Коњички спорт - Наумовски и Димитров најуспешни на „Јунскиот турнир“
Со по едно прво и второ место, Круме Наумовски од коњичкиот клуб Процес и Трајче Димитров од Вивакс се најуспешните учесници на „Јунскиот турнир“, воедно и второ коло од Државното првенство во прескокнување пречки за 2008 година, кој се одржа во саботата на хиподромот во Маџари. Наумовски со грлото Виктор победи во првиот натпревар во категоријата Л1 пред Дарио Милески со грлото Гром од новоформираниот клуб Дона, а во вториот натпревар заврши веднаш зад победникот Димитров со грлото Примадона.
Димитров, пак, беше втор во првиот натпревар во категоријата С1, во кој првото место го освои Катерина Славковска од Вивакс со грлото Волтер, а трет заврши Димитар Трајковски од Тристар со грлото Заслуга. Во вториот натпревар триумфира Зоран Шапкалиевски од Дона со Арија, пред Сара Блажевска од Процес со Селена.
Бобан Томевски од Тристар со грлото Амур беше прв во категоријата Т1. |