Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Нови медиуми

Второ издание на „Десонанз“

Никола Бурагев

Од 7 до 9 октомври на две локации во Скопје ќе се одржи второто издание на фестивалот за електронска музика, визуелна уметност и нови медиуми „Десонанз“. Фестивалот презентира инвентивни и реномирани музичари и визуелни уметници, кои покриваат различни стилови, а како и лани, фокусот е повторно на германската електронска музичка сцена. Покрај тоа, програмата ја прошируваат и француски, регионални и локални артисти. Едукативниот дел на програмата ќе се одржи на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и опфаќа работилница за визуелизации и работилница за контролери за играње, а во Кинотека на Македонија ќе се одржи и презентација на германскиот експериментален лејбл „Растер-Нотон“. Фестивалот е во организација на институтот „Гете“, Канцеларија за врски Скопје и НВО „Домино“ во соработка со Францускиот центар за соработка „Жан Моне“ и НВО „Контрапункт“.

Фестивалот ќе биде отворен на 7 октомври во Музејот на современа уметност, со настапите на Time Art Ensemble, Mehmet Can Ozur и Sutche и Fello. Time Art Ensemble е група што се фокусира на аудиовизуелна импровизација. Составена е од меѓународно реномирани музички активисти и активисти од областа на медиумската уметност, кои доаѓаат од над 10 различни земји. Сите нив ги поврзува заедничката мисла – претопувањето на класичните инструменти, електронските генератори на звук и електронската слика во единствен уметнички израз, едно севкупно уметничко дело. „Тајм арт“ ќе настапат во Скопје со постава: Матијас Муче (тромбон), Ким Мир (гитара, електроника), Михаел Донеда (саксофон) и Свен Хане (визуелизации).

Мехмет Кан Озер има настапувано на повеќе интернационални фестивали низ светот и има добиено повеќе награди за своите композиции. Моментално работи на усовршување на својот музички софтвер „Азур“ и настапува со него.

Sutsche и Fello е дуо составено од диџеј Акак и Андреас Ото, кои заедно даваат нова енергија на електронската сцена во Хамбург. Битовите со забавено темпо ги комбинираат со електронско виолончело, при што се добива посебен звук.

Втората вечер во клубот „Хавана“ ќе биде одбележана со настапите на Кластер, Бајтон, Там Там Делија, Аксиотомик и македонскиот артист, Душко Јаневски. Кластер (Cluster, првично Kluster) е еден од најпознатите и највлијателни space-rock проекти на 70-тите, формиран од Конрад Шницлер, Ханс-Јоакин Роделиус и Дитер Мебиус. Во Скопје ќе го претстават своето последно издание „Qua“ (2009), како и легендарните албуми од четиридеценискиот опус, кои, несомнено, им ја носат титулата пионери на индустрискиот и амбиенталниот звук.

Олаф Бендер, алијас Бејтон (Byetone) е електронски и визуелен артист, графички дизајнер и косопственик на германскиот лејбл „Растер-Нотон“. Бендер ја создава музиката дигитално, користејќи синусоиди за да добие комплексен звучен материјал, нагласен со кликови и ефекти, кои го пренесуваат слушателот во една поинаква звучна реалност, каде што не важат правилата на телесниот свет. При живите настапи, музичкиот материјал совршено се совпаѓа со комплексната структура од анимирани светла со што се создава аудиовизуелна рамнотежа. Паралелно, Бајтон ги контролира апстрактните анимации и на тој начин креира динамични уметнички дела што биле претставени на многубројни фестивали, во многу клубови и галерии низ светот. Во Скопје ќе се претстави со својот последен проект „Death Of A Typographer“ издаден минатата година за „Растер-Нотон“.

Дуото Там Там Делија (Tam Tam Delia) настана на живата клубска сцена во клубот Salon des Amateurs во Дизелдорф. Многу од музичарите што настапуваат таму работат на границата меѓу звучната инсталација и футуристичкиот подиум. Токму таму, Лена Виликенс и Штефан Шнајдер (Mapstation, To Rococo Rot) почнуваат да ги комбинираат заедничките диџеј-сетови со електроника во живо, се' до моментот кога целосно се откажуваат од плочите и сосема им се посветуваат на уредите.

Македонскиот проект Аксиотомик (Axiotomic) прв пат неформално се појави на 21 декември 2006 година на настап во чест на зимската краткоденица, како аудиовизуелно дело што лежи на основите на амбиентот и импровизацијата во електроакустичната изведба на еден човек. Во основа, музиката на „Аксиотомик“ се создава во живо на самото место, иако постојат однапред одредени рамки што даваат само насоки каде може да се движи делото при самата изведба. Тоа е еден вид кибернетска импровизација/композиција: постои систем од правила со кои се изведуваат делата. Главна ѕвезда на последната фестивалска вечер, која, исто така, ќе се одржи во клубот. „Хавана“ е германскиот продуцент Хендрик Вебер, попознат под псевдонимот Панта ду Принс (Pantha du Prince). За разлика од претходните албуми издадени за „Dial“, со неговото последно студиско остварување Black Noise, кое ќе биде промовирано во Скопје, Панта ду Принс почнува соработка со етикетата „Rough Trade. Овој албум музичката јавност го смета за негово најкомплетно и најзрело дело. Музиката на „Black Noise“ балансира на „лизгавиот“ праг меѓу уметноста и природата, техно-музиката и фолклорот. Живите настапи на Панта ду Принс претставуваат патување низ магијата на звукот, меланж од хармонични елементи вткаени во невообичаени сонични процеси, кои ја пренесуваат публиката во хипнотички сфери. Епски технозвук создаден за прекрасно патешествие, со кристално јасни моменти изградени врз длабоки и моќни бас-линии. Панта ду Принс слика со тактови и звуци и креира сјајни моменти на радост, кои ја ослободуваат имагинацијата.

Истата вечер ќе настапат и Зомби Зомби, откачен музички проект на парижаните Етијен Жоме и Космик Неман. Зомби Зомби создаваат звук инспириран од нивната заемна љубов кон култните хорор-филмови (Џорџ Ромеро, Џон Карпентер), субкултурата и музиката на електронските музичари и пионери на краутрокот, како што се Silver Apples, Suicide, Terry Riley и Neu!. На концертот во Скопје ќе го пре��стават најновото EP, „Zombie Zombie Plays John Carpenter“ во издание на „Versatile“. Третата вечер на годинашниот фестивал ќе ја комплетираат настапите на францускиот продуцент Дантон Епром, чиј музички пат се карактеризира со многубројни стилски експерименти – од гараж рок преку поп до експериментални андерграунд звуци, нашиот музичар Филип Митров со својот аудиопроект „Макара“ и босанското електронско дуо Brothers For Real, во кое членуваат браќата Ирмин и Андреј Имамовиќ.


#
Статијата е прочитана 490 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Исплашени градежници
Нови давачки за алкохолот во големите маркети
Терористите ја меркаат Ајфеловата кула
Воскресение една година по пожарот
Бунт во Еквадор, претседателот под опсада во болница
Поделената земја Македонија
Замина Артур Пен, режисерот на „Бони и Клајд“
Танц со ќерката – нескриена радост за своите изложби
Збогум во здравството
Половина час на црвен тепих за 250.000 фунти
Уште една година ништо нема да се знае за „Јужен поток“
Американките златни во кошарка
Што се милениумски цели?
Крај на камионџискиот хорор во Грција
Пелистер и Металург изгубија во ЕХФ
Прави милијарди, а не боршч
Големите пари со Големиот брат
Серија земјотреси околу Егејското Море
Вселенски хотел со поглед на Земјата
Годинава ни „р“ од реформите
Што мислат Албанците за плоштадот „Скендербег“






Macedonian paradox: Pessimism fails to dent PM's support
Izetbegovic causes surprise in Bosnian vote
Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections