69. Репрезентативките на САД го завршија мундијалот со девет победи во исто толку натпревари.
Ова беше осма титула светски првак за САД.
Во мечот за третото место, Шпанија ја совлада Белорусија со 77-68 и го освои бронзениот медал.